За да се ослободат родителите со мали деца – до четврто одделение – кои не одат на училиште до наеен, тие ќе одат со своите помали соседи во градинка. Половина од анкетираните родители се плашат од пуштање на децата во „масовни ситуации“
Нормализацијата на работниот процес што се очекува најнапред во угоститлството и туризмот а набргу и во другите гранки, претпоставува дека про ќе се реши проблемот со згрижување на децата. На работните места треба да заминат и оние родители кои беа ослободени од работна обврска а кои имаа дете или деца до 10 годипна возраст. Затоа имаме и скриниг на вработените во предучилишните установи. Од Министерството за здравство велат дека не може ништо повеќе да кажат во врска со градинките додека не биде готов протоколот кој го прави Комисијата за заразни заболувања.
АНКЕТА Според добиените одговори на неодамнешна анкета, 22 проценти од вкупно запишаните деца имаат потреба веднаш да почнат да одат во градинка, додека 45 проценти од вкупно запишаните деца имаат потреба да почнат да одат во градинка откако ќе се укине мерката за платено отсуство на еден од родителите на дете до 10-годишна возраст
Државните детски градинки неодамна направија анкета помеѓу родителите за тоа дали нивните деца имаат потреба за брзо време да појдат во градинките. Родителите одговараа на 2 прашања: „Дали вашето дете има потреба веднаш да започне во градинка во нашата група?“ и „Дали вашето дете имате потреба да започне во градинка штом се укине мерката за дозволено отсуство на еден родител кој има дете до 10 години во нашата група?“ Што покажале резултатите од анкетата?
– Предучилишните установи доставија прашалници до родителите за да се утврди колку деца имаат потреба веднаш да бидат згрижени во градинка, а колку штом ќе се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Според добиените одговори, 22 проценти од вкупно запишаните деца имаат потреба веднаш да почнат да одат во градинка, додека 45 проценти од вкупно запишаните деца имаат потреба да почнат да одат во градинка откако ќе се укине мерката за платено отсуство на еден од родителите на дете до 10-годишна возраст – велат од Министерството за труд и социјална политика-МТСП.
Оттаму објаснуваат дека во тек е подготовката на оперативниот план и на протоколите за повторно почнување со работа на градинките, кои беа времено затворени како последица на Ковид-19. Активностите се одвиваат во соработка на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика. Детали за тоа како би работеле градинките не откриваат.
Инаку, од утре почнува скрининг-тестирање за коронавирус на вработените во градинките, што треба комплетно да се спроведе пред да почнат градинките со работа. Ќе бидат тестирани вработените во сите градинки во државата преку центрите за јавно здравје. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе се тестираат близу 2.000 вработени во градинките, а целиот процес се очекува да заврши за околу една недела.
БОМБ АСТИЧЕН НАСЛОВ Ковид 19 влезе и во градинките – ова беше бомбастичен наслов деновиве. Во масовниот скриниг во Битола, вирусот е потврден кај едно лице од вработениот технички песонал. Тестирани се вкупно 216 вработени низ градинките во овој град. За половина од нив резултатите се готови, за останатите се` уште се чекаат
Во колона, на дистанца од два метра, со страв во очите, една по една седнуваа на малите столчиња за брис, веднаш до заштитените медицински техничари од Центарот за јавно здравје.
Градинката „Буба мара“ е втората на списокот за скринингот што го спроведува државата.
Директорката вели дека мал е број на родителите што сакаат да ги донесат децата во градинка.
Она што ќе биде огромен предизвик на негувателките, откако ќе се отварат вратите на градинките, е одржување на дистанца помеѓу нив и дечињата. За да ги заштитат децата, ќе мора да ги прескокнуваат вообичаените прегратки дадени за утеха. Засега во градинките само размислуваат како дополнително да ги заштитат децата од вирусот, а финалните препораки ќе ги чекаат од здравствените власти, откако скринингот ќе заврши.
