Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГИ ЧИТА ЛИ РСМ ЗНАЦИТЕ ПОКРАЈ ПАТОТ?

August 28, 2024 Filed Under: Македонија

Посетите на Руге и Брнс во ист период во регионот воопшто не се случајни, но во РСМ како да се преспани.

НЕ СЕ КРИЕШЕ, ГО КРИЕЈА Вилијам Брнс посети три главни градови на Балканот, практично од никаде немаше службено соопштение за целире на посетата

Проблеми со нехигиената и јавниот превоз во Скопје, нови директори, раст на цените, проблеми во судството, бегства од затвори, мотиви за улични престрелки, учебници за претстојната учебна година… Локалната агенда околу која се врти македонското секојдневие, ја остави надвор од фокусот важната посета на директорот на ЦИА, Вилијам Брнс на Сараево, Белград и Приштина. Иако под превоз на тајноста, земјите од регионот со интерес ја следат рутата на Брнс и пораките што и меѓу редови произлегуваат од изјавите на неговите соговорници, со оглед дека разговорите се одвиваат во дискреција.

Во РСМ, една од земјите во Западен Балкан каде проблемите се пренесуваат како низ систем на сврзани садови, освен штури медиумски извештаи, посетата на Брнс не беше проследена со анализи.

Брнс на 20-ти август во Босна и Херцеговина се сретнал со колеги од разузнавачкиот сектор, со членови на Претседателството и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ. Токму од неговата изјава стигна навестување за што се разговарало – поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ и осуда на сецесионистичките пораки и пoтези. Се огласи и промоторот на тие политики.

„Република Српска е посветена на таа борба и ја поздравува секоја соработка во таа област. Република Српска никогаш не го спорела суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ според Дејтонскиот договор и сецесија никогаш не била наша политика“, напиша Додик.

Иако наликува дека тој ја сменил „плочата“ по посетата на Брнс, во неговата објава има едно „но“.

„Но Република Српска има право на политичка борба за својот статус, според словото на Дејтонскоот договор. БиХ е заедница два равноправна ентитета и три конститутивни народи, и поради тоа го охрабрува ставот на господинот Брнс дека одговорноста за функционирање на земјата лежи на сите етнички заедници“, потенцира Додик.

НЕСЛУЧАЈНИ ПОСЕТИ Директорот на ЦИА од Сараево според медиумски наводи заминал во Белград, но таа посета никој не ја потврди ни демантира. Истиот ден претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна и со Борис Руге, помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања, но и со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, на кого му пренел длабока загриженост поради можните последици од насилното отворање на мостот на Ибар во Косовска Митровица. Истиот ден имаше и средба со Додик, по која Вучиќ на Инстаграм обелодени дека „доминирале економски теми и заедничка анализа на глобалните и регионалните прашања”.

(DW)

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet