Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГОЛЕМИОТ РАЗУЗНАВАЧ КИРОВ ЗАВРШИ КАКО ОГРАБУВАЧ НА ДРЖАВНИ ПАРИ?!

April 2, 2018 Filed Under: Македонија

Бугарскиот разузнавач кој се фалеше дека ја растурил Југославија, потоа дека го „врбувал“ Љубчо Георгиевски, како и дека спречилатентат врз Црвенковски доби 15 години затвор

КИРЧО КИРОВ Стана познат по тврдењето дека тој го создал ВМРО ДПМНЕ

Затворска казна од 15 години и конфискација на имотот е денешната пресуда за поранешниот шеф на бугарската разузнавачка служба, генерал Кирчо Киров, јави бугарскиот „Де Факто“.
Киров го привлече вниманието на македонската јавност во 2015 година со тврдењето дека бугарската разузнавачка служба врбувала многу видни имиња во ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и нејзиниот прв претседател, Љубчо Георгиевски.

Тој е осуден за злоупотреба на 5 милиони лева (2,55 милиони евра) од парите за разузнавачка дејност до 1999 година. Софискиот Воен суд за соучесништво го осуди и Димитар Лидарев, полковник во резерва и поранешен функционер во Националната разузнавачка служба. Тој доби три годишна затворска казна и потоа пет години условно. Според пресудата, по налог на Киров, Лидарев подготвувал фалсфикат-документи за подигање пари и потоа ги подигал парите од благајната.

Многу детали за процесот се засега непознати и имаат статус на тајна. Процесот е почнат минатата година, кратко откако Воениот апелациски суд го врати на повторно судење првиот случај против Киров, во којшто тој исто така беше осуден. Повтореното судење заврши вчера, при што Киров исто така доби 15 години затвор, а беше наложено и конфискација на половина од неговиот имот. Во тој случај, Киров се товареше дека од 2007 до 2011 година проневерил долари и евра во вкупна вредност од 5,1 милиони лева.

ИЗЛЕЗ ОД СУДНИЦА Бившиот прв разузнавач на Бугарија осуден за злоупотреба на пари

Против Киров се води уште еден случај, за издавање државна тајна во 2014 година, кога во телевизиско интервју ги изнел деталите за спасување на бугарски возач од смртна казна во Иран.

Киров, кој е разрешен од функцијата во 2012 година, по девет години минати на тоа место, најави дека ќе ги обжали двете пресуди во Воениот апелациски суд.

Тој го привлече вниманието на јавноста во Македонија во 2015 година, со емисијата „Слободна зона“ со водителот Георги Коритаров, кога кажа дека имал активна улога во разбивање на СФРЈ, дека бугарското разузнавање врбувало членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои бил и првиот претседател на партијата, Љубчо Георгиевски.

Националната разузнавачка служба на Бугарија спречила сериозна закана по животот на еден македонски политичар (Бранко Црвенковски) тврди поранешниот шеф на службата Кирчо Киров. Глобус пренесе делови од тој разговор, како и од гостувањето на самиот Георгиевски во истото студио.

ИЗЛЕЗ ОД СУДНИЦА Бившиот прв разузнавач на Бугарија осуден за злоупотреба на пари

Киров, како што пренесува А1 он, во истото интервју посочил дека во времето на поранешниот премиер Сергеј Станишев се случил скандал со 1,5 милиони лева кои биле за ослободување на киднапирана бугарска државјанка во Сомалија. Операцијата за ослободување и била доверена на француската служба, но Бугарија морала да плати одредена сума за трошоците за спроведување.

Киров рече дека тоа се криело, зашто би излегло на виделина дека се плаќа на терористи, а со тоа ќе зачестеле киндапирањата. Но според него, поголем скандал било тоа што Бугарија долго време не им плаќала на Французите, и тоа негативно се одразило врз нејзиниот авторитет. Трошоците ги платиле премиерот Бојко Борисов и ГЕРБ.

Тој појасни и дека посочениот Ахмед Доган не бил никогаш потенцијална опасност за премиерот Бојко Борисов. Според него, тоа било произволна инфорамација, а не и сигурно сознание дека се подготвува атентат врз Борисов.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet