Ферид Мухиќ говори дека овој вирус е измислен за да ги „олесни“ пензиските фондови ширум светот, загрозени со се’ подолгиот живот на најстарите генерации. Во Америка во меѓувреме е измислен изразот „boomer remover”, подбивен израз на тинејџерите кон најстарите генерации. Впрочем и најодговорните во сите земји и кај нас говорат дека сега младите се жртвуваат за да ги спасат своите баби и дедовци
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога во Македонија имаше само 133 заболени од корона вирусот беше објавена прва а се чини и последна анализа за дејството на болеста врз населението. Или барем не ми е познато дека се врши таква анализа потоа. Но, да појдеме од тие први 133 заболени. Така, во таа маса на „виросани“ имаше само 3 лица кои имале дијабетес, 17 кои имале срцево-васкуларни тегоби, говофиме за болести кои ја влошуваат состојбата а просечната возраст на оние кои се однесени во болница изнесуваше 41,5 години Не добивме ниту малку налик на сликата која ни се преставуваше: најстарите се најзагрозени, младие се само преносители.
Во практиката, сега кога се ближиме до бројката од 1.000 заболени, жртви стануваат сите возрасни категории, дури и бебиња, сенилни старци секако, но барем во првата фаза во Македонија, во форма на „увозници“ на опасниот вирус се стопански најактивните, високата средна класа, која се врати од скијачките центри (италијански Алпи, Копаоник, Банско) и која создаде моќни епицентри (кластери) од каде болеста се рашири во неколку скопски општини, во Прилеп, Кавадарци а од таму во Демир Хисар, Велес и т.н.
Но, генерално, населението реагираше на опасноста по фази. Во минатиот број („Следната станица Њујорк“) го цитиравме филозофот
Жижек кој ја споредува епидемијата на новиот вирус со психијатриска шема со која луѓето се соочуваат при терминална болест, опишана од Елизабет Киблер Рос во психијатриска книга „Смрт и умирање“. Населението на погодените градови во историјата, реагирало слично: прво со негирање на болеста, како таа да се случува некаде подалеку, потоа со гнев (заради тоа што некој или некои не казнуваат а не сме го заслужиле), па со идеја за „преговарање“ (не толку лошо, ајде да ги избегнуваме само оние што се болни), потоа со депресијата (нашиот живот е завршен), тогаш, интересно, и со многу последователни оргии (бидејќи нашите животи завршуваат, си ги дозволуваме сите задоволства како што се пиење или секс – добро отсликано во фулмот „Вариола вера“ на Марковиќ). И, конечно, последна фаза, кога преживеаните ја прифаќаат сериозноста: „Еве колку сме, ајде да дејствуваме што е можно понормално“.
Во рамките на фазата на гневот сигурно е дека се развива и извесен социјален анимозитет! На пример отпорот кон дојденците од странство (главно наши гастарбајтери, но започна со агресија кон посетителите кои се затекнаа кај нас а беа од Далечниот исток) е дел од таа фаза. Да се сетиме на оној партиски функционер од Унијата за млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Битола (од кого не се огради никој од неговата партија) кој беше критичар кон носењето на нашите сограѓани – повратници од Малта во хотелот „Епинал“ и кој запали анимозитет кај сограѓаните кон новите соседи а слилчна ракција имаше и во Струмица од дел од населението кон друга група на лица, повратници од други земји, кои беа сместени во „Цар Самоил“, како простор за примена на мерката државен карантин.
Воасветот се познати и други такви форми н изрзување на одбивност кон одредена социјална група. Во Њујорк белџите се против Афроамериканците и Латиносите, што ги преплавуваат болниците, кои пак се социјално инхибирани и затоа се повеќе изложени на болеста. Или во јужните делови на САД се напаѓаат Индијанците кои не можат да одржжуваат лична хигиена – дури 30 отсто од племето Наваха нема свежа вода за изведување на операцијата „чисти раце“!
Но, во западниот свет се јавува и извесен генерациски отпор кон најстарите жители, една не многу видлива и тивка граѓанска војна. Тинејџерите го нарекуваат ковид – 19 во својата социјална комуникација „boomer remover”,, еден вид на уништувач на бејби – бум генерацијата, односно оние кои се родени во доцните 40-ти, 50-тите и раните 60-тите години на минатиот век. Природата обично работи на тоа дефицитот на население да се надоместува со повеќе раѓања после една катастрофа како што беше Втората светска војна и воедно силниот скок на стандардот овозможуваше да постојат многу повеќедетни семејства, па овие генерации беа наречени „бејби бум“ популација. За оваа поделба меѓу генерациите, на „ние“ и „тие“ секако е заслужен и вордингот на власта во многу земји од кого се извлекува заклучок дека младите се тие кои го жртвуваат своето слободно време и се што имале во тој живот пред епидемијата за да ги спасат најстарите. Или поинаку – трпете ама тоа што сега го доживувате го правите за своите дедовци, баби и најстари соседи … Посебно во таа насока е грлат српскиот претседател Вучиќ, кој оваа грижа кон најстарото население ја кажува во секој говор (значи секојдневно по два пати), но доживеа во болница да го испрати својот син (22 години).
Некои колеги преку Атлантикот се запрашаа: зошто смртта на старите или немоќните станала „само“? При тоа постои цитирање на д-р Луис Арисон, професорка по медицина на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, која во текст за Њујорк тајмс, ја отвора дилемата дали ако вирусот не делува на младите тој е практично и безопасен? Или дека не е битно што можеби не се преземени сите мерки ?! Грдо ако чуете дека млад човек е болен или не дај боже починал. Но, зошто е во ред ако од вирусот умираат стари луѓе – се прашува таа.
Американската медицинска статистика, за која наши лекари рекоа дек е беспрекорна, тврди дека две третини од заболените се помлади од 65 години (Центар за контрола на болестите) и дека младите се носени во болниците во критични состојби. Во Србија најголем број на заболените се работоспособни а се чини дека така е и во Македонија. Во Кина 80 отсто од заразените се над 60 години просечната старост на умрените е 81 гоина.
Во нашата традиција, од периодот кога сме билее само земјоделско општество, е да се очекува дека оние со некогашни 60 години се само „уста што се храни“ односно не придонесува многу во полето или со стоката. И во оној легендарен филм „Баладата за Нарајама“ (1983 г. доби Златна палма во Кан а беше во режија на Шохеи Имамура) старите луѓе се носени на врвот на високата планина, за таму да умрат без храна или нападнати од дивите ѕверови. Како во онаа нашата песна „Го пратиле дедо во планина… ама тој се вратил со мечиња“.
Филозофот Ферид Мухиќ на едно неодамнешно гостување во една тв станица рече, очевидно во филмот на една од теориите на завера дека вирусот е измислен за да ги спаси пензионерските фондови ширум светот бидејќи тие се потешко се полнат – старите живеат се подолго, нема доволно млади работници да ги полнат касите…
Економистот Џон Шовен во текстот на д-р Алисон вели дека коментарите за старите луѓе дека тие „и онака се на заминување“ не се веќе само колосално нечувствителни, туку и колосално неточни, наведувајќи друга статистика дек веројатноста денес еден 70-годишпник следната година да умре е само 2 отсто точна! Или дека жена која има 80 години има само 4 отсто веројатност дека следната година ќе биде почината! Значи статистиката им вели на тинејџерите – малку ќе се изначекате!