Додека ЕУ не може официјално да соопшти дека Турција не може да смета на членство и да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, оваа година низ посебна стратегија за проширување за земјите од Западен Балкан за прв пат ја издвои Турција од другите земји-кандидати и потенцијални кандидати
АУГУСТИН ПОЛАКАЈ
Европската комисија остро ја критикуваше Турција во последниот извештај за напредокот, во која се наведува дека во таа земја ситуацијата се влошува, наместо да има напредок во остварувањето на европските стандарди. Затоа, наместо да се приближи, Турција се оддалечува од ЕУ. Главната критика на потиснување на слободата на медиумите, при што треба да се напомене дека во затвор се повеќе од 150 новинари, а потоа тука е одржување на вонредната состојба воведена по обидот за државен удар, што остава можност на селективен на владата во казнување на политичките противници.
Исто така, во извештајот се истакнува дека Турција ги влоши билатералните односи со некои земји-членки на ЕУ, со спомнувањето неприфатлива и навредлива реторика кон овие земји. Се смета дека честите обвинувања на турскиот водач Реџеп Таип Ердоган кон земји како Германија и Холандија, со користење дури и на терминот „фашистичко однесување” такво.
Сепак, додека се оддалечува од Европската унија, Турција очигледно го зајакнува своето влијание и улога во Западен Балкан. Досега, Турција има силно влијание меѓу Бошњаците во БиХ, но сега влијанието го проширува на Косово, Албанија, Македонија и, од неодамна, на Србија. Со нејзиниот претседател, Александар Вучиќ, Ердоган има подобри односи.
Колку е силно влијанието на Турција во Косово, говори најновиот инцидент на апсењето шестмина турски граѓани кои се подвргнати на обвиненија за тероризам. Тоа се шест наставници и еден лекар кој работел легално во косовските училишта кои се финансирани од Фетулах Ѓулен, кого Ердоган го смета за непријател број еден.
Така, Косово, како што напиша весникот Хуријет, стана првата земја во Европа што на Турција и ги екстрадира луѓето поврзани со Фетулах Ѓулен. Додека сите косовски политичари се правдаа дека тие немаат поим за апсењето, тие, наводно, прикриваат дека ова е заедничко дело на турската и косовската тајна служба. Впрочем, турскиот претседател Ердоган му се заблагодари на претседателот на Косово, Хашим Тачи, и ама не и на премиерот Рамуш Харадинај, кому му се закани дека неговите денови се одбројани, бидејќи, тој „се осмелил да се состанува со терористи” (мислејќи на средбата на Харадинај со членовите на семејствата на уапсените).
Така, во Косово, веројатно најчувствителната точка во денешната Европа, се случуваат драматични настани додека Европската Унија спие или испраќа некои стереотипни пораки од типот „мора да се почитува владеењето на правото”.
Турција, очигледно по БиХ, сега има влијание и во Косово. Ако апсењето на наводните терористи не беше направено во соработка со косовските институции, тогаш тоа беше сторено против нивната волја. Во двата случаи, моќта на Турција е несомнена.
Овој инцидент во Косово предизвика големи политички тензии, како и во јавноста и некаква антитурска кампања. Како што предвиде американскиот аналитичар Јануш Бугајски од статија во последното издание на Глобус, Ердоган се обидува да инсинуира дека премиерот на Косово Харадинај е под управа на Запад по пат на „далечински управувач” и дека Косоварите ќе се свртет против него и Западот, имаше спротивен ефект.
Харадинај рече дека таквите работи „никогаш повеќе нема да се повторат во Косово”, а Ердоган во исто време објавува дека ќе има нови апсења на ѓулевистите. И министерот за внатрешни работи на Косово и шефот на разузнавачката служба мораа да поднесат оставка. И Европската унија испрати остра порака до Косово, изразувајќи загриженост дека екстрадицијата на овие лица значи непочитување на основните човекови права.
Косово речиси сигурно ќе има големи последици по овој настан. Дури и односите со Турција сега се потешки отколку што се зајакнаа. Она што го збунува Косово е дека важната улога на Турција во регионот и во однос на косовското прашање, исто така, ја промовираат противниците на независноста на Косово. Во писмото до ЕУ пред неколку месеци, Шпанија повика на признавање на важната конструктивна улога на Турција во регионот.
Целото писмо беше против било какво споменување на Косово во процесот на проширување на ЕУ. Сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, споре медиумите во Србија, во средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, барал во решавањето на косовското прашање да се вклучат и Турција и Русија.
Турција има одлични односи со Србија. Турските инвестиции во Србија се зголемуваат. Во Косово, медиумските дебати,водат кон заклучокот дека „Турците на Косово градат џамии а во Србија фабрики“.. Ердоган честопати ги нарекува Косоварите браќа, и со такво послание му се обрати на косовскиот претседател Хашим Тачи, кому му се заблагодари додека го критикуваше Харадинај. Тачи не се изјасни бидејќи пофалбите на Ердоган му се пријатни ама ако тоа не го лути Западот.
