Претседателот на Стопанската комора на енергетичарите на Македонија oтворено негира дека постои епидемија и бара да заминат оние кои ја фингираат опасност. Ако тоа го прават оние од кои очекуваме поголема општествена одговорност, зошто тоа да го очекуваме од обичниот свет?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога еднаш го прашале славниот британски државник Черчил што е најтрајно во светот, тој рекол дека тоа е – интересот. Ова може да го толкуваме и како водилка на сите чекори на поединецот, некоја група или држава, која често и не мора да е принципелна или да се чини праведна, ама во случајов Черчил како политичар ќе си го гледа интересот на оние кои ги застапува. На ова се сеќаваме и тогаш кога во екот на пандемијата со ковид – 10 некој ќе рече дека не треба да се преземаат мерки за борба со неа, дека некои од вообичаените начини да се спасуваат животите и здравјето на луѓето едноставно стануваат пречка некому или на некои кои мислат дека нивниот интерес е на друга страна, на страна на бизнисот. Кој, нели, треба да функционира во секое време и на секое место. Тааква е изјавата која деновиве доста се пренесува а е објавена на Фејсбук страницата на Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора на енергетичарите на Мкедонија, значи на асли претставник на една значајна гранка од економијата на земјава. Еве што стои на неговата Фејсбук страница:
СПИН „ИЗМАМНИЦИ НЕЧЕСНИ !!!… ВИРУСОТ НЕ Е СМРТОНОСЕН. Тој е обичен сезонски грип, со мали модификации … НЕ ВИ ВЕРУВАМ дека овој Ковид-19 вирус е смртоносен на ,, СИТЕ НАС ,,. Одма најдете ми еден од КОВИД19, доброволно се пријавувам да Ви докажам дека над НАС СЕ ВРШИ МАЛТРЕТИРАЊЕ… ТРИ (3) месеци не држите во карантин со полициски час, без потреба. Ни го уништивте животот, бизнисот и здравјето.
Цел свет е пуштен и функционира, одат на плажа се сончаат и уживаат, работат и функционираат. Само во МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС која не е по МЕЃУНАРОДНИ ЧОВЕКОВИ ЗАКОНИ И ПРОПИСИ. Најубавиот дел од годината и нашиот живот го поминавме седејќи дома како да сме затвореници.
ВИЕ… !!!!…… АКО СЕ ПЛАШИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ ЗЕМЕТЕ СИ ГИ ПАРТАЛИТЕ И ДА СЕ ЛЕЧИТЕ ДОМА, НЕМОЈ НАС ДА НЕ ЗАМАРАТЕ И УШТЕ НЕ ТЕРАТЕ МАСКИ ДА НОСИМЕ ВО ОВА ЖЕШКО И КАЗНИ НИ ПИШУВАТЕ ЗА НЕ НОСЕЊЕ. ЗАСРАМЕТЕ СЕ !!!!!!…. НИЕ во Вашите убедувања не веруваме, ниту сакаме да веруваме. Ве молиме да не поштедите од овие измислици. Кој смета дека ќе се зарази да си седи ДОМА. НАС ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ, НЕ ИНТЕРЕСИРААТ ВАШИТЕ УБЕДУВАЊА. ЕДНОСТАВНО, ВИ БЛАГОДАРИМЕ, НЕ СМЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ВЕ СЛУШАМЕ И ДА ВИ ВЕРУВАМЕ. НЕМОЈ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ЗАМАРАТЕ…!!!“
Ова е тој цитат кој го пренесуваме онака како што е напишан а на крајот стои и кому му е посветен – „Текстот се однесува на лица кои шират невистини и прават паника со цел да раководат и манипулираат со народот во светот. ,“
Текстот е напишан на крајот на мај а пренесен е деновиве од многу медиуми.
Веројатно во јавноста постои убедување дека еден мал дел од граѓаните навистина немаат вообичаен однос кон стварноста и секогаш сакат да не веруваат дека постојат работи кои претпоставуваат нарушување на секојдневието и промена на ритамот на животот и навиките. И дека таа промена има некаква должина на траење која ја надминува трпеливоста на поединецот, па просто се прелева како незадоволство во форма на негирање на појавата која е предмет на такво „кинење на нервите“. Делови од таквите поединци се видоа во неделата, на 31 мај годинава, кога дузина луѓе „спонтано“ протстираа пред Владата и го тврдеа истото она што го тврди и овој истакнат функционер од една сериозна гранка. Згора, машински инженер со сериозен стаж, кој со неговото образование секако повеќе треба да им верува на фактите отколку на оние кои комплетно ја превртуваат стварноста, па така и ја спинуваат.
