Од понеделник тој самиот ќе го одредува ритамот на ангажираноста на кабинетот, кој засега е речиси истиот кој го наследи од претходникот. Пендаровски веќе се изјасни дека истиот нема да се менува освен за оние за кои се водат веќе постапки. Просто е неверојатно дека таму нема да има ветинг, ама засега тоа нема да биде на дневен ред
Првиот работен полуден новиот претседател на РСМ ги мина во церемонијата на инаугурацијата, потоа во срдба со високите гости на церемонијата, дел во зградата на Собранието, дел во вилата Водно. Наводно имал време иза прошетка по планината на која вилата се наслонува, Од искуствиото со својот претходник, барем за старт Пендаровски секако се разликува по динамиката, која му ја наметна и ситуацијата која и други ја планирале за 12 мај. Од понеделник тој самиот ќе го одредува ритамот на ангажираноста на кабинетот, кој засега е речиси истиот кој го наследи од претходникот. Пендаровски веќе се изјасни дека истиот нема да се менува освен за оние за кои се водат веќе постапки. Просто е неверојатно дека таму нема да има ветинг, ама засега тоа нема да биде на дневен ред.
Владата сега може да здивне, вели професорот Фрчкоски, на прашање на редакцијата Гласот на Америка, будејќи едне голем кочничар во својата работа, иако, секако и остануваат многу жешки теми.
Без многу прав, Иванов си замина од Вилата Водно. Немаше многу коментари за него. Впрочем, тој седеше десет години во фотелјата на шефот на државата а контактите со медиумите ги заборави. И на крајот на мандатот тој ги избегна нивните прашања, иако во голем број седеа на излезот низ кој тој мина за последне пат и влезе во службениот автомобил.
– Иако беше најдолго на функцијата од сите досегашни претседатели, не остави трајни белези, со оглед на тоа што и во двата мандата често се дистанцираше или пак ги опструираше најкрупните политички процеси – во зависност од тоа која гарнитура во даден момент беше на власт на „Илинденска“. Затоа и единствена светла точка на која ви текнува „од прва“ во неговата претседателска кариера, веројатно е ангажманот што го имаше во екот на мигрантската криза, додека на внатрешен план земјата беше пред политичка агонија, со влада која се соочуваше со меѓународна изолација – смета колешката Александра М. Митевска. –
Четвртиот шеф на државата ја завршува кариерата како докажан противник на договорот со кој се затвори долгогодишниот спор за името со Грција, а се отворија евроатлантските перспективи на земјата. Но Иванов имаше среќа само околу три месеци да биде претседател на Северна Македонија. Имаа среќа и членовите на Владата и на парламентот, како и многу други институции и субјекти, затоа што, ако продолжеше блокадата на законите поради новото име, веројатно сите процеси ќе се движеа кон ќор-сокак.
На колегите не им недостасуваше зајадливост и споменаа дека на сега веќе експретседателот не му беше проблем да стави потпис на Преспанскиот договор, а претходно и на Законот за јазици,но не му е проблем да го потпише решението за негово заминување во политичка пензија, каде што, исто така, ќе стои придавката „Северна“. Неговата канцеларија ќе биде на највисокиот кат на една од Џезаир кулите во Аеродром а Антикорупциска, по допен глас, му потегна истрага дали тој евентуално нема да си плаќа кирија сам себе си, за што навистина се шушка. Имено, тој е доста близок до градителот на тие кули, турски инвеститор кој мораше да ја послуша наредбата на Ердоган и да направи Аеродром да заличи „на Менхетен“.
„Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата“ – истакна во неделата напладне Пендаровски во неговото обраќање по повод неговата инаугурација во Собранието на Република Северна Македонија, прво на оваа функција. – Не постои толку мала земја во Европа што е толку поделена. Јавно се обврзувам дека ќе бидат претседател на сите – и на оние кои гласале за мене и за оние кои гласале за противкандидатите и на оние кои не гласале. Ќе бидам претседател на сите граѓани. Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг, потенцира Пендаровски.
