Во земјава два пати до сега падна снег. Иако погледот кон снежните падини делува идилично, едно село е подолго време отсечено. Учениците го почнале второто полугодие со он лајн настава
Селото Герман е подолго време отсечено од околината иако според медиумите се направени неколку обиди да се расчисти регионалниот пат, изјави пред камерите Митко Ангеловски, раководител на ПЕ на дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка. Околу двесте жители на селото, кое во атарот на општина Ранковце, веројатно себе се доживуваат како вообичаена жртва на снежните наноси. Височината на снегот на емста е еден метар, во просек 80 сантиметри
Селото Герман со општината го поврзува регионален пат, што тргнувајќи од општината Ранковце поврзува четири села.
– Регионалниот патен правец кон село Герман ја поврзува општина Ранковце со селата Радибуш, Отошница, минува и низ Станче и П’клиште, а надлежноста за негово расчистување е на јавното претпријатие „Државни патишта”. Во текот на изминатите неколку денови имаше обиди да се расчисти и жителите направиле обиди да помогнат, но се уште се отсечени. Постојано добиваме повици од населението и јас како прв човек на општината барам помош од надлежните служби, од сите инстанци, да направат напори да го оспособат патот за сообраќање. Моите повици до ЈП Државни патишта, до ЦУК, до сите служби, се уште немаат резултат, мора да им помогнеме на жителите, рече градоначалникот на Ранковце Ивица Тошевски.
Снежната покривка во Ранковце во реонот на низината е околу триесетина сантиметри додека во планинските места оди насекаде над осумдесет сантиметри. Екипи на ЈП „Државни патишта” расчистиле дел од патот, се до маала Орашац, кај П’клиште.
Селата Баратлија и Криви Камен што се малку населени се без пристап, станува збор за неасфалтирани патишта, но жителите се подготвени за кризна состојба, бидејќи, секоја зима се справуваат со ваква непогода, па навреме се снабдуваат со намирници.
Герман е планинско село, сместено во крајниот северен дел на државата, чиј атар се граничи со државната граница на Република Србија, а на другата страна со Општина Старо Нагоричане. Како едно од најсеверните села во Паланечко и воопшто во Македонија, селото Герман географски припаѓа на двете соседни области при што едниот дел припаѓа на кивопаланечко односно котлината Славиште во долината на Крива Река, а другиот дел по на север припаѓа на подрачјето на изворишниот дел на Горна Пчиња[. Оддалечено е 37 километри северозападно од Крива Паланка.
Според записите на Ѓорче Петров, местоположбата на големото село Герман (на почетокот на 20.век селото имало над 1.200 жители) е во дол меѓу Гоглин и паланечкиот Козјак, на исток од селото Дренак. Селото е високопланинско и од растурен тип, поделено на седум маала, оддалечени од два, па дури и до осум километри наоколу. Имињата на маалата во Герман се: Орашац, Средно Маало, Криврт, Шипак, Кршје, Опасница. Сите локални установи, како и главната селска црква, се наоѓаат на една висорамнина, која претставува центар на селото, иако таму нема постојано населени куќи.
Селото Герман е опркужено со следните соседни села: П’клиште на запад, Станча на југ и Криви Камен на исток. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 20 километри, од каде што води асфалтен пат, кој е во добра состојба, а од градот Крива Паланка селото е оддалечено 35 километри[. Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 40,7 км2, на кој најголема површина заземаат шумите со 2405,2 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1261,7 ха, а на пасиштата 311,7 ха[. Според површината која го зафаќа атарот на селото, Герман и селото Петралица се најголемите села во Кривопаланечко[.
Герман е богато со извори, при што во секој дол во селото има извор чијашто вода е различна – таму каде има дабова шума или „дабица“ водата е „лесна“ за пиење, а на пониското земјиште од изворите избива „косилава жолта“ вода.
Населбата потекнува од доцно античко време од кој период се и наоѓалиштата: Селиште, Манастириште, Градиште итн. Најрани пишани докази за постоење на селото Герман, се среќаваат на почетокот на XVI век, кога селото вршело дервенџиска служба[,дносно неговите жители се грижеле за безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Денешното село Герман се верува дека потекнува од крајот на XVII и почетокот на XVIII век,кога според верувањата на самите мештани, селото било создадено со доселеници од Косово. Во времето на доселувањето на првите родови – основачи на денешното село Герман во XVIII век, ова место било под шума – „било пустињак“
За време на турскиот период, селото го достигнува својот врв со свое училиште и неколку илјади жители. Сепак, по Втората светска војна и спроведувањето на колонизација, голем број на жители отишле во Војводина, кога самото село било значително намалено
Врз основа на составот на атарот, селото Герман, во основ има поледелско-шумарска функција. Во селото нема стопански објекти и главно населението се занимава со сточарство, полјоделство и шумарство. Според кажувањата на селаните земјата за орање која што се наоѓа во зоната на дабовата шума е полодна и тука успеваат пченица, пченка и бостан, додека земјата односно почвата во пределот на буковата шума е „дива и студеница“ при што таму успеваат ‘рж, јачмен, овес и компир. Од земјоделството најзастапено е одгледувањето на компир, грав како и на стрни жита во помал обем. Во значајна мерка е застапено овоштарството во чии рамки се одгледуваат и се подигнуваат новопосадени овоштарници на лешници и малини.
Од сточарството најмногу е застапено одгледвуањето на крави, а се чуваат и 10 стада на овци и помал број на кози, чиешто млеко се преработува во овчо и козјо сирење чија цена изнесува 250 денари за килограм[5]. Во атарот на селото Герман каде се застапени големи површини на разновиден вид на шума како листопадна од бука и даб, така и зимзелена од бор и елка, се наоаѓа едно од најголемите подрачја за сеча на огревно дрво со кои најмногу стопанисува подрачното шумско стопанство на ЈП „Македонски шуми“, но постои значаен дел на шуми во приватна сопственост на дрвни претпријатија и жители на селото. Со огревно дрво од шумите во и околу Герман се снабдува цела Македонија, па дури и најодалачените места и подрачја како Битола. Превозот на огревното дрво од Герман за поголемите градови и полечените подрачја се одвива со камиони, а за самото селото Герман и соседните и околни села се врши на домашни животни со самари. Шумите и планинскиот предел околу Герман е доста богат и со диви животни како диви свињи, најмногу волци, зајци[, заради што селото е често посетено од ловци на дивеч. Во селото Герман работи и една продавница која што се наоѓа на самото сретсело.
Во мигот во Герман живеат 311 жители од кои Македонци се 301 луце а Срби:-10. Се очекува последниот попис, лчии резултати не се објавени ќе покаже дека таму живеат 200 жители..