Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГЕРМАНИЈА: БИЛАТЕРАЛАТА НЕ ТРЕБА ДА Е ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКА РАМКА

September 22, 2020 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Германија, земјата претседавач со Европската Унија смета дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата. Нивната амбасадорка во земјаваи

ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА Холштајн јасно го кажа ставот на Унијата во однос на бугарскиот Меморандум

Германија, земјата претседавач со Европската Унија смета дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата. Нивната амбасадорка во земјава, Анке Холштајн порачува дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

Германија и другите земји членки на Европската Унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално, порачува германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн коментирајќи го бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Европската унија. Во неделното интервју за радио Слободна Европа, Холштајн вели дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата со регионот на западен Балкан.

„Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, вели амбасадорката Холштајн во интервјуто.

Инаку преку меморандумот во кој има увид Радио Слободна Европа, а кој Бугарија го доставила до земјите членки на Унијата, Софија бара поддршка за своите позиции. Во него се бара билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35.

ГЕРМАНСКА ПОРАКА Како претседавач на Унијата до јануари Берлин јасно ги пренесе ставовите на членките во однос на барањата на Бугарија

Во документот на шест страници на кој на долго се објаснуваат нивните тези за настанокот на македонската нација и јазик, меѓу другото се наведува и дека Македонците се проект на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито, дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот и оти не постоел до 2 Август 1944 година. Покрај договорот за добрососедство Софија како услов за напредокот во ЕУ интеграции смета дека треба да биде и односот на земјава кон малцинството на бугарска територија.

„Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација“ доаѓа во време кога во телата на Европската унија се договара преговарачка рамка за Скопје и Тирана, а која се очекува да биде договорена до шести октомври.

ВО КАБИНЕТОТ НА ДИМИТРОВ Подршка за европскиот пат на Македонија – германската амбасадорка со нашиот министер Димитров

„Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација“ доаѓа во време кога во телата на Европската унија се договара преговарачка рамка за Скопје и Тирана, а која се очекува да биде договорена до шести октомври.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet