Короната повеќе не е тема и овој мај повторно се одржа Канскиот филмски фестивал. Но, во Украина сепак има војна и на фестивалот е прогласен бојкот на Русија. Ова се многу тешки теми за црвениот тепих во Кан
ЈУЛИЈА ХИЦ
Да се биде и гламурозен и политички коектен – тоа отсекогаш била амбицијата на најважниот европски филмски фестивал, оној во Кан. Уметничкиот директор Тиери Фремо веќе најави дека нема да покани официјална руска делегација, но го задржа правото да вклучи руски режисери во програмата.
Рускиот режисер Кирил Сребреников е вклучен во официјалната програма со неговиот филм „Жената на Чајковски“. Фремо рече дека Сребренков не добил државни средства за тој филм. Овој руски режисер по трет пат е во Кан. Две години беше во домашен притвор во Русија, а моментално живее во Германија.
Камбек на наградените
Покрај тој филм, во натпреварувачката програма ќе бидат прикажани уште 20 дела, а само четири се во режија на жени. Меѓу режисерите има и бројни претходни победници на фестивалот во Кан кои веќе ја држат својата „Златна палма“ во витрините.
Стариот американски мајстор Дејвид Кроненберг се враќа со научно-фантастичниот хорор филм „Злосторства на иднината“. Тука се и другите поранешни победници: браќата Дарден од Белгија, Швеѓанецот Рубен Естлунд, Јапонецот Коре Ед Хироказу, како и Романецот Кристијан Мунџу. Тука е и Парк Чан-вук од Јужна Кореја, кој веќе двапати ја доби наградата од публиката. Учествува со мистериозниот трилер „Одлука за заминување“.
Филмот „Време на Армагедон“ на Американецот Џејмс Греј ги собра филмските ѕвезди. Дејството се случува за време на владеењето на претседателот Реган, а присутно е и семејството Трамп. Главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј и Ентони Хопкинс. Режисерот досега пет пати беше поканет во Кан, но си заминуваше со празни раце.
Ужас и гламур
Мишел Хазанавичиус сними комедија со зомби. Филмот се вика „Сечи“ (Coupez!). Филмот требаше да се вика „Z“, но бидејќи тој знак им беше познат на медиумите од руската армија во Украина, филмот беше преименуван. Иранскиот режисер Али Абас учествува во трилерот „Holy Spider“.
Гламурозни се и филмовите кои се надвор од конкуренција. Пред се, продолжението на познатиот филм „Топ Ган“ од 1986 година, во кој Том Круз ја игра главната улога – 36 години по главната улога во оригиналот. Австралиецот Баз Лурман го сними филмот „Елвис“. Младиот крал на рокенролот го игра Остин Батлер, а неговиот легендарен менаџер Том Хенкс.
Европа и приказни за мигрантите
Африканскиот континент не е застапен со ниту еден филм. Сепак, некои режисери се посветија на темите на колонијализмот, миграцијата и расизмот. Со филмот „Тори и Локита“ браќата Дарден ја прикажуваат драмата на двајца млади мигранти од Африка. Францускиот режисер Леонор Серај ја раскажа приказната за мајката и нејзините два сина кои го напуштиле Брегот на Слоновата Коска во 1986 година и дошле во Париз. Филмот го прикажува животот на семејството до 2010 година. Каталонскиот визуелен уметник Алберт Сера го постави заплетот на „Пацификација – мачење на островите“ во Француска Полинезија.
Кристијан Мунџу ја постави претставата „РМН“ во рурална заедница во Трансилванија. Тој го опишува порастот на расистичките предрасуди, по доаѓањето на странските фабрички работници.
Украински филмови и бојкот на Русија
Неофицијално, меѓу учесниците се слуша дека максималистичкото украинско барање било „рускиот јазик воопшто да не се слуша на фестивалот“. Пред тоа, организаторот го исполни барањето на украинското Министерство за култура и ги исклучи од фестивалот не само официјални руски претставници, туку и филмски критичари и новинари. Учеството на рускиот режисер Кирил Сребреников, кој живее во Германија, само донекаде го смени тој став. Врз основа на тие одлуки, познатиот руски филмски критичар Андреј Плахов, кој потекнува од Лавов, нема да може да оди во Кан. Тој на својот Фејсбук профил суверено реагираше: „Можеби навистина треба да разбереме што значи да се биде граѓанин на една земја агресор“.
