Нема сомнение дека таа беше еден вид на помодна икона на филмот во првите повоени години кога само укажуваше на некоја нова вредност на големото платно, што сепак е некаква контраверза. Не беше добра актерка а се врзуваше токму за соништата на девојките на кои тој тип на уверливост и вредност не им беше значајна

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Француската филмска легенда Брижит Бардо, филмска икона од педесеттите и шеесеттите години, која стана бранител на правата на животните, но и огнен приврзеник на идеалите на Ле Пен,почина на 91-годишна возраст. Во последните години, природно, оваа филмска легенда ретко се појавуваше во јавноста. Не затоа што го имаше комплкексот на Грета Гарбо, бидејќи, напротив таа беше активна и присутна пред камерите на фоторепортерите и кога престана да снима филмови. Напросто имаше многу години минато, лека полека болестите ја совладуваа а беше хоспитализирана во октомври. А во ноември објави соопштение во кое ги негираше гласовите дека починала. Современаа медиумска сцена живее повеќе од било кога од сензации: уредниците сметаат дека и да ја излажат побликата, можат да погрешат за некој ден или недала!? Рака на срце, нејзината Фондација и не соопшти кога или каде починала. Дури со денови по објавата на смрта се дозна дека ќе биде погребана во Сен Тропе, малото рибарско селце, но потоа и монденско место каде главно живееше, но не се кажа точно каде и – кога!
„Фондацијата Брижит Бардо со голема тага ја објавува смртта на својата основачка и претседателка, г-ѓа Брижит Бардо, светски позната актерка и пејачка, која одлучи да ја напушти својата престижна кариера за да го посвети својот живот и енергија на благосостојбата на животните и на својата фондација“, стоеше во соопштението испратено до АФП.
Бардо стана глобална ѕвезда откако глумеше во филмот „И Бог ја создаде жената“ во 1956 година, а подоцна се појави во уште околу 50 филмови пред да се повлече од глумата. Ова е сериозно салдо за било кој актер, дури и за онеи ѕвезди кои секогаш добивале големи награди и влегле во историјата на седмата уметност со своите актерски вредности.
Избра да биде активна бранејќи ги правата на животните, пред се на загрозените видови, сметајќи дека нејзиното име може да има влијание врз надлежните институции. Истовремено, малку подоцна Брижит Бардо, која честопати ја нарекуваат едноставно Б.Б. во Франција, беше обележана и со симпатии кон екстремната десница. Беше нерзна ако се споменат гастарбајтерите со поинаква боја на кожата.
Родена во Париз на 28 септември 1934 година, Бардо пораснала во семејство од горната средна класа. Таа се опишала себеси како срамежливо, самосвесно дете кое „носело очила и имало долга коса“. Најпрво се обидувала да стане балерина, ама за тоа немала талент. Сепак, на 15-годишна возраст, таа се појавила на насловната страница на списанието „Ел“, започнувајќи кариера како модел што наскоро ја довело пред филмските камери.. Повеќето од нејзините 50 филмови се сметаат само како забавни без никаква релеватна в редност. Има и такви критичари кои сметаа дека сепак мима неколку кои се вредни за одбележувањесмета „Слободна Европа“.
Како резултат на нејзината работа како модел, ѝ биле понудени филмски улоги; на аудиција, го запознала Вадим, со кого се омажила во 1952 година, откако наполнила 18 години. На Бардо ѝ биле дадени помали улоги, со сè поголема важност; таа ја играла љубовната заинтересираност на Дирк Богард во филмот „Доктор на море“, голем хит во Велика Британија во 1955 година.
Ликот на Бардо во филмот „И Бог ја создаде жената“ беше олицетворение на ослободената женственост. Како што потсетува британски „Гардијан“, Бардо стекна меѓународна слава со филмот напишан и режиран од нејзиниот тогашен сопруг Роџер Вадим, за во текот на следните две децении ја отелотвори идејата за архетипски „секс симбол“. Контроверзноста само ја зголеми нејзината привлечност. Бардо стана симбол на Франција во 1950-тите и 60-тите години. кога земјата се извлекуваше од сиромаштијата но и ја губеше колонијалната супериорност. Требаше да се создаде нешто сосема ново, во духот на ослободување на новиот потрошувачки дух на нацијата кој бргу ќе стане икона на новото разгалчено граѓанство.
Како и барем во западниот свет се ширеше таа нова атмосфера на опуштеност нејзината привлечност се ширеше многу подалеку од француското кино. Се вели дека навнодно Боб Дилан ја напишал својата прва песна за неа на 15-годишна возраст, која никогаш не е објавена, додека Енди Ворхол го насликал нејзиниот портрет.