На Косово Турција се смета за пријателска држава која учествуваше во нападите на НАТО, што доведе до независност на Косово и беше меѓу првите што ја признаа независноста на Косово. Но, на Косоварите не им се допаѓа кога пријателството со Турција е само во контекст на верска припадност, бидејќи, повеќето од нив не сакаат да се идентификуваат со неа.
Влијанието на Турција не е мало во Албанија, иако земјата сега се спротивстави на барањата на Турција за затворање училишта финансирани од Фондацијата Ѓулен. Албанскиот премиер Еди Рама често го фали исламот заради Турција, а особено вели за претседателот Ердоган дека е голем пријател на Албанците.
За влијанието на Турција во БиХ веќе долго време е разговарано. Дури и хрватскиот претседател Колинда Грабар-Китаровиќ, иако Хрватска е членка на ЕУ, побара од Ердоган да помогне во решавањето на проблемите во БиХ. Улогата на Ердоган во БиХ станува донекаде митска, при што има приказни за покојниот претседател Алија Изетбеговиќ кој на Ердоган му ја оставил Босна во аманет. Ердоган сега, исто така, посредува во односите меѓу Сараево и Белград.
Така, Турција стана уште ден предизвик за ЕУ во време кога Брисел не знае како да се справи со таа земја воопшто. Турција е се уште официјално само кандидат за членство во ЕУ, но дека никој не верува во тоа и веќе се зборува за други фор ми на поврзување на Турција со Европската унија, кои не би значеле целосно членство. Најновиот извештај за напредокот на Турција јасно кажува дека со оваа ситуација не може да се постигне напредок во отворањето нови поглавја од преговорите.
Од друга страна, и турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја има избори и надвор од ЕУ, и дека Турците се уморни од чекање во претсобјето на Европската унија за ЕУ да одлучи дали ќе се отвори вратата од салонот или не.
Европската унија претходно беше „незадоволна”, „сериозно загрижена”, а некои од политичарите на ЕУ велат дека биле „шокирани” од страна на властите во Турција. Иако некогаш го осудија обидот за државен удар во Турција, тие не сакаат овој државен удар да се користи за чистења во државните и јавните служби.
Затворањето новинари, бркање од работа во училиштата, објавувањето на воведување на смртната казна, влијаат на затворањето на преговорите за членство на Турција во ЕУ. Сега Ердоган, по „успешните” апсења на ѓулевистите на Косово, се заканува дека истото ќе се случува и во другите земји во регионот, вклучително и ЕУ и САД.
ЕУ не е во позиција да процени како Ердоган ќе реагира на можната одлука за прекинување на пристапните преговори. Бидејќи е постигнат договор со Турција и прашањето за миграцијата низ балканскиот пат, ЕУ се плаши дека во тој случај Турција би можела да ги ослободи бегалските бранови кон ЕУ. Тие, исто така, се плашат од можно повлекување на Анкара од поддржување на напорите за решавање на проблемот со обединувањето на Кипар.
Додека ЕУ не може официјално да соопшти дека Турција не може да смета на членство и да го прекине преговорите за членство во ЕУ, оваа година низ посебна стратегија за проширување за земјите од Западен Балкан за прв пат ја издвои Турција од другите земји-кандидати и потенцијални кандидати. Така, Брисел ќе има посебен самит во Софија на 17-ти мај, само со земјите од Западен Балкан, без Турција. ЕУ смета дека противењето на проширувањето ќе биде намалено ако јасно од оваа постапка Турција е одвоена.
ЕУ не се осмелува да ги прекине разговорите за пристап со Турција, бидејќи се плаши од последиците, но од друга страна продолжува да ги води преговорите – со темпо што би можело да заврши за половина век. Турција започна преговори истиот ден како и Хрватска во есента 2005 година. Хрватска многу полека ги заврши преговорите и влезе во ЕУ пред речиси пет години, а Турција се уште е на почетокот. Можеби главната причина зошто ЕУ продолжува да ги одржува разговорите за пристап со Турција е дека тие не веруваат дека Турција некогаш ќе стане полноправна членка.
Турција, која се оддалечува од ЕУ и се приближува кон Русија и Иран, не е Турција чие влијание на Балканот ќе биде добредојдено, туку, напротив, тоа ќе предизвика загриженост. ЕУ смета дека Западен Балкан е „нејзин двор” и верува дека Анкара дури и кко членка на НАТО може да игра важна улога во решавањето на проблемите во регионот, кои треба да се приклучат во иднина на Европската унија. Затоа тие сакаат лидерите на Западен Балкан дефинитивно да се одлучат за стратешката цел – интеграција во ЕУ, без дилема.