Тестирањето во градинките треба да трае 10 тина дена.
Освен негувателките, скринингот вклучува тестирање и на други т.н ризични категории на професии.
Се разгледуваат повеќе модалитети како да се згрижат училишните деца до 10 години, а еден од нив е и тие да бидат примени во градинките.
Сите деца на возраст до 10 години да бидат згрижени во детските градинки кога тие ќе бидат отворени е еден од начините кои се разгледуваат во Владата околу тоа како би се решил проблемот со згрижување на овие деца откако стана јасно дека во училиште нема да се враќаат до крајот на оваа учебна година. Како што неофицијално дознаваме во прилог на оваа идеја е тоа што и досега во текот на летните месеци кога се намалува бројот на деца кои редовно ја посетуваат градинката заради летните одмори во градинките се згрижуваат училишни деца на возраст до 10 години кои нема кој да ги чува. Како што неофицијално дознаваме се разговарало и за евентуална можност училиштата да се отворат но само за згрижување на децата до четврто одделение, без едукативен дел.
ПОЛОВИНА- ПОЛОВИНА Како што дознаваме од вработени во градинките од направените анкети меѓу родителите, околу половината кажале дека ќе ги носат децата во градинка кога ќе се отворат, додека половината рекле дека не планираат да го сторат тоа. Но, од градинките објаснуваат дека и со половина деца ќе биде тешко да се запазат посебни протоколи за заштита од ширење на вирусот.
„Во тек е изготвување на протокол по однос на ова прашање од стана на Комисијата за заразни болести. Веднаш штом имаме завршна информација ќе бидете известени“, се вели во кусиот одговор од Министерството за здравство на прашање дали се разгледува опцијата сите деца до 10 години да бидат згрижени во детските градинки за да може родителите да се вратат на работа.
Иако не се кажува кога градинките ми можеле да се отворат за прием на деца, сепак тие се подготвуваат уште од минатата недела со спроведување на дезинфекција, отстранување на играчки кои тешко се дезинфицираат и слични активности, а оваа недела почна и скринингот на вработените, со кој треба да се открие дали некој од персоналот е евентуално скриен носител на вирусот ковид-19.
Вицепремиерката Мила Царовска рече дека градинките нема да го примаат истиот број на деца како во нормални околости, како и тоа дека ако се укине мерката за ослободување од работа на родителите децата ќе мора да бидат згрижени.
– Знаете дека Владата донесе мерки со коишто ослободи еден дел од родителите од своето работно место, да може да се грижат за децата, како субститут на сервисот градинка. Но, ако почнеме да ги ослободуваме сите економски капацитети, навистина градинките треба да се стават во функција. Еден од чекорите е тестирање на вработените, објасни вицепремиерката Царовска.
Владата откако ги затвори училиштата на почетокот на март донесе и одлука со која се ослободија од работата родители кои имаат деца на возраст до 10 години. Но, бидејќи веќе помина подолго време расте и притисокот овие вработени да почнат да одат на работа што повторно го отвора прашањето кој ќе се грижи за децата. Колку сериозно се пристапува кон овој проблем говори и фактот што Комисијата за заразни болести успеа да изготви протоколи за избори, но се уште не се готови протоколите за работа на градинките.
ПОДГОТВЕНИ ПРОСТОРИИ Како градинка во очекување сме да ни биде закажан терминот кога ќе ни биде направен скринингот. Според мои сознанија тој се прави во самите објекти, што е големо олеснување за вработените, изјави за Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорката на градинката 8-ми Март, Павлина Топузоска.
Околу препораките и насоките од надлежните институции, Топузоска вели дека сите мерки се почитуваат.
– Овој период кога немаме дечиња го искористивме за уредување на просторот, преперување на постелнини, уредување на дворот, така што овој период имамвме вакви оперативни активности. Согледавме дека токму овој период е добар да се искористи за да бидеме уште поподготвени кога ќе се дозволи децата да бидат примени во градинката, рече Топузоска.