ТИТО БЕЛИЧАНЕЦ
На последниве избори не е поразен СДСМ туку поразена е иднината на РСМ, про НАТО и про ЕУ програмата на СДСМ и неговите коалициони партнети и ние кои ги подржувавме како граѓани
Вчера носителот на државотворниот развој на македонската држава СДСМ со коалиционите партнери доживеа огромен изборен пораз.
Но не паѓајте во депресија, бидејќи, не е поразена социјалдемократската идеа и идеологија и оние кои во неа веруваме. Депримирани се „прелетувачите” и оние членови кои членуваат во или гласаат за СДСМ заради остварување на вработуваее, кариера или остварување на некое свое лично право.
Мнозинството граѓани кои излегоа на избори и гласаа за ВМРО ДПМНЕ поверуваа на неговата популистичка пропаганда дека државотворните одлуки кои ги избори СДСМ за влез на земјата во НАТО и почеток на преговорите за влез во ЕУ со признат македонски јазик се национално предавство.
Дополнително граѓаните не го вреднуваа одработеното на СДСМ во услови на ВМРООНСКА постгруевска партиска држава, наследена од 11 со наследен ВМРООНСКИ криминал, последиците од светската ковид здравствена криза, како и од негативните последици од светската енергетска и воена Украинска криза. Додатно со коалиционен партнер учесник во груевистичкото вадеење и кој заради бројот на пратениците беше во позиција да уценува. Додатно на сите овие непогодности Владата на СДСМ работеше во услови на седумгодишна силна блокада на Собранието при усвојувањето на преку 300 законски проекти чие неусвојување ја попречија или успорија борбата против криминалот и побрзиот економски развој. Во овие услови не ги исклучувам и бројните погрешни одлуки и пропусти во работата на Владата.
На последниве избори не е поразен СДСМ туку поразена е иднината на РСМ, про НАТО и про ЕУ програмата на СДСМ и неговите коалициони партнети и ние кои ги подржувавме како граѓани.
Но СДСМ како опозициона партија не тргнува од „О”, туку цврсто потпирена на државотворен капитал кој што го вграден во темелите на македонската држава како членка во НАТО и ЕУ.
ВМРО ДПМНЕ како иден апсолутен носител на извршната власта има обврска на граѓаните да им ја понуди својата „патриотска” опција или модофицирано да ја надгадува остватената: членство во НАТО и продолжување на членството во ЕУ.
Набргу ќе ја видиме определбата! Под силна опсервација се на ЕУ, САД и НАТО!
Но ВМРО ДПМНЕ е пред обврската да ги оствари нереалните популистички ветувања за повисоки плати и пензии и т.н. подобар живот. Не помалку значајно е ветувањето за борба против криминалот. Убеден сум дека тоа ќе биде секојдневна политичка мора на ВМРО ДПМНЕ. Во рамките на лимитираните економски можности да го оствари не можното!
Лично јас ќе набљудивам и коментирам. Позитивното и оствареното ќе ги пофалам негативното, криминалот а посебно обидот да се отргне Македонија од НАТО и да се попречи продолжувањето на преговорите за влез во ЕУ ќе го осудувам.
(Од ФБ профилот на авторот)
.