На 34. Санденс филмски фестивалфилмот „Виоди ја ти неа“ ја освои наградата најдобар игран филм во рамките на меѓународната натпреварувачка програма, 38. потоа следуваше ИФФК Браќа Манаки каде ја доби наградата „Мала камера 300“, потоа 40. Интернационален фестивал на крато филм во Клермон-Феран…
„Види ја ти неа“ е присутен на Фестивалот во официјалната програма
„Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски, ќе биде прикажан во Официјалната програма Balkan Survey на 59. Интернационалниот филмски фестивал во Солун, каде ќе има има 2 проекции, на 5-ти и 11-ти ноември.
Богатиот фестивалски живот на филмот започна со светската премиера на 34. Санденс филмски фестивал каде ја освои наградата најдобар игран филм во рамките на меѓународната натпреварувачка програма, 38. ИФФК Браќа Манаки каде ја доби наградата „Мала камера 300“, потоа 40. Интернационален фестивал на крато филм во Клермон-Феран, Франција, 23. Кино Павасарис во Вилниус,Литванија, 65. Мартовски фестивал – Белградски фестивал на документарен и краток филм каде ја освои наградата „Гранд при “ а на 6. LET’S CEE филмски фестивал во Виена ја освои наградата „Ураниа“. На листата на значајни фестивали кој го прикажаа „Види ја ти неа“ се: 65. Филмски фестивал во Сиднеј, 65. Филмски фестивал во Пула, 67. Интернационален филмски фестивал во Мелбурн, 36. Фликерс-Интернационал филмски фестивал во Роад Ајленд, 29. Интернационален филмски фестивал на краток филм во Палм Спрингс, 43. Интернационален филмски фестивал во Оденсе, Данска, 24. Енкаунтерс филмски фестивал во Велика Британија и уште многу други.
Пред Солунскиот фестивал филмот ќе го прикаже и Интернационалниот филмски фестивал за краток филм во Рига каде проекцијата е закажана за 26.10, а следуваат како и на 16.Филм фронт-Нови сад, Србија, 27. Секвенс-Интернационален филмски фестивал на краток филм во Тулуз, Франција, 5.Фестивал на краток филм во Гоа и други.
Иако неговото име не се врти многу во јавноста треба а се каже дека Столевски е режисер на 25 кратки филмови кои се одиграни на преку 100 фестивали во целиот свет, а меѓу нив е и филмот „Види ја ти неа” кој е прогласен за најдобар на Санденс фестивалот за независен филм во Америка, основан од славниот холивудски актер Роберт Ретфорд. Столевски живее на релација Австралија – Македонија, а еден од неговите следни проекти е долгометражниот филм „Дива сорта” кој би се снимал есенва во Македонија
За наградата на Санденс – во конкуренција на 17 други дела – вели о едно интервју дека е плод на неговото искуство (!).„Мислам дека приказната е понеобична од претходните што ги имам напишано. Исто така, иако е комплицирана (посебно за странска публика) структурирана е лесно да се следи. Стилот на режирање и монтажа е можеби малку специфичен и се одделува од други филмови во секоја програма. Но пресвртите во приказната следат прилично стандардни жанровски правила, кои што пошироката публика полесно ги попримува. Исто морам да спомнам дека иако само 17 интернационални филмови се најдоја во конечната конкуренција во Санденс -тие 17 беа одбрани од вкупно 8700 апликации од цел свет. А и мислам дека помогна токму тоа што филмот е македонски. Постои огромен апетит во САД – а и во европските фестивали – за нови, автентични приказни од нашиот регион – а посебно приказни од женска перспектива“ – смета аворот во споменатото интервју.
Авторот вели дека идејата за филмо ја добил гледајчи на Ју-тјуб снимка од Водици, кога еден поп паѓа во водата каде што треба да го фрли крстот. Му требале каракетери кои во светската проодукција не се сретни, кои публиката за прв пат ги гледа на екранот.
Попот во филмот не е централен лик, туку Анета, жена – улогата ја игра Сара Климоска – која е личност со натчовечки таленти. „Сакав гледачите да ја доживеат приказната како што ја доживува Анета – да бидат вовлечени во нејзиното гледиште, во нејзините борби и стекнати рани, во нејзините предизвици и во нејзиниот конечен триумф“ – вели авторот и не открива многу, се разбра.
Зад себе овој режисер има деценија на неуспеси. Од снимените дела четири му се најдраги – освен споменатиот „Види ја ти неа“, тоа се „Моето дете Олег“, „Ти заслужуваш се“ и „Се што сакавме“. По настапот на Санденс има многу понуди за соработка о продуценти, па мета дека можеби дошол во точката за пресврт.