Нејзината улога како намуртена, фрустрирана сопруга на сценаристот во „Презир“ на Жан-Лик Годар, исто така, резултираше со сцени кои станаа дел од филмскиот фолклор. Играјќи си со очекувањата на продуцентите и гледачите дека филмот ќе содржи снимки од голото тело на Бардо, Годар создаде монтажа од нејзините екстремитети додека лежеше во кревет со својот сопруг, прашувајќи го кој дел од нејзиното тело му се допаѓа најмногу.
Покрај филмската публика, Бардо брзо стана инспирација и за интелектуалците и уметниците. Колумнистот Рејмон Картие напиша обемна статија за „случајот Бардо“ во „Парис-Меч“ (Paris-Match) во 1958 година, додека Симон де Бовоар го објави својот познат есеј „Брижит Бардо и синдромот на Лолита“ во 1959 година, во кој ја претстави актерката како најеманципирана жена во Франција. Во 1969 година, Бардо беше избрана за прв вистински модел на Маријана, симболот на Француската Република.
Во раните 1960-ти, Бардо се појави во голем број познати француски филмови, вклучувајќи ја драмата „Вистината“ на Анри-Жорж Клуз, номинирана за Оскар, „Многу приватна афера“ на Луј Мал (со Марчело Мастројани) и „Презир“ на Годар. Во втората половина од деценијата, таа прифати неколку понуди од Холивуд: меѓу нив „Viva Maria!“, костимирана комедија сместена во Мексико со Жана Моро, и „Shalaco“, вестерн со Шон Конери.
Бардо имаше и паралелна музичка кариера, која вклучуваше снимање на оригиналната верзија на песната на Серж Генсбур „Je t’aime… moi non plus“, која Генсбур ја напиша за неа додека имаа вонбрачна афера. Исплашена од скандалот откако нејзиниот тогашен сопруг Гинтер Сакс дозна за тоа, Бардо го замоли Генсбур да не ја објавува песната; подоцна ја пресними со Џејн Биркин, со огромен комерцијален успех.
Сепак, Бардо сè повеќе го иритираше притисокот од славата, изјавувајќи за Гардијан во 1996 година: „Лудилото што ме опкружуваше секогаш ми изгледаше нереално. Никогаш не бев навистина подготвена за животот на ѕвезда“.

Факт е дека кога таа прва офанзива на потрошувачкото општество поминало нејзината вредност почна да паѓа – па такви девојки кои немаат поим од актерството а не се срамат да се соблечат пред публика имаше се повеќе а филмските фестивали не се обѕирнуваа на таквите појави како порано. Ги третираа како некој паалелен свет!
На нејзините продуценти им станало јасно дека таа го „отсвирела своето“
И и забранија да чита сценарија. Тоа беше во раните 70-тии. Тогаш и јавно бознани дека нема повеќе да биде актерка. Нејзината гласна поддршка за правата на животните на крајот се претвори во провокативни коментари за етничките малцинства и отворена поддршка за крајнодесничарскиот Национален фронт во Франција, што резултираше со серија пресуди за расна омраза.
Официјално се пензионираше од глумата во 1973 година, на 39-годишна возраст, по снимањето на историската романса „Поучната и радосна приказна за Колино“. Нејзин главен фокус, веќеспоменавме стана активизмот за заштита на животните: во 1977 година се приклучи на протестите против ловот на фоки, а во 1986 година ја основа Фондацијата Брижит Бардо.
Потоа Бардо испрати протестни писма до светските лидери за прашања како што се истребувањето на кучињата во Романија, убивањето делфини на Фарските Острови и колењето мачки во Австралија. Таа, исто така, редовно изразуваше силни ставови за религиозното колење на животните. Во својата книга „Плач во тишина“ од 2003 година, таа се залагаше за десничарска политика и ги напаѓаше геј мажите и лезбејките, наставниците и таканаречената „исламизација на француското општество“, што резултираше со осуда за поттикнување расна омраза.
Бардо имаше долга историја на поддршка за францускиот Национален фронт (кој оттогаш е преименуван во Национален собир), велејќи за Гардијан:
„Во врска со прашањето за застрашувачкиот пораст на имиграцијата, целосно ги споделувам ставовите (на Жан-Мари Ле Пен).“
Во 2006 година, во писмо до тогашниот министер за внатрешни работи Никола Саркози, таа изјави дека муслиманското население во Франција „ја уништува нашата земја со наметнување на своите дејствија“.
Бардо беше во брак четири пати: со Вадим од 1952 до 1957 година, со Жак Шарие од 1959 до 1962 година (со кого имаше син, Никола, роден во 1960 година), со Сакс (1966–1969) и со поранешниот советник на Ле Пен, Бернар д’Ормал, со кого се омажи во 1992 година. Таа, исто така, имаше голем број значајни врски, вклучувајќи ги и оние со Жан-Луј Тринтињан и Генсбур.




