Kоментарот на Чашуле е апсолутно „заталкан“ во времето и просторот и покажува колку пропагандната инерција е како крпа врзана преку очите и не дозволува кон настаните да се пријде објктивност и одмереност, место да се користат флоскули од арсеналот на голата партиска пропаганда
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во една од информативните емисии на Телевизијата Алфа – „Седмица“, главниот уредник на овој медиум Коле Чашуле направи еден коментаторски излет, при кус осврт на политичката ситуација на земјата. Во изречениот коментар се пласираше содржина која говори дека постоењето на епидемија е добродејдена за политичкиот лидер на СДСМ и дека Заев не гледал причина изборите да се одложат (!) бидејќи тоа му одговарло само нему, кога народот е исплашен и не може равционално да рзмислува за кого ќе гласа.
Во коментарот на главниот и одговорен уредник на Алфа телевизија се вели, по малку цинично, дека „коронава не му се погоди само на Филипче туку и на цело СДСМ“, со ограда дека „не верува дека тие посакувале такво нешто да се случи, но дека им се погоди, им се погоди“. Во продолжение се коментира дека ако не се одложат изборие стравот и паниката кај гласачкото тело нема да биде завртен кон наводната лоша економска политика на власта и корупцијата во земјата, туку дека народот ќе биде загрижен за своето здравје, со заклучок дека „најлесно се владее со исплашен народ“.
Некогаш настаните многу бргу се движат и лесно ги демантираат невистините изнесени во овој релативно кус прилог на глодурот. Така,
официјалниот став на политичкиот опнент на СДСМ – ВМРО ДПМНЕ беше цело време дека „Заев сака да ги одложи изборите и си бара алиби за тоа“. Еве едно официјално соопштение во таа насока ((https://kanal5.com.mk/vmro-dpmne-zaev-bara-alibi-so-koe-kje-gi-odlozhi-izborite/a402863) . Дека тоа не е никаков изолиран став, туку континуирана кампања, повторувана од ден на ден – земаме и една случлајно одбрана поблиска вест https://kurir.mk/makedonija/vesti/begstvoto-od-izbori-na-zaev-znachi-begstvo-od-odgovornost-vmro-dpmne-bara-ekspertite-da-napishat-zakon-za-obvinitelstvo/) од февруари годинава, непосредно пред распуштање на Паламентот, што веќе сосема извесно го највув аи еднодушниот став во таа насока на сите политички релеватни чинители.
Ако постои некаков коперникански пресврт во насока на одложување на изборите кај некоја партија, таа јавно не е мотивирана (!). Па и не може да се врзе никому да појавата на короона вирусот кон крајот на февруари годинава. Впрочем, од толку многу прес конференции на ВМРО ДПМНЕ таков став нема се додека претседателот на државата Пендаровски самиот не свика посебна седница со лидерите на политичките партии во насока на разгледување на одржливоста на парламентарните избори. (https://republika.mk/vesti/makedonija/liderska-sredba-kaj-pendarovski-izborite-pred-odlozuvanje/) .
Првата реакција по оваа најава дојде од ДИК (https://www.slobodenpecat.mk/dik-pobara-odlozhuvane-na-izborite/) од каде се побара одложување на изборите. Во тие моменти дојде до трка „кој прв ќе повлече“ – СДСМ преку својот лидер најави прес конференција истиот ден кога требаше да се одржи лидерската средба и на неа се истакна дека социјал-демократите ќе побараат на седницата одложување на изборит (https://ako.mk/зоран-заев-најави-одложување-на-избор/). На тоа реагираше и шефот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и тоа преку Фејсбук, „за да заработи брзина“ го обзнанот сличниот став! (https://iportal.mk/makedonija/mickoski-bara-odlozhuvanje-na-izborite/).
Оваа експликација е неопходна да не увери дека коментарот на Чашуле е апсолутно „заталкан“ во времето и просторот и покажува колку пропагандната инерција е како крпа врзана преку очите и не дозволува кон настаните да се пријде објктивност и одмереност, место да се користат флоскули од арсеналот на голата партиска пропаганда. Уште повеќе што овој коментар може да се оцени и како злоупотреба на самата епидемија во политичкицели, што нели не е дозволено иза што реагираа и еснафските здруженија.