Не сите творци од Украина споделуваат нулта толеранција кон сè што е руско. Еден од најпознатите украински филмаџии, Сергеј Лозница, реагираше на паушалниот бојкот на руските филмови уште во март: „Ова што се случува е страшно“, рече тој во интервју за филмски магазин. „Но, ги повикувам сите да не паѓаат во тоа лудило. Не смееме да ги судиме луѓето врз основа на нивните пасоши, туку врз основа на нивните дела“. Тој став му донесе на Лозница исклучување од Филмската академија на Украина, основана во 2017 година. Неговиот филм „Природна историја на уништувањето“ ќе биде прикажан во специјална програма.
Снимки од фронтот
Филмот „Мариуполис 2“ на Мантас Кведаравичиус ќе биде прикажан во Кан. Литванецот беше убиен од припадници на руската армија во Мариупол во април. Неговата свршеница Хана Билоброва, која била со него, го зела снимениот материјал и заедно со монтажерката Дуња Сихов направиле документарец од исклучителна актуелност. Фестивалот најави дека филмот мора да биде претставен во Кан, па потоа го вклучи во програмата. Ќе биде прикажан на 19 мај.
Во споредната фестивалска програма „Специјален поглед“ големо внимание привлече филмот наречен „Визии на една пеперутка“. Снимен е пред војната од младиот украински режисер Максим Наконечни. Тој ја раскажува „тешката, надреална приказна за Лиља, која откако е заробена како пилот, очајно се обидува да се врати во нормален живот“, вели режисерот. „За жал, мојот филм беше претчувство за војна“, додаде тој. Од почетокот на руската инвазија тој е на фронтот со оружје и камера. Вели дека од тоа ќе произлезе документарен филм.
Но, конечно кои се наградениоте на Фестивалот?
Режисерот Рубен Остлунд ја добива наградата „Златна палма“. Одлуките дојдоа на крајот – 25 мај а зад неа стои жирито чиј претседател беше францускиот актер Винсент Линдон. Претходно, на свеченото отворање, кое се одржа на 17 мај, американскиот актер и продуцент Форест Витакер ја доби почесната Златна палма за неговата кариера. На прес-конференцијата Витакер изјави дека Кан му го променил животот и траекторијата на кариерата. Неколку дена подоцна, на Том Круз му беше доделено како изненадување Почесната Златна палма од фестивалот. Актерот беше во Кан за светската премиера на „Топ ган: Маверик“.
Овогодинешното жири го сочинуваа и Нуми Рапејс, Ребека Хол, Асгар Фархади и Јоаким Трир, на кого толку многу им се допадна статусот на жири што бараа да продолжат да бидат жири во следните четири години, се пошегува нивниот претседател.
Во својот говор за прифаќање, Остлунд рече дека сакаат да направат филм што предизвикува размислување, надевајќи се дека откако ќе го погледне публиката ќе зборува за него. Сместена во светот на модата, оваа сатира следи еднa двојка манекенки, Карл и Јаја, додека заглавуваат на пуст остров со група милијардери и чистачка. Филмот доби осумминутни овации на својата премиера. Остлунд ја освои Златната палма во 2017 година за филмот „На плоштадот“.
Гран-при беше доделена на два филма: Лукаш Донт („Затвори“) и на Клер Дени за „Ѕвезди на пладне“.
Клер Дени се заблагодари на жирито и на фестивалот. Дени рече дека ја забележала Маргарет Квали во филмот на Квентин Тарантино и дека ја смета за извонредна. Сместен во Никарагва, овој романтичен трилер, Ѕвезди на пладне, базиран на романот на Денис Џонсон, а главните улоги ги толкуваат Маргарет Квали, Џо Алвин и Роберт Патинсон. Авторот рече дека го посветил делото на „заборавеното пријатеслство“. Белгискиот режисер инаку ја доби Златната камера во 2018 година за неговиот прв долгометражен филм – „Девојка“.
