Метаморфозис анализраше пост објавен на Фејсбук, во кој се споделува текст за можности за војување во Украина на страна на руската армија! Познато е дека наши граѓани беа дел од силите на ИСИЛ во Сирија и Ирак. Регистрирани се 56 сторители на кривично дело учество во странска војска
Според макдонската легислатива наши граѓани не може да војуваат надвор од нашите граници или поточно – за странски воени сили. Па дали Македонци ќе може да војуваат за Русија? Но дали и како кај нас се отворени повици за прием на странци во руската војска. Метаморфозис анализира таков повик на Фејсбук каде се известува што може да очекуваат доколку странци потпишат договор за услуги
Во текстот се вели дека се примаат апликации за странските државјани кои сакаат да се пријават во вооружените сили на Руската Федерација, како и дека се одговараат прашања поврзани со приемот на странски државјани во воена служба по договор. Потоа се вели дека Министерството за внатрешни работи на Русија посочило дека странците кои потпишале договор за служба во вооружените сили на Русија имаат право на поедноставено стекнување руско државјанство, исто како и членовите на нивните семејства, односно родителите, сопружниците и децата.
На 9 март годинава, нашето Министерството за надворешни работи издаде соопштение во кое ги потсетува македонските граѓани дека учество во која било странска војска е кривично дело. Од МНР тогаш посочија дека како земја пријател на Украина, постои разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина.
Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, нагласија од МНР.
Потоа дознавме и дека од украинска страна имало сличен повик, но без никакви бенефити – тоа е повик а доброволно учество.
Потоа од Амбасадата на Украина во Скопје за Порталб тогаш рекоа дека сите украински амбасади во светот информираа за оваа иницијатива на Зеленски за доброволно учество во редовите на Меѓународната легија за одбрана на Украина. Додаваат дека тие немаат намера да регрутираат и секогаш ќе се придржуваат до македонските закони.
Мета.мк пак веќе пишуваше дека учеството во странска легија за македонските граѓани е спротивно на член 322-а од Кривичниот законик, кој забранува учество на државјани на С. Македонија во која било војска или друга странска воена или полициска формација.
Но овој закон, ако не се лажеме е направен откако се увиде дека нашиграѓани се регрутира и војуваат на Блискиот Исток. Така, во периодот од 2014 до 2021 година, регистрирани се 11 кривични дела „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, за кои кривично се пријавени 56 сторители.
И од Владата претходно за медиумите се повикаа на Кривичниот законик, кој јасно дефинира дека учеството во странска војска или обука од странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на Северна Македонија се казнува со затвор од најмалку четири години.
И министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјава за „Click Plus“ изјави дека учеството во војната во Украина е забрането со закон и секој што ќе оди ќе биде санкциониран. Законот не прави дискриминација дали ќе се борите во Украина или на Блискиот Исток. Законот вели дека незаконското учество во војни во странство се казнува со затвор и истото ќе важи за сите, па и за оние кои одат во Украина, рече Османи.
Националниот координатор на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, Златко Апостоловски за СДК изјави дека ако македонските државјани заминат да се борат како доброволци на руска или на украинска страна во актуелната војна со инвазијата на Русија во Украина, ќе одговараат за истото кривично дело како тие што беа на боиштата во Ирак, Сирија или се приклучија на ИСИС.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина наведеното во насловот од текстот што го рецензираме, дека и Македонци ќе може да војуваат во Русија. Тоа во земјава е кривично дело, исто како и борбата за која било странска армија и се казнува со затворска казна.
Имињата на 15 македонски државјани кои биле дел од ИСИС и Исламската држава на територијата на Сирија и Ирак се обелоденети за јавноста. Станува збор за одлука на владата за „воведување финансиски мерки против тероризам, ширење оружје за масовно уништување и нивно финансирање донесена на 13 септември.
Повеќето од 15-мина лица се на возраст од околу 30 години. Највозрасниот на списокот има 57 години, а најмладиот 26 години. Интересно е дека дури дестмина од нив се од Скопје, по двајца се од Куманово и Гостивар и еден од Струга.
Владината одлука има шест члена и со нив се воведуваат рестрикции за овие 15 лица за „користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на било каков имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.“
Надлежни органи за спроведување на одлуката се дел од безбедносните и финансиските служби – МВР, Управата за финансиско разузнавање, министерствата за одбрана, економија и транспорт и врски и Народната банка.
Ова е првпат јавно да бидат објавени имиња на луѓе кои од земјава заминале во странство и биле вклучени во терористички активности или биле дел од паравоени и параполициски единици.
Листата е објавена во Службен весник и е достапна на интернет страницата на Управата за финансиско разузнавање.
Уште во 2014 беа извршени измени во кривичниот Дел од борците на страна на ИСИЛ биле кривично гонети, гледаме, затоа што обезбедувале пари за лица кои заминуваат или се присутни во Сирија или пак, потикнувале други луѓе со своите семејства да заминат за Сирија. Покрај учество во паравоени формации, на социјалните мрежи објавувале и документарен филм „Честа е во џихадот, порака до Балканците“, со што потикнувале други луѓе да им се приклучат. на бојните полиња.