Ама од вестите за него се гледа дека Манасков, во рамки на неговата Комора, спровел акција за собирање на материјали со кои ќе му помагаат на здравството во битката со ковид-19! Имено на сајтот на организацијата стои веста од 17 април (https://www.facebook.com/pg/Стопанска-Комора-за-Енергетика-на-Македонија-Chamber-of-Energy-in-Macedonia-2137363179920272/posts/) во која се објкавува дека таа Комора дава „донации на маски, визири, ракавици низ цела Македонија, во голем број општини, државни и приватни институции, поликлиники и сл., како што се Кисела Вода,, Студеничани, Вевчани …. и многу голем број други неспомнати институции преку компаниите во комората МАНАСКОВ, МЕДИКРОПС, РЕКЛАМНО СТУДИО АНГЕЛКОВСКИ, АГРОМЕТАЛ, СОНЧЕВ ПАРК ГОСТИВАР, ВИТЕКС… Да се помогне и да се надмине оваа криза … што е можно побрзо“- порачуваат организаторите на акцијата..
Од ова се гледа дека асоцијацијата со која раководи Манасков, како и неговата фирма го признаваат постоењето на опасноста по земјата и нејзините граѓани и дека дури постапуваат со соодветна општествена одговорност. Од кае сега ваков, темелен, што се вели копарникански пресврт во отлкувањето на пандемијата?
Понатаму, Мансков не е било кој. Тој теоретски можеше да бие и претседател на Република Северна Македонија, бидејќи беше кандидат на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во трката на оваа партија за највисоката државна функција во земјата, која се одржа во Струга на 16 февруари минатата година (https://sdk.mk/index.php/makedonija/vmro-dpmne-utre-na-konventsija-vo-struga-ke-izbere-pretsedatelski-kandidat/). На конвенцијата тој беше еден од деветте кандидати, но изборот падна на професорката Силјановска. Сепак, теоретски сме можеле овој стопанственик да го видиме и на врвот на државата!? Со сиот тој граматичко-логички галиматијас!
За ова секако можеме да имаме разни објаснувања.
Еден е веќе споменатиот економски интерес. Да се сетиме на поговорката на Черчил. Секако, тој резон – дека бизнисот настрада и дека мора да се олабавуваат преземените чекори од страна на здравствение власти, тие можеби треба да се ублажат или променат ниту малку не се вклопува во начинот на кој се образложува таа негова логика, или поточна состојба на неконтролиран гнев! Веројатно во сите гранки, па и во неговата може да има проблеми а тоа води кон загрозување на финансиите на фирмата. А таа фирма („Манасков ДООЕЛ) се бави со консалтинг во сферата на фотоволтаична енергија и врши обука за оние кои конкурираат во користење на средствадобиени преку ИПАРД 2 (https://www.facebook.com/520991011396403/posts/794033147425520/) . Во документацијата на Комисијата за енергетика стои и дека во периодот 2012 – 2015 неговата компанија ималА решение за повластено производство на енергија (!), што го приближува до она што во бизнисот го прави и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, додуша кај мини-централите кои користат планинбски води! Така доаѓаме и до втората можна причина за негирање на стварноста во која имаме 2.400 евидентирани заболени од ковид-19, од кои 1.555 оздравени и 144 лица кои починале.
Имено, тука е и политичкиот интерес – на една страна ќе се негира болеста, ќе се создава атмосфера на граѓанска недисциплина и така ќе се зголемува бројот на заболените од ковид-19. Кон тоа објективно води ваквото јавно обраќање на Манасков. На друга страна, во контекст на таквото однесување во партискиот штаб на една партија кон која Манасков клонира, тие ќе продолжат во „сметководствен манир“ да ги бројат жртвите на болеста и за тоа ќе се обвинува власта!
Така добиваме врзани садови меѓу едно, наводно народно незадоволство и пред се незнаење а на друга политичко профитерство на оние кои никако не сакаат избори во овој момент или во блиска иднина.