Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГЕОПОЛИТИЧКИ МЕСТО ТЕХНОКРАТСКИ ПРИСТАП КОН ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ

December 5, 2023 Filed Under: Македонија

Една страница со Препораки до Дирекцијата за добрососедство и проширување на ЕУ (DG NEAR): Соочување со неизвесноста во врска со уставните измени во Северна Македонија, како предуслов за продолжување на процесот на пристапување, односно преговори

АПЕЛ Европска комисија да преземе поактивен пристап и да спроведе систематски преглед за тоа како нејзините средства се трошат, особени преку ИПА III

Проф. д-р КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Европската геополитика е поим што се протега пошироко од конвенционалната употреба на терминот, пошироко од меѓународните односи и безбедносната политика. Планетарната „конкурентска предност“ на која фон дер Лајен толку често се повикува, очигледно се однесува на технолошкиот напредок, но сепак се претпоставува дека второто е категорија од геополитичка природа. Ако размерот е планетарен, тоа ја истакнува важноста на територијалната консолидација и контрола. Оттука, континентот мора да стане компактен, не само на границите, туку и одвнатре. Западен Балкан е во срцето на ЕУ, опкружен со ЕУ држави, надвор од технократските, а сепак внатре во физичките граници на ЕУ. Затоа:

Препорачуваме една повеќе политичка Европска комисија да преземе поактивен пристап и да спроведе систематски преглед за тоа како нејзините средства се трошат, особени преку ИПА III, кога се работи за зајакнување на граѓанското општество во Северна Македонија, Србија и Западен Балкан поопшто кажано.

Раздорот на граѓанските организации во Северна Македонија и ЕУ расте во текот на втората половина на 2022 година и почетокот на 2023 година, создавајќи граѓанско општество кое фаворизира Отворен Балкан и други алтернативи на пристапувањето во ЕУ, не бегајќи од тоа да ја наречат ЕУ недемократска (дури и „фашистичка“)[1] и „нешто за кое можеби ќе треба да бараме алтернатива“;[2] ЕУ и особено ДГ НЕАР, мора да спроведат темелно испитување за тоа дали нејзините средства помагаат да се изгради општество кое ги споделува истите вредности.

Мора да се преземе поактивен политички пристап, со поддршка на делови од граѓанските организации кои споделуваат ЕУ вредности, за да се охрабри земјата да го признае бугарското, еврејското, хрватското и црногорското малцинство во Северна Македонија, што претставува предуслов за понатамошно спроведување на процесот на пристапување. Ако ова прашање остане нерешено, целиот процес на проширување ќе биде негативно погоден.

Комисијата мора да работи на продлабочување на пристапот на секторска интеграција со цел постигнување целосно интегриран континент во однос на стандардите, политиките, економското и научното производство и целосната слобода на движење, накратко, ефективна целосна интеграција, дури и ако некои од државите можеби нема да имаат статус на полноправни земји-членки до 2030 година. (Ова не е модел за замена на процесот на пристапување, туку за да се забрза и дополни истиот).

[1] Александар Тодевски, „Урсула, дали Европа расчисти со фашизмот?“ – Со ваков транспарент демонстрантите ја пречекаа претседателката на Европската комисија, 24 Вести (14.07.2022), достапно на https://tinyurl.com/yc3ycekv

[2] Катерина Колозова и Тихомир Топузовски, Враќање на кредибилитетот на ЕУ и европскиот консензус во граѓанското општество во Северна Македонија (Скопје: Институт за општествени и хуманистички науки, 2023)

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet