Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГОРЈАН ТОЗИЈА СЕ ПРЕТЕРА ВО СВОИТЕ РЕАКЦИИ НА НОВИНАРСКИ ТЕКСТОВИ

October 6, 2020 Filed Under: Македонија

Здружението на новинари на Македонија повторно алармира за непримерниот однос на директорот на Агенција за филм Горјан Тозија кон новинари

НЕДОЛИЧНО Однесувањето на Тозија кон новинарите е недолично за било која јавна личност

Колешката Сунчица Уневска Гвозденович која долги години не само што промовира професионално новинарство туку е и почитувана како филмски критичар, неодамна пријави во ЗНМ дека била предмет на закани и омаловажување од страна на директорот Тозија. Тој на нејзиниот профил на социјална мрежа и се заканил дека ќе ја тужи за клевета, а потоа и упатил лични дискредитации и навреди поврзани со работата на колешката Уневска.

“Смешна си ти со своето незнаење и злоба, да беше во друга држава немаше да ти дозволат да напишеш реченица, ама простотата и злобата ќе се потрудам да ја правдаш пред суд… срам да ти е, излезе долна, злобна, лажливка која одработува од инает и незнаење… за жал немаш веќе време, ќе си останеш така запаметена, штета што некој ти дал право на јавен збор и простор да го злоупотребуваш.” се вели во пораката до Уневска од профилот на директорот Тозија.

ВО КАН Уневска снимена на Канскиот фестивал каде беше чест гостин

Освен погрдните зборови во пораките упатени кон Уневска, Тозија во својата порака нечовечки алудира на личните, сериозни здравствени проблеми кои ги има колешката Уневска. Ова е скандалозен и низок начин на комуникација од одговорно лице на јавна установа кон новинар. ЗНМ ќе ја извести и Владата на РС Македонија за овој инцидент и ќе побара од надлежните Тозија да сноси политичка одговорност за овој однос со кој се нарушува и угледот на Агенцијата за филм, која тој ја застапува.

Минатата недела добивме и пријава од колегите од дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК дека Тозија се заканува преку адвокатска канцеларија за три тужби за клевета за претходни текстови на овој медиум поврзани со работата на Агенцијата. Потсетуваме дека лице кое има јавна функција треба да има поголем капацитет за критика, а кога се заканува со тужби кон новинарите тоа се смета како притисок и придонесува за зголемување на самоцензурата, оопшти ЗНМ и најави дека за овој инцидент ќе ја извести и Владата на Македонија и ќе побара од надлежните Тозија да сноси политичка одговорност за овој однос со кој се нарушува и угледот на Агенцијата за филм, која тој ја застапува.

„Потсетуваме дека лице кое има јавна функција треба да има поголем капацитет за критика, а кога се заканува со тужби кон новинарите тоа се смета како притисок и придонесува за зголемување на самоцензурата.

РОКОВИ Владата деновиве треба да ги објави имињата на директорите на сите институции под нејзина капа

Ова е трет пат ЗНМ да го осуди заканите со тужби кон медиуми и дисквалификации на новинари од Тозија. Заканата со тужби за објавени текстови за работата на Агенцијата за филм кон 3 редакции, МКД.мк, Сакамдакажам.мк и Радио МОФ.мк ги осуди и меѓународната организација Репортери без граници.

Мандатот на Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм истече на 4 август, а тој на прес-конференцијата на 24 јули изјави дека од Владата побарал продолжување. Неделава истекува и рокот од 60 дена што Владата го имаше да одговори на иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за утврдување на одговорност на Тозија поради прекршување на процедурите во постапките согласно Законот за филмска дејност. Од Владата досега нема одговор на инцијативата на ДКСК.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet