Поранешниот премиер на РСМ (1998 – 2002) воинтервјуто за ТВ Европа смета дека Рамковната позиција, Декларацијата на бугарскиот парламент и Меморандумот доставен од Софија до Брисел се еднострани акти со кои формално-правно се прекршува духот на Договорот за добрососедство

Минатата недела оранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, замина во Софија во мисија на „затоплување“ на доносите меѓу Софија и Скопје. Тој при тоа се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
„Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 година Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева на Фејсбук. Практично од таа средба немаше фицијално сооопштние ниту Георгиевскидде некој коментар за средбата.
Инаку, Георгиевски на својот Фејсбук профил веќе напиша дека најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година. Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија.
Во време на боравокот во Софија Георгиевски даде и неколку интервјуа. Во она на ТВ Европа се осврна на тезата на соседите дека македонската нација и јазик „се плод на Коминтерна“, однопсно се ел од доктрината на Јосип Броз Тито.
-Тоа нема врска со Тито, бидејќи тој доаѓа на функција во 40-те години, а тезата за самостојна македонска нација и македонски јазик почнува со ВМРО-Обединета во 1924 година, а во 1934 година комплетно се формализира, вели екс-премиерот Љубчо Георгиевски, пред камерите на „Слободна зона“ на ТВ „Европа“. – Тоа не е точно, напротив. Прва за ‘македонизмот’ се залага Бугарската комунистичка партија (БКП). Прв кој важи за основач на современета македонска историографија е Васил Ивановски. Тој е член на ВМРО-Обединета, а потоа и на БКП и тој е основач на весникот ’Нова Македонија’. Во Македонија е до 1945-46 година, потоа се повлекува во Бугарија и тој до 1991 година живее во Бугарија. Тој е првиот кој ја изнесува тезата дека Самоиловото царство е македонско царство. Вториот е комунист од Пиринска Македонија на кого во моментот не ми текнува името, а третиот е Павел Шатев.. И ако ги погледнете текстовите на српските комунисти и на бугарските комунисти, ќе видите дека таа теза српските комунисти ја примаат технички, а бугарските – со многу жар, со многу љубов и со многу волја пишуваат за македонска нација и македонски нјазик. Така што, темни петна има и во бугарската и во македонската историја, но таа не смее да се симплифицира“, вели Георгиевски.

Тој смета дека Рамковната позиција, Декларацијата на бугарскиот парламент и Меморандумот доставен од Софија до Брисел се еднострани акти со кои формално-правно се прекршува духот на Договорот за добрососедство.
„Тие документи со право ја иритираа македонска јавност, не само со фактот што се еднострани, туку затоа што со нив комплетно се негира постоењето и на македонската нација и на македонскиот јазик. Бугарската страна можеби смета дека тоа што е постигнато во изминатите неколку години е малку и недоволно, но ако сте свесни дека 80 години ништо не се случувало, тогаш не може да не кажеме дека за овие две-три години е направено многу. Постигната е согласност за неколкумина личности, како што се Кирил и Методиј, Климент и Наум, Цар Самоил и разговорите треба да продолжат. Ние треба да се договориме кои се тие личности што заеднички ќе ги чествуваме. Тоа треба да биде темата, а не некаква генерална оценка каква треба да биде историјата на Македонија“ – истакна поранешниот премиер.

Во интервјуото за познатиот бугарски новинар Георги Коритаров, Георгиевски укажа дека ставањето вето за македонската интеграција во ЕУ од официјална Софија ќе биде катастрофална грешка, која нема да има импликации само во односите меѓу двете земји и народи, туку и во регионален контекст.
„Очекувам Бугарија да ја ублажи својата позиција преку враќање на позициите истакнати во Договорот. Македонската страна е децидна и повторува дека не отстапува од тоа дека е потребно тој да се почитува и е подготвена да продолжи низ преговори да се дојде до прифатливи решенија за двете страни околу заедничката историја. Но, ако Бугарија остане на својата позиција и ја блокира Македонија, тогаш влегуваме во вител од кој тешко дека ќе се излезе уште најмалку една деценија“, подвлече Георгиевски во интервјуто за ТВ Европа.