Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВEНКО ФИЛИПЧЕ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ

March 26, 2024 Filed Under: Македонија

Најпрво треба да стане збор за каков тип на повреди и каков тип на пациенти би дошле во нашата земја, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Имаме стручен кадар за вакви потфати

Армијата располага со воено-медицински тим, кој е составен дел од баталјонот за медицинска поддршка, а кој веќе со успех ги реализирал своите обврски, како дел од мисиите во Авганистан и Босна и Херцеговина, додава полковникот во пензија, Благоја Марковски

Северна Македонија има како инфраструктурни капацитети, така и соодветен кадар за лекување и рехабилитација на украински војници, вели за Глас на Америка, поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Според него повредите кои се случуваат на воените полиња, најчесто се огнено-стрелни и се тесно поврзани со трауматологија, неврохирургијата, ортопедијата, а понатаму и со пластичната и реконструктивна хирургија.

„Во однос на потреба од хируршко лекување и рехабилитација после тоа, за што наши центри би биле центарот во Козле, болницата Свети Еразмо во Охрид, со огромен капацитет и за хируршко лекување и рехабилитација. Мислам дека најпрво треба да стане збор за каков тип на повреди и каков тип на пациенти би дошле во нашата земја, за што сум сигурен дека за одреден број може да се обезбеди и соодветно лекување“, вели Филипче.

Многу често вели тој има потреба од непосредна интервенција и операција, првично веднаш после повредата, а понатаму би можело да следуваат и други интервенции.

„Посебно болницата Свети Еразмо во Охрид, понатаму клиниката за ортопедија во Скопје, за пластична хирургија, за неврохирургија имаат огромно искуство во делот на тие струки“, додава Филипче.

Благоја Марковски, полковник во пензија и воено-политички аналитичар, вели дека армијата располага со воено-медицински тим, кој е составен дел од баталјонот за медицинска поддршка, а кој веќе со успех ги реализирал своите обврски, како дел од мисиите во Авганистан и Босна и Херцеговина.

„И од тој аспект мислам дека овој медицински тим е оспособен заедно со својот хируршки тим да пружа медицинска подршка и помош во разни ситуации предизвикани било од воени дејствија или било други непогоди и катастрофи“, вели Марковски.

БОЛНИЦА СВЕТИ ЕРАЗМО Еден од капацитетите на кои се смета

И двајцата сметаат дека идејата е за поздравување и оти земјата може да одговори позитивно на барањето за пружање на лекарска и хируршка помош на ранетите припадници на украинската армија.

„А кога веќе имаме вакви капацитети и човечки ресурси тогаш е добро Македонија да прифати таква една обврска и мислам дека со тоа ќе го зацврсти своето место како значаен дел од НАТО структурите“, истакнува Марковски.

„Мислам дека е одлична идеја е и во духот на соработката и партнерството“, додава Филипче.

Идејата за вакво нешто ја изнел украинскиот претседател, Володимир Зеленски на самитот Украина-Западен Балкан, неодамна во Тирана.

вски вели дека само со здружени сили на одбрана и здравство може да се одговори на барањата.

 

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet