Многинзскиот изборен систем во кој на победникот му припаѓа целиот плен овозможи две проблематични личности да дојдат на власт, наспсроти широко распространетиот отпор на јавноста
ЏЕФРИ САКС
Како двете најугледни и највлијателни светски демократии – Обединетото кралство и САД – зафршија со Борис Џонсон и Доналд Трамп на чело? Трамп н егрешки кога Џонсон го нарекува „британски Трамп“. Не станува збор за фолема идентичност на каракерот и стилот: таквата состојба исто така е одрз на вистински слабости на политичките институции кои им овозможија напредок на ваквите личности. И Трамп и Џонсон го имаат она што ирскиот физичар и психолог Јан Хјуз го нарекува „несреден ум“
Трамп е хроничен лажго, промотор на расизмот и масовен избегнувач на данок. Во извештајот на специјалниот иследник Роберт Махлер по 22-месечна истрага што тој ја спроведе за претседателската кампања на Трамп за 2016 година, се наведуваат бројни случаи на опструирање на правдата од страна на Трамп. Повеќе од 20 жени го обвинуваат Трамп за сексуално вознемирување – однесување за кое јавно се фали и за кое има тони записи; но му наредил на неговиот адвокат нелегално да плати пари за да купи тишина кај некои од овие жени, со што се кршеле правилата за финансирање на кампањата.
Однесувањето на Џонсон е слично. И тој се смета за хроничен лажго и неговиот приватен живот е хаотичен, вклучувајќи ги и двата неуспешни бракови и бурната семејна расправија со девојката со кое живее, неколку недели пред да биде избран за премиер. Тој ја основач на кампањата за Брегзит во 2016 година која се базира на лажни тврдења. Како министер за надворешни работи, тој овозможи во два наврати да протечат доверливи информации – во еден случај, разузнавачки извештај од француските служби за Либија, во друг, британски разузнавачки извештај за Иран. Како и Трамп, тој има висок негативен рејтинг кај сите возрасни групи, при што неговиот позитивен рејтинг се зголемува само кај постарата група на испитаници.
Трамповиот биланс откако тој е воБелата куќа претставува додатна политичка енигма. Политиките што ги застапува гланво с енепопуларни и ретко добиваат мнозинска подршка во јавноста. Неговата најгокема законодавна победа – смалувањето на данокот во 2017 година – беше непопуиларна и тогаш и сега. Истото важи во однос на климатскитер промени, имиграцијата, градбата на ѕидот долж границата со Мексико. смалувањата на социјалните давања, укинувањето на клучните одредби на Обамакер (програмата за здравствена заштита усвоен за време на администрацијата на претседателот Обама), повлекувањето на поѕписот од нуклеарниот договор со Иран и многу што друго. Трамповиот позитивен рејтинг константно е под 50 отсто и моментно е околу 43 отсто, додека негативниот изнсува 53 отсто.
За да спроведе непопуларни мерки Трамп користи вонредн идекрети и извршни наредби. Судовите отфрлија многуи такви декрети ама правосудниот процес е спор, долготраен и непредвидлив. Во рамки на деликатните уставни овладтувања на ретседателот САД највеќе можно се приближија на воспоставувањето на систем на власт на еден човек.
(продолжува)