Светот загуби 16 милиони хектари шума во 2017 година. Ова значи дека 2017 година е втора најлоша година во тропските шуми, веднаш по 2016 година
БРЕД ПЛАМЕР
За време на сушата во Бразил минатата година, пожарите што ја нападнаа земјата која се смета дека ги дава белите дробови на пламнетата главно беа вон контрола, уништувајќи повеќе од 1,2 милиони хектари дрвја. Во Колумбија, мировниот договор со бунтовничката група го отвори патот за рударите, дрвосечарите и земјоделците кои доведоа до исчезнување на шумите минатата година. На Карибите, ураганите Ирма и Марија избришале од лицето на земјата скоро една третина од шумите во Доминиканската Република и голем број дрвја во Порторико.
Во светот тропските шуми изгубиле скоро 16 милиони хектари дрвја минатата година, според студијата на Global Forest Watch, која ги користи новите сателитски податоци од Универзитетот во Мериленд. Ова значи дека 2017 година е втора најлоша година во тропските шуми, веднаш по 2016 година.
Студијата беше објавена во време кога министрите за шумарство минатиот месец се состанаа во Осло, за да размислат како подобро да ги заштитат тропските шуми во кои половина од сите светски видови живеат и играат клучна улога во регулирањето на климата.
„Овие нови податоци покажуваат дека ситуацијата е алармантна во дождовните шуми на светот”, рече Андреас Дал-Јоргенсен, заменик-директор на Норвешката меѓународна климатска и шумска иницијатива. „Ние едноставно нема да ги постигнеме климатските цели за кои се согласивме во Париз, освен ако драстично не го намалиме исчезнувањето на тропските шуми и не ги враќаме шуми низ целиот свет”.
Дрвјата го преработуваат јаглерод диоксидот од воздухот и го складираат во дрвото и почвата. Кога дрвјата се уништени, јаглерод диоксидот се враќа во атмосферата и на тој начин ја загрева планетата.. Според некои проценки, губењето на шумите е одговорно за повеќе од 10 проценти од зголемените емисии на јаглероден диоксид секоја година.
Сателитските снимки покажуваат дека Колумбија загубила 400.000 хектари шума во 2017 година, што претставува зголемување од 46 отсто во однос на претходната година. Најголемиот дел исчезнал од колумбискиот дел од Амазон и области кои некогаш биле контролирани од страна на револуционерните вооружени сили на Колумбија, ФАРК.
„Со демобилизацијата на ФАРК, големи области се отвараат и гледате еден куп луѓе кои грабаат земјиште од разни причини, од садење кокос до пасење на добиток”, вели Микаела Вејс, аналитичар во „Глобал Форест Смотч”.
Минатата година, Демократската Република Конго забележила повеќе губење на шумите од било која друга земја, освен Бразил – околу 1,4 милиони хектари, 6 отсто повеќе од минатата година – се садат понеквалитетни дрва, воедно се зголемува производството на јаглен од опожарените дрва а растот на земјоделството играа важна улога во ова.
Индонезија е една од ретките светли места каде што сечењето шума престанало и има некои резултати: губењето на шуми во влажната област се намалило за 88 отсто во 2017 година.
Но, таквите позитивни приказни се ретки и експертите велат дека треба да се направи повеќе за да се забави уништувањето на шумите. Само 2 проценти од меѓународните финансии посветени на борбата против климатските промени се насочени кон зачувување на шумите, рече Френсис Сејмур, соработник на Институтот за светски ресурси.
“Ние гасиме оган со една лажица за шеќер”, смета рече таа.