На овој режисер најпрвин не му беше поддржан проектот за кој е оценето дека е настроен против култот за Радован Караџиќ. Потоа беше предмет на полициско малтретирање при учество на протестот на народот против Рио Тинто, кога насобраниот народ ги натера униформираните да заминат. Конечно сега е предмет на медиумска хајка. Зошто?
Прогресивната машинерија со денови не престанува да го напаѓа и клевети режисерот Горан Марковиќ, но, како што вели за „Данас“, тој нема намера да се тркала во нивната кал. Според властите и нивните таблоиди, Марковиќ е некој кој повикува на пукање во Александар Вучиќ, односно повикува на атентат.
– Сосема друга реченица извадија од контекст и конструираа дека барам „пукање“. Тоа е целосна глупост. Јас не кажав ништо такво. И од тоа измислуваат некакви атентати, видени толку пати досега. Тоа е некаква машинерија, механизам, веројатно на некој му дал наредба да ја стартува. Можеби Бејби или Небојша Крстиќ. Мене повеќе ми личи на Крстиќ затоа што Беба е многу поинтелигентна. Конструираат теории на заговор, ги покриваат очите на луѓето со тоа, немаат ништо попаметно да направат – вели Марковиќ за Данас.
На прашањето зошто една негова реченица е причина за ваквата хајка и дали власта може да се плаши дека нејзиниот авторитет ќе го доведе народот кон промена, прославениот режисер истакнува дека нема таква амбиција, но дека е можно тие така да го замислуваат.
– Нема да водам никого. Јас не сум политичар. Но, можно е да мислат така, штом полицаец ме следеше неколку километри на протестот, а потоа ме легитимираше на мостот. Имаат некои функционери задолжени да следат луѓе – истакнува Марковиќ
На прашањето дали е исплашен, тој одговара дека не е и дека веќе е навикнат на вакви работи.
– За времето на Слободан Милошевиќ доживеав потешки работи. Во ТВ Дневник во 1993 година, кога бев со делегацијата на белградскиот круг во Париз, имаше прилог во кој сите бевме окарактеризирани како предавници. Можам да молчам и да прифатам се што ќе кажат за мене сега. Но, нема да молчам – заклучува Горан Марковиќ.
Да потсетиме, режисерот стана мета на навреди и напади откако јавно ги поддржа протестите против доаѓањето на Рио Тинт во Србија, а причина за актуелната хајка е неговото интервју во „Нови магазин“ каде рече дека се надева дека Вучиќ е свесен за крајот на романскиот диктатор Николае Чаушеску.
Министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ прва го нападна Горан Марковиќ, а потоа и други нејзини сопартијци, а уредникот на таблоидот Ало Василије Паповиќ на Твитер напиша: „Вучиќ изгради толку многу болници, патишта, училишта и фабрики, но не успеа да изгради голема лудница за Петричиќ, Марковиќ и тим. И затоа сега лудаците слободно се шетаат и му се закануваат“. Тој твит го пренесе премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи ја „вистината“. Горан Марковиќ за време на викендот се појави на насловните страници на сите таблоиди како некој што повикува на „пукање на Вучиќ“.
Како едно од решенијата што би ги запрело нападите на власта врз Горан Марковиќ и кој било друг од уметничката сцена, беше и сугестијата културните институции да и се обраќаат на публиката на претстави, изложби и манифестации со порака за поддршка на режисерот и осуда на прогонство.
„Ќе се приклучиме на таа акција доколку биде прифатена на генерален план“, вели Душан Ковачевиќ, академик и директор на театарот „Звездара“. „Имаше предлози да се прекине работата, но мислам дека тоа не би го сакал ниту Горан Марковиќ. Заради короната работиме со половина капацитет и сме на работ на егзистенција. Затоа, доколку нешто важно не се подобри, ние сме пред затворање“.
Југ Радивојевиќ, директор на Белградскиот драмски театар, чија голема сцена го носи името на родителите на Горан „Оливер и Раде Марковиќ“, актерска двојка која ја одбележа историјата на оваа куќа, денеска немаше време да ја коментира иницијативата.. На сцената на Белградскиот драмски театар беше изведена и „Вила Сашино“ на Марковиќ.
В.д. менаџерот на Народниот театар, Светислав Буле Гончиќ, разбира и „поддржува дека секој има право на став и мислење за се што ни се случува, но неговото лично мислење не може да важи на работното место“.
Смета дека ниту една претстава „не може да се злоупотреби за политички маркетинг“, а нивната задача е „на сцената да поставуваат драмски, оперски и балетски претстави, а не политички пораки“.
Директорот на театарот „Ателје 212“, Новица Антиќ, оценува дека „јазикот на грубоста и навредите толку длабоко навлезе во нашите животи, што едноставно повеќе не можеме да комуницираме поинаку. Носителите на јавни функции во секое општество и држава не треба никому да му се обраќаат на овој начин, ниту на пекар, ниту на лекар, ниту на работник, ниту на уметник“.
Користејќи таков речник, тие испраќаат порака дека сите треба да „извлечеме сабја и да се обезглавиме“, вели Антиќ. Да размислиме заедно, каква порака им испраќаме на младите на овој начин на комуникација – додека сè уште не е премногу доцна“.
Антиќ нагласува дека „особена одговорност имаат оние што вршат државни функции, бидејќи секој нивен јавен настап не се толкува како личен, туку како волја и намера на државата“.