Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГОЛЕМ СКОК НА ЛИСТАТА НА ИНДЕКС А СРЕЌАТА ВО ПЕРИОДОТ ПОСЛЕ 2021 ГОДИНА

March 26, 2024 Filed Under: Македонија

При истражувањето на Индексот на среќата констатирано е дека нашата земја скокнала за 17 места и тоа го направиле само 20 држави. Опозицијата и практично сите медиуми овој сегмент на извештајот го прскокнаа а се задржаа на пласманот кој се должи на времето на груевизмот! Лицемерие и искривено информирање

ИНДЕКС НА СРЕЌАТА Мерења кои за нашите медиуми не беа воцентар на вним анието кога бевме во 3/3 од анкетираните земји

Северна Македонија е на 17 место во топ 20 земји каде има најголем раст на индексот на среќата од 2021 до 2023 година, во споредба со периодот 2006-2010 година. Но, тој раст не е доволен земјата да се најде погоре во рангирањето или барам во првата половина од листата со над 140 земји во светот, во Светскиот извештај за среќа за 2024 година.

Северна Македонија е рангирана на 84-то, а Финска по седми пат на прво место во годинешниот светски извештај за среќа, реализиран во партерство на Галуп, Истражувачкиoт центар на Оксфорд и Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој.

Со оглед дека извештајот вклучува и одделни рангирања по возрасна група, најоптимистичкиот податок е дека посреќни во Северна Македонија се младите. Според рангирање на среќата кај младите на возраст под 30 години, Северна Македонија е на 67-мо место, со сличен резултат како и кај младите во Албанија, која е рангирана на 66-то место. Според среќата кај лицата од пониска средна возраст РСМ е на 76 -то место, на 85-то место кај лицата од повисока средна возраст, но е на 98-мо место кога станува збор за среќата кај луѓето на возраст од 60 и повеќе години. Слични резултати кај ова категорија бележи и рангирањето на Црна Гора (97 место) и Албанија (100).

Предничат Словенија и Косово

Од земјите во соседството и регионот, во вкупниот резултат највисоко е рангирана Словенија (21-во место), Косово (29), Србија (37), Хрватска (63), Грција (64), БиХ (65), Црна Гора (76), Бугарија (81), а единствено Албанија (87) е подолу на листата од Северна Македонија (84).

Србија е на прво место меѓу земјите со најголем раст на индексот на среќата за периодот 2021-2023 година, во споредба со периодот 2006-2010 година, а веднаш по неа се Бугарија и Латвија. Северна Македонија во оваа категорија е на 17-то место.

Истражувањето разгледува шест клучни варијабли за да помогне во објаснувањето на оценките: Бруто домашен производ (БДП) по глава на жител, социјална поддршка, здрав животен век, слободата да се прават животни избори, дарежливост и перцепции за корупција.

Врз основа на анкети во повеќе од 140 земји, направено е рангирање засновано на просечните проценки на животот во текот на трите претходни години – од 2021 до 2023 година. Првото место во рангирањето седум години по ред го држи Финска, а по неа во топ 10 земји според индексот на среќата се Данска, Исланд, Шведска, Израел, Холандија, Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Австралија.

Седми пат на „тронот”

Зошто Финска? Балансот меѓу приватниот живот и работата, еден од најдобрите образовни системи, симбиотичката врска на Финците со природата, честото престојување на отворено, здравиот начин на живот, рекреирањето во природа – беа дел од одговорите и во изминатите години

Слично е и годинава. Новинските агенции ја пренесуваат оценката на Џенифер Де Паола, истражувач од Универзитетот во Хелсинки, специјализирана за оваа област, според која, блискоста до природата и добриот баланс помеѓу работата и животот се клучни за задоволството на Финците.

„Финците можеби имаат посоодветно сфаќање за тоа што е успешен живот во споредба со САД, на пример, каде успехот често се поврзува со финансиска добивка”, вели Де Паола.

Сепак, значење има и довербата во институциите, ниската корупција и слободниот пристап до здравството и образованието се исто така клучни.

„Финското општество е проткаено со чувство на доверба, слобода и висок степен на автономија“, посочува таа.

Спротивни трендови

И додека во РСМ, дел од соседството (генерално во Централна и Источна Европа) младите се посреќни од возрасните, тој тренд е спротивен во други земји.

Ниските оценки за среќата кај младите придонесе САД за првпат откога се објавува Извештајот да излезат од топ 20 земји на оваа листа. Во САД и Канада, оценките за среќа кај луѓето под 30 години се пониски од оние на луѓето на возраст од 60 и повеќе години. Според среќата кај луѓето помлади од 30 години, САД се рангирани на 62-то место, а според среќата кај луѓето на 60 и повеќе години се рангирани на 10-то место. Канада е на 58-мо место според среќата на младите, а на 8-мо според среќата на категорија лица од 60 и повеќе години.

САД (на 23- то место) и Германија (24) отпаднаа од топ 20 делумно и поради порастот на индексот на среќата меѓу други земји – Чешка (18), Литванија (19) и Словенија (21). (dw)

Но, ова истражување како за прв пат да предизвика внимание кај македонските медиуми (нели, над 90 отсто врзани за интересите на ВМРО ДПМНЕ како партија). Тоа беше пример за селектирана информација.

„Северна Македонија е на 17 место во топ 20 земји каде има најголем раст на индексот на среќата од 2021 до 2023 година, во споредба со периодот 2006-2010 година“. Овој важен дел од информацијата врзана за Индексот на среќата беше изоставвен во преносот на истата на малите екрани. Тоа, очекувано, морам да кажам, го немаше во утринските вести на Канал 5, како и во вечерните вести на Сител, каде пак уредничката си дозволи без оваа битна квалификација да си прави коментари.

Инаку видливо е дека генерланата позиција која сега се коментира (битно подобрена во однос на минатото) е направена во време на владеењето со земјата на груевистите!

Изложениот заклучок во Ивештајот токму дозволува да се види чив напредок се должи на актуелната власт а каде сме биле „закопани“ во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Воедно имаме школски доказ како селектирана вест е тежок фаул во политиката на информирање. Затоа верувајте им и натаму на Канал 5 и Сител!

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet