Д-р Митко Хаџи-Пуља, Ана Коробар се архитектите дел од тимот на актуелниот градоначалник на Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска на својата Фејсбук страница го промовираше својот тим од Комисијата за урбанизам со кого работи транспарентно и инклузивно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност. Станува збор за еминентните урбанисти и архитекти проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, Ана Лукиќ Коробар, Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески и д-р Маја Лазаревска. Како што самиот истакнува, овие стручни лица работат на планови за хуман развој и одржлива урбанизација со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување.
Герасимовски, потенцира дека Општина Центар е лидер во промените, со храбри и визионерски одлуки во интерес на центарци.
„Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти, што подоцна се преточи во законско решение, кое беше победа не само за нашата општина, туку и за сите општини во државата. Со одлуките што ги донесовме, воведовме нови стандарди усогласени со европските практики. Секое издавање дозвола за градба мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а употребата на механизирани системи за паркирање е ограничена на максимум десет проценти од вкупниот број паркинг-места. Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите и јавните простори на граѓаните, како и задржување и проширување на дрворедите и велосипедските патеки долж главните улици“, напиша Герасимовски.
Едни од главните приоритети на Општината е обезбедување повеќе зеленило и јавни простори, современа инфраструктура и функционален сообраќаен систем со решенија за паркирање кои ќе го намалат метежот.
Герасимовски информираше и дека тимот од Комисијата за урбанизам во следниот период ќе биде проширен.
“Со овој проект ги покриваме потребите на 90 повозрасни сограѓани и имаме одлични резултати. Корисниците се презадоволни, во тоа и лично се уверив во разговорите со нив. Ова е наша трајна обврска кон оние кои го изградија Центар”, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
На јавниот оглас можат да се пријават сите жители на Општина Центар над 62 години кои имаат потреба од асистенција во секојдневните активности и се корисници на пензија или социјална помош со месечен приход до 35,000 денари
“За пријавување потребни се копија од лична карта, потврда за пензија или социјална помош и медицинска документација не постара од една година. Пријавите се доставуваат во Архивата на Општината, а повикот е отворен до исцрпување на средствата. Повеќе информации може да се најдат на линкот: https://www.centar.gov.mk/?p=26320”, информираат од Општина Центар.
Од општината, исто така, известуваат дека градоначалникот Герасимовски најавил “дополнителни мерки за поддршка на пензионерите во наредната година, вклучувајќи изградба на современ старски дом и двојно зголемување на еднократната финансиска помош”.