Мапирана е новата траса за гасоводно повразување на Македонија и Грција што е пократка за 30 километри од претходната. Има мали проблеми со имотно правните односи во целата земја кај овој процес, но тие се очекува да се надминат. Владата со Буџетот обезбеди 40 милиони евра
Гасоводната делница Гевгелија – Неготивно според Македонските енергетски ресурси ќе биде поисплатливо решение место првичното поврзување од Штип преку Струмица до Гевгелија.
Геодети и геолози од земјава и Грција ја мапираа новата траса за конекциско гасоводно поврзување на Македонија со јужниот сосед. Станува збор за делница од 80 километри од Гевгелија до Неготино која ќе биде прклучена на гасоводната линија кон Битола. Тргнаа од граничниот премин Богородица констатирајки ги сите предизвици на новата линија.
„Оваа траса е за 30 км пократка од претходно одбраната и со тоа се обезбедува заштеда од 25-30 милиони евра според сегашната цена на градба. Идејата е да се одбележи оваа траса со цел да аплицираме до европските фондови и да добиеме пари од нив. Со самата заштеда на парите од скратувањето на трасата и со заштедата од сретствата од ЕУ, ќе заштедиме и пари на граѓаните“ – вели Благојче Котески од МЕР.
Стручните екипи го разгледуваа целиот терен на потегот од Гевгелија до Неготино. Се детектираа сите можни ризици на трасата и евентуалната експропријација на земјиштето од приватни сопственици.
„Се работи предфизилибилити и физибилити студијата, а потоа и сите други основни моменти.“ – вели Котески.
Од МЕР не прецизираа кога ќе почне изведбата на новото конекциско решение со соседна Грција кое треба да донесе енергетска стабилност на Македонија и пониски цени на природниот гас. Интенција е во следните две години да се заврши целата постапка.
Според Котески паралелно течат работите за поставување на гасоводни линии до Битола и Гостивар од Неготино и Скопје. Апелираше општините сериозно да се посветат на изградба на гасоводни мрежи. Од општина Гевгелија соопштуваат дека веќе се иницирани активности околу изработката на проект и другата неопходна документација за приклучување кон оваа гасоводна мрежа. Новата траса ќе ги намали трошоците за приклучување на гевгелиските потрошувачи кон гасоводниот систем на дотек кон потрошувачите, а тоа ќе значи полесен и поефтин пристап на потрошувачите до овој природен енергенс
Во Македонија годинава ќе бидат обезбедени околу 40 милини евра во Буџетот. Како што истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по јануарската работна средба со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Благојче Котевски, гасификацијата е еден од врвните приоритети на Владата и затоа интензивно се работи за изнаоѓање начини цевките од гасоводот да стигнат до сите општини.
Тој посочи дека постојат одредени проблеми со имотно-правните односи при експропријацијата и додаде дека очекува да бидат исполнети зацртаните рокови и до 2020 година да биде изграден кракот на гасоводот од Неготино до Битола, а до крајот на 2019 година и да биде готов делот од Скопје до Гостивар со крак кон Тетово.
Директорот Котевски, пак, рече дека интензивно преговараат со градоначалниците на сите општини каде ѓшто проаѓа националната гасификациска мрежа за и тие навремено да ја изградат секундарната мрежа.
Како што кажа, со новиот закон за енергетика на општините им се дава три можности за изградба на секундарната мрежа. Првата е да формираат јавно претпријатие, втората преку јавно приватно партнерство и третата приватна компанија да им изгради дистрибутивната мрежа. Доколку работите одат како што треба, како што нагласи, и ако паралелно се работи на националната гасификациска мрежа и дистрибутивната мрежа, се очекува за две години гасот да протече до првите потрошувачи во општините.
Нагласи дека за три до четири месеци треба да биде готов делот од блок станица Штип до Неготино, потоа до крајот на 2020 година да се заврши делот од Неготино до Битола, а до крајот на наредната година да биде готов и делот од Скопје до Гостивар со крак кон Тетово.
Истакна дека за годинава се обезбедени пет милиони евра за експропријација на земјиштето, од кои четири милиони евра ќе бидат за делот од Скопје до Гостивар со крак кон Тетово, а еден милион од Неготино до Битола.
Годинава, како што кажа, интензивно ќе се работи на решавање на проблемите со експропријацијата за во наредната 2019 година да може непречено да се работи.
Се планира и ново интерконективно поврзување со Грција и Бугарија.
Изведувач на делот од Штип до Неготино и од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово е Рапид билд со конзорциумот, а делот од Неготино кон Битола го гради Гранит.