За многумина современи сограѓани Гробачове е симол на „лесното продавање“ на идеалитер на т.н. реален социјализам – тој најрпвин призна дека ортодоксното толкување на т.н. марксизам-ленинизам не е можно да го потврди и натаму тесктот на издржливоста. Многу малку се говори за она што мислеше да направи како еден вид на ново општество, со институции кои требаа да бидат замена за источната голема заедница на народи
Во сенката на поплавите кои му се случија на главниот град и отворање на темата на одводните шахти на градоначалничката помина веста за заминувњето на една навистина значајна историска личност. А токму таа вест само покажува дека се уште живееме во време во кое големите политичари само умираат, без да обезбедат соодветна замена на местата од каде тие функвионирале.
Кога некако сепак излезе и во нашата јаноста веста за смрта на поранешниот и последен советски претседател Горбачов, веднаш помислив на еден момент од снимањето на документарецо за Путин на Оливер Стоун (беше продуциран како документарен серијал во траење од четири епизоди а чинам дека одеше и на една од нашите телевизии со национална фрекфенција) – авторот посака во тв приииказната за актуелниот лидер на Русија и вгнездување на интервју со Михаил Горбачов. Сеако, „пршано е таму каде што треба“ и ова беше дозволено, ама од стран а на Стоун дојде инсиститрање разговорот си Горби да се одвива на оние места од каде што сериозно заболениот претходник на идните руски претседатели свовремено ја покажувал својата моќ – во Кремљ и Сочи, на пример, во соодветните симболи на власта. Барањто е несомнено скокотливо а на истото Горбчов само ги подигнал рамениците: исполнувањето на ова барање не зависи од неговата волја. Впрочем, тие сцени, меѓу другото, треба да асоцираат на констиунитетот на влста во Русдија, што за Путин секако би било неприфатливо, бидејќи тој се ободува такиот континуитет да го „фати“ многу поназад, барем со почетокот на војните на неговата земја со Наполен! Пред повеќе од два века…
Реалноста на денот на смртта на Горбачов потврди дека тој си остана политичар кој овозможи со одбегнување на фајтерски крај на советскиот империјализам и отворање на настаните што следеа се до рушењето на Берлинскиот ѕид и да пропадне поделеноста на светот на два идеолошки полови. За многумина современи жители на најголемата по површина држава на светот, тоа е „блам“, недостоен за историјата на Русија а тоа не е мал дел на граѓаните на оваа земја, кој според анкетите затоа и ја подржува крвавата, братоубиствена војна против Украина, креирана од стратезите во Кремљ.
Горбачов што сакаше тоа го потигна – што неволјно, но заради согледување на околностите (што е секако поготвеност само на голем политичар), што заради признанието дека системот зад кој стоеше не ја издржа пробата на времето. Не, не му беше дозволено да оди понатаму .
Путин, кој побара поддршка во своите подалечни претци засега е далеку од тоа да ја добие! Ја „зариба“ својата технологија на владеење и војнички и етички…
Михаил Сергеевич Горбачов е роден на 2 март 1931 година во Ставрополската територија во јужна Русија. По мајка тој е Украинец! И двајцата негови родители работеле во колхози – колективни земјоделски фарми, а младиот Горбачов возел комбајн уште и во тинејџерските години. До моментот кога дипломирал на Московскиот универзитет во 1955 година, тој веќе бил активен член на Комунистичката партија.
По враќањето во Ставрополската територија со неговата нова сопруга Раиса, започнал неговиот брз подем низ регионалната партиска структура. Тој бил еден од новата генерација партиски активисти кои стануваа сè понетрпеливи со стареењето на фигурите на врвот на советската хиерархија. Во 1961 година, тој бил регионален секретар на Комунистичката младинска организација (Комсомол) и станал претставник на Врховниот совет.
Неговата улога како прв секретар за земјоделство му даде можност да иновира, а тоа, во комбинација со неговиот статус во партијата, му дало значително влијание во регионот. Во Москва се преселил во 1978 година како член на Секретаријатот за земјоделство на Централниот комитет, а само две години подоцна бил избран за редовен член на Политбирото.
За време на мандатот на Јуриј Андропов како генерален секретар, Горбачов патувал во странство неколку пати, вклучувајќи ја и посетата на Лондон во 1984 година, каде оставил силен впечаток на премиерката Маргарет Тачер. Во интервју за Би-Би-Си, таа рече дека е оптимист за идните односи со СССР. „Ми се допаѓа Михаил Горбачов. Ќе можеме да соработуваме“, рекла таа. Се очекувало Горбачов да го наследи Андропов кога тој почина во 1984 година, но таму дојде Константин Черненко, човек со нарушено здравје. Но, тој умре за само една година, а потоа го наследи Горбачов, најмладиот член на Политбирото.
Тој беше првиот генерален секретар роден после револуцијата во 1917 година и се гледал како здив на свеж воздух по стагнацијата во годините на владеењето на Леонид Брежњев.
Стилскиот имиџ и отвореното, директно однесување на Горбачов исто така го оддалечија од неговите претходници, а Раиса повеќе личеше на првата дама на Америка отколку на сопругата на генералниот секретар.
Неговата прва задача беше да ја заживее советската економија, која беше на работ на колапс. Тој беше доволно остроумен за да разбере дека мора да има радикална промена во самата Комунистичка партија ако сака неговите економски реформи да успеат.
Решението на Горбачов воведе два руски збора во општа употреба. Тој рече дека неговата земја има потреба од „перестројка“ или преструктуирање, а алатката што сака да ја постигне е „гласност“ – односно отвореност.
„Каскадно паѓате зад остатокот од економијата. Вашата стока е срамна“, ѝ рече тој на комунистичката елита на Ленинград, кој беше преименуван во Санкт Петербург во 1991 година.
Но, неговата намера не била да ја замени државната контрола со слободна пазарна економија – како што јасно кажа во говорот пред партиските делегати во 1985 година. „Некои од вас го гледаат пазарот како чамец за спасување за вашата економија. Но, другари, не треба да мислите на чамци за спасување, туку на брод, а тој брод е социјализмот“.
(продолжува)