Барањето за екстрадиција на Груевски ќе се проширува и со „27 април“. , како и за одбегнатиот Никола Бошковски. За Трајко Вељановски ќе се чека укинување на пратенички имунитет а Спиро Ристовски и Миле Јанакивски се во нов притвор
Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе бара проширување на барањето за екстрадиција на Никола Груевски, изјави Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.
-Преку Министерството за правда, Обвинителката Вилма Рускоска ќе бара проширување на барањето за екстрадиција, за да може за ова тешко дело по член 313 од Кривичниот законик, Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тој да биде испорачан и суден, вели Јовески за овој портал, а истото ќе биде побарано и за осомничениот во оваа истрага, Никола Бошковски од УБК, кој е избеган во Грција.
Барањето за екстрадиција на Груевски е се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, и воено се укажува дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата, беше наведено во сопштението од Министерството за правда.
Во барањето е образложено дека ниедно од делата за кои Никола Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно, овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.
Во истовреме во Обвинителството за води истрага за бегството на Груевски, но засега нема утрвдено одговорност ниту кај институција ниту кај конкретно лице или лица за тоа.
Груевски избега веднаш откако за него беше побаран притвор за издржување на казната за набавката на службениот мерцедес во случајот „Тенк“. За него е распипана меѓународна потерница, но тој доби азил во Унгарија од каде повеќепати се обраќа до јавноста преку Фејсбук и преку интервјуа. Унгарската Влада повеќепати укажа дека нема да го екстрадира.
Хелсиншкиот комитет смета дека пропусти има кај институциите, додека невладините побраа политичка одговорност.
На Миле Јанакиески и Спиро Ристоски осомничени дека се дел од организаторите за настаните од 27 април во Собранието, им е определен притвор, поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.
Адвокатот Еленко Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.
– Обвинетиот Миле Јанакиески во моментов има две решенија за притвор така што ако вечерва не го најдат во неговиот дом веројатно ќе побараат да се определи притвор по другиот предмет, рече Миланов.
Покрај Јанакиески и Ристовски вчера на распит во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој поради заштитата од пратеничкиот имунитет, си замина.
„10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота“ рече Вељановски.
На новинарско прашање дали чувствува вина за „крвавиот четврток“ Вељановски одговори:„Не“.
За притворот на Вељановски, најпрво ќе мора да заседава Комисијата за деловничко мандатни прашања која треба да одлучува за имунитетот на пратеникот.
Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.
Осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Будимпешта и Никола Бошкоски, поранешниот разузнавач кој побегна во Грција.
Основното јавно обвинителство соопшти дека „наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта“.
За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година – пишува во соопштението од ОЈО.
Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.
Сведочењето на Нинџа за „27 април“
Осомничените беа посочени како организатори на „крвавиот четврток“ во сведочењето на обвинетиот за упадот во 27 април Александар Василевски Нинџа, кој кажа дека сите наредби доаѓале од штабор на ВМРО ДПМНЕ.
Вчеравечер, судијката која го води овој процес, Добрила Кацарска рече дека Александар Василевски-Нинџа во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.
– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам, истакна Кацарска.
На судскиот процес за 27 април сведочеше и Трајко Вељановски. Велјаноски беше повикан во Судот како сведок на неговото лично обезбедување Горан Ѓошески кој е сега обвинет.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на прес-конференција по повод приведувањата на тројцата нивни членови изјави дека се вршат апсења врз основа на изјави на сомнителни лица.
Мицковски рече дека Вељаноски, Ристовски и Јанакиески не се виновни и обвини дека СДСМ свесни дека народот не ги поддржува, сакаат да внесат страв и да ги деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.