Политички недозволиво однесување на пратеникот на на владеачката партија ЦСУ је потврдена преку оставката на пратеникот Тобијас Цех. Тој во 2016 година лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Фирмата на цех се занимавала и со трговија со канабис!
Генералниот секретар на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Блуме, ги потврди медиумските информации за оставката на пратеникот Тобијас Цех поради можен „судир на интереси“. „Тобијас Цех се обрати со Комисијата за етика на ЦСУ со молба да биде направена проверка на евентуален судир на интереси. Таа проверка трае“, изјави Блуме.
Според истражување на магазинот „Шпигел“, Цех во 2016 година лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, за што на партијата ѝ наплатил околу 50 илјади евра. Груевски, во екот на политичката криза во Македонија во 2016 година, пристигна во политичка посета на Германија, иако официјален Берлин тогаш беше најжестокиот критичар на неговиот режим. Тој тогаш се сретна со тогашниот сојузен министер за економска соработка Герд Милер, а потоа и со (актуелниот министер за внатрешни работи) Хорст Зехофер во Минхен, како и со други високо рангирани политичари, сите членови на ЦСУ, која е сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. Средбите биле организирани од пратеникот Тобијас Цех.
Преку пирака до јавоста Цех својата итна отставка ја образлага со зборовите: „Тоа го правам за заштита на своето семејство и за да спречам штета за мојата партија, поради евентуални паушални предрасуди.“ Во пораката, чија содржина ја објавува агенцијата ДПА, Цех тврди дека нема за што да си префрла во врска со дополнителните дејности, зашто тие секогаш му биле пријавени на претседателот на Бундестагот и објавувани од страна на Бундестагот. „Но, од денешен аспект и во светло на актуелната дебата, поинаку би ги проценил моите дополнителни дејности од 2016 година и веќе не би ги извршувал.“
Според „Пасауер ноје пресе“ (ПНП), во времето кога Цех со својата консултантска фирма делувал во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, паралелно имал и предизборен термин во улога на пратеник. „Иако секогаш внимавав стриктно да ги делам моите претприемачки активности од извршувањето на мандатот (на пратеник во Бундестагот), согледувам дека кога паралелно се вршат економски активности паѓа сѐ потешко транспарентно и веродостојно да се претстават нанадвор јасно повлечените граници во секојдневното работење.“ Тобијас Цех за ПНП во врска со настаните од 2016 година вели: „Правно на тоа гледам некритички, но политички е недозволиво такво однесување.“
Генералниот секретар на ЦСУ, Маркус Блуме, оценува дека е исправно тоа што Цех извлекува непосредни консеквенции независно од исходот на проверката која ја прави Етичката комисија во партијата. Тоа е „единствениот исправен чекор“.
Околу оставката на 39-годишниот Цех се огласи и шефот на пратеничката група на ЦСУ, Александер Добринт: „Неговата разбирлива одлука ја прифаќам со респект“, изјави тој и додаде дека Цех самиот ја донесол одлуката.
Оставката на Цех доаѓа во време кое е многу турбулентно за ЦСУ и ЦДУ поради аферата со заштитните маски и сомневањата за корупција на дел од пратениците во Бундестагот.
„Заради ток закажавме вонредна седница, со цел да извлечеме неопходни консеквенции“, изјави денеска генералниот секретар на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Блуме во Минхен. Засега е неизвесно за какви консеквенции би можело да стане збор.
ЦСУ се соочува со огромна криза по обелоденувањето на аферата со маските, во која се води истрага против пратеникот во Бундестагот, Георг Нислајн поради сомневање за поткуп, како и против поранешниот баварски министер за правда, Алфред Заутер, кој категорично ги отфрла обвинувањата за валкани бизниси со маските. Заутер е соочен со отворени закани од партиското раководство со исфрлање од партијата, а Нислајн во меѓувреме веќе ја напушти ЦСУ.
Згора на сѐ, од вчеравечер во фокус на јавноста се бизнисите и лобистичката работа и консултантски услуги на пратеникот Тобијас Цех во Македонија, во времето на владеење на Никола Груевски. Цех веќе поднесе оставка поради можен „судир на интереси“. Тој е соочен со обвинувања дека ги поврзал своите претприемачки активности со мандатот на пратеник.
Случајот предизвика големо внимание и е предмет на анализа на многу германски медиуми. Надрегионалниот портал РНД (Редакциска Мрежа Германија), меѓу другото пишува: „Поводот поради кој Цех даде оставка датира од 2016 година. Во тоа време Цех со својата фирма Scaliger Strategy Consulting ја советува тогашната македонска владејачка партија ВМРО.
Но, тој се вклучува во предизборната кампања и во улога на пратеник на ЦСУ и во главниот град Скопје се залага за реизбор на премиерот Никола Груевски. Денес земјата се вика Северна Македонија. Груевски е осуден за корупција и живее како признат барател на азил во унгарски егзил. Фирмата Scalinger е ликвидирана во 2018 година. Една година подоцна Цех основа три нови фирми. Една од нив е невообичаена за еден христијански социјалист: Pharmcann Deutschland AG тргува со медицински канабис. Двете други – Beceptum Assets & Investment GmbH и Beceptum International GmbH се консултантски фрими, какви што водат цела низа пратеници… Но, колку Цех навистина јасно повлекол граници помеѓу политиката и консултантскиот бизнис?“, прашува РНД.
Иако проблемот со дополнителните дејности на пратениците најверојатно ќе добива нови димензии, тој веќе сега е огромен проблем за ЦСУ. Тоа го покажува и репрезентативното истражување на јавното мислење направено по налог на весникот „Аугсбургер Алгемајне“, кое покажува дека седум од десет Германци сметаат оти ЦСУ има генерален проблем со дополнителните дејности на своите пратеници. Притоа, разликите во мислењата на испитаниците во покраината Баварија, каде ЦСУ е доминантна, и во остатокот од земјата, се мали.
(користенисе материјали дистрибуирани преку DW)