Шефот на државата го истакна и односот кон опозицијата кој, како што нагласи, е исто толку важен.
Најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.
Според Пендаровски, кон криминалот, корупцијата и непотизмот ќе има нула толеранција, а поддршка ќе даде на граѓанскиот сектор и на медиумите.
– Ќе понудам модели за поширок консензус. Ќе се ангажирам во дипломатските напори, особено во членството во НАТО и ЕУ. Мислам и на меѓуетничките односи и заедници. Нулта толеранција за корупцијата и непотизмот. Власта, опозицијата и бизнис-секторот мора да работат заедно. Одличните односи со сите пет соседи и регионалната соработка ќе бидат приоритет. Почитувани, имам јасна цел да дадам поддршка кон граѓанскиот сектор, слободна работа на медиумите. Промоциите во армијата и безбедносните структури ќе бидат само според закон. Крајно време е да изградиме професионални институции кои нема да зависат од тоа кој е на власт, рече Пендаровски во првото обраќање како претседател на Република Северна Македонија, најавувајќи ги насоките на своето делување..
На денешната инаугурација, во Собранието присуствуваа досегашниот претседател Ѓорге Иванов и претходниот шеф на државата Бранко Црвенковски, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, , како и гостите, бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.
На инаугурацијата не присуствуваше премиерот Зоран Заев, кој најави дека од 10 до 14 мај ќе користи одмор од приватни причини. Тој претпладнево упати честитка со претседателот Пендаровски.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев по денешната инаугурација на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, истакна дека Софија ја поддржува нашата земја во евроинтегративните процеси, јавија бугарските медиуми.
– Давам категорична и силна поддршка за европската политика на Северна Македонија. Треба да и помагаме да ги исполни условите за влез во Европската Унија, изјави Радев во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Радев беше првиот со кој новиот претседател Пендаровски имаше тет-а-тет средба веднаш откако стапи на претседателкста функција.
Шефот на бугарската држава додаде дека го поканил претседателот Пендаровски да ја посети Бугарија и тој ја прифатил неговата покана.
– Дијалогот со Пендаровски продолжува. Северна Македонија ни е најблиската држава. И двајцата се заложивме работата во врска со договорот за добрососедство да продолжи, рече Радев.
Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос преку Твитер објави дека на новиот претседател на Северна Македонија му ги пренел желбите на грчкиот државен врв за успешно вршење на должностите во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа.
– На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа, напиша Катругалос на Твитер и објави фотографија со претседателот Пендаровски.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ на средбата со новиот претседател на Република Северна Македонија, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил надеж дека за добра соработка, особено со цел поттикнување на соработката во областа на економијата.
– Двајцата претседатели ја изразија својата намера да ги развијат врски меѓу двете земји и во сите други области од заеднички интерес и во корист на граѓаните на Србија и Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на Вучиќ. Во него се посочува дека српскиот претседател му го честитал изборот, со желба за придонес во напредокот на земјата и за развојот на билатералните односи меѓу Србија и Македонија.
Претседателот Вучиќ на средбата го поканил претседателот Пендаровски да ја посети Србија и изразил надеж дека оваа посета ќе даде поттик за развојот на соработка и добрососедските односи.
Пендаровски, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател, му се заблагодарил на Вучиќ за присуството на инаугурацијата, изјавувајќи дека му е мило што има пријатели во регионот. Пендаровски ја прифатил поканата да ја посети Србија на есен.
Вучиќ претходно за новинарите изјави дека меѓу двете земји постојат мали недоразбирања, „има шумови“ истакна, но дека неговата посета е симболична порака дека сакаат да се градат мостови на пријателство и соработка.
Гостите си заминаа, Иванов исто така а на Пeндарoвски му отанува многу работи да промени во позицијата која сега и официјално ја има.