Нежниот филм за полнолетство на Лукаш Донт – „Затвори“ е одново приказна за тесно поврзано пријателство помеѓу две момчиња тинејџери, Лео и Реми, кои ги играат Еден Дамбрин и Густав Де Ваел. Во својот говор за заблагодарување дебитантот Донт рече дека сака да сними филм за нежноста меѓу мажите, тој го посвети филмот на оние кои имаат храброст да изберат љубов. Филмот имаше 12-минутни овации на својата премиера.
Наградата за најдобар режисер ја доби Парк Чан-вук со „Одлука за заминување“. Во својот говор за прифаќање, Парк Чан-вук зборуваше за тешкотиите настанати од пандемијата, велејќи дека се надева дека публиката ќе се врати во кината. Тој им изрази благодарност на двајцата главни актери. Новиот напнат трилер на Парк Чан-вук, со Танг Веи и Парк Хе-ил во главните улоги, го следи несоницата детектив Хе-џун, додека ја истражува смртта на мажот кој паднал од планина и паѓа на мистериозната вдовица откако таа ќе стане главен осомничен . Наградата за режија оди кај миленикот на печатот, трилерот „Одлука да се напушти“. Три години откако Паразит на Бонг Џун-хо ја освои Златната палма, директорот на Олд Бој Парк Чан-Вук и донесе на Јужна Кореја уште еден трофеј со овој виртуозно режиран трилер за детектив кој се заљубува во осомничена. Еден вид Основен инстинкт, со помалку секс и длето за мраз. Режисерот зборуваше за кризата со посетеноста на кино салите низ која минуваат кината од пандемијата: „Можевме да го победиме овој вирус. Убеден сум дека благодарение на филмаџиите ќе успееме да го надминеме стравот од киното и дека јавноста ќе се врати во кината“.
Жирито одлучи да додели специјална награда за 75-тото издание на фестивалот. Оваа специјална награда им беше доделена на Жан-Пјер и Лук Дарден за нивниот филм „Тори и Локита“. Браќата Дарден веќе имаат освоено две Златни палми во минатото. Тори и Локита следи двајца тинејџери од Бенин кои се обидуваат да преживеат во Белгија.
Ле Ото Монтањ (Осумте планини), во режија на Шарлот Вандермерша и Феликс ван Гроениген, со Лука Маринели и Алесандро Броги во главните улоги, на својата премиера доби десетминутни овации. Филмот е адаптација на романот на Паоло Коњети, кој ја раскажува приказната за двајца пријатели, чие пријателство е растурено од семејството и животот. Филмот ја истражува интимноста на пријателството.
Јержи Сколимовски им се заблагодари на своите магариња, сите шест. Тоа е италијанско-полска копродукција некој видна басна заживотните со наслов „Ео“, ономтопеја на магарињата. Во филмот глуми Изабел Ипер, а е продуциран од Скопија филм.
Жирито не се двоумеше за наградите за интерпретација и ја круниса актерката Зар Амир Ебрахими во „Ноќите на Машад’ од Али Абаси. Авторот е Данец со иранско потекло и го прикажува Иран на досега невиден начин преку трилер за убиец на проститутки, кој ги „чисти“ во името на Бога сиромашните квартови на еден од најсветите градови во Исламската Република. „Се чувствувам како да имав многу долго патување пред да пристигнам на оваа сцена. Дотогаш има многу понижувања. Благодарна сум за оваа мешавина на живот и сенки“, ги поздравува актерката, вмешана во нејзината земја во скандал со секс снимка и која мораше да тргне по патот на егзилот во 2008 година. Наградата за најдобар актер е доделена на Сонг Канг Хо за улогата во Хироказу Коре-еда Брокер. Сонг Канг Хо ја посвети својата награда на Коре-еда и неговите колеги. Брокер се работи за илегална трговија со бебиња во Јужна Кореја. Тарик Салех ја доби наградата за најдобро сценарио за филмот „Момче од рајот“. Салех ја сликаше публиката пред да му се заблагодари на жирито. Оваа награда ја посвети на младите филмаџии, да ги раскажат своите приказни. Boy from Heaven е шпионски трилер сместен во Каиро. Филмот беше забранет во Египет, бидејќи беше оценет како „неласкава“ приказ на нивната национална полиција.