Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГРАДОТ ВОРКУТА: МОЖЕ ЛИ НЕКОГАШНИОТ ГУЛАГ ДА СТАНЕ СОВРЕМЕН ГРАД?

May 28, 2019 Filed Under: Свет

Некогашниот логор познат по тоа што симболизираше еден режим и денес не изгледа добро. Во него ништо не се променило – нема заробеници, нема ниту ископи на јаглен, тој систем се распадна. И кривично-казнениот и економскиот

НА УЛИЦАТА ВО ВОРКУТА Тука е секогаш ладмо, има мраз и среде лто

Еднаш, многу одамна, местото беше просперитетен град чии жители го снабдуваа Советскиот Сојуз со јаглен. Ама беше исто така и озлогласениот гула-–работен логор за многу политички затвореници од државата.. Денес, сепак, е само полн со напуштени згради кои ја изгубиле својата намена, откако многу индустриски технологии се сменија, но исто така и поради колапсот на Советскиот Сојуз.

Екстремните температури (во зима може ноќите да станат екстремно студени, околку – 40С), зградите стануваат нестабилни и може да паднат.

Воркута била изградена токму од затвореници во гулагот, но била наменета од индустријата за јаглен, за сместување на рудрите што биле  копчи на јаглен, извор на енергија во регионот.

ВО АВТОБУС Патници се возат по билварот Ленин – тука автомобилот дошол во 2011 година, заедно првиот пат пто е изграден

Веднаш откако рударството исчезнало, многу граови биле оставени на забот на заборавот. .

Воркута е чевртиот по големина град над поларниот круг во Русија. Воедно е главен град на Републиката Коми, составен дел на Руската Федерација.

Името на градот е дадено по тоа што е дел од должината на реката Воркута (првично – Вархута Јахја, која е преведена од ненски јазик како „река која изобилува со мечки”.Фактот дека постои „оган камен” во регионот Печора одамна е познато. Првите научници кои откриле јаглен во овие региони биле Т. А. Борноволоков (1809), А. Денгин (1828), А. А. Кејзерлинг (1843), Е. К. Хофман (1847 .) и други, и првиот претприемач, кој во 19 век (1867) сакал да ги стави богатствата на Северот на служба на човекот, беше рускиот индустријалец М.К. Сидоров, но тогаш царската влада не нашла капитал.

ПОГЛЕД ОД ПРОЗОРЕЦОТ Рудар во пензија – надвор не е пријатно, дали е дома удобно?

Воркута е 150 киломтри во поларниот круг и 180километри од Северниот леден океан. Дури и лете е тука непријатно, бидејќи, влагата која доаѓа од Атланскиот океан се судира со ладниот поларен воздух и постојано создава облаци па градот е ретко под сонцето. Дури и лете тука е можно замрзнување!

До 2011 година тука немало ниту еден автомобилски пат! Единствен сообраќај е железницата и возот. Од таа година Воркута е поврзана со најблискиот соседен град – Сосногорски (Ухте), растојанието меѓу нив е долго 680 киломтри.

Во 2000 година градот добил и гас.

Градот е познт и по тоа што тука имало и силни политички движења, предизвикани од разочарувањето на политичките завореници во гулагот, кои помислиле дека по смртта на Сталин (март 1953 година) ќе бидат ослободени. Но, слободата постојано доцнела. Немирите кои се карактеризирале практично со штрајк – неработењето, главно во рудниците за јаглен, траеле од мај до август таа година. Власта ги нарекла тие настани „бандитизам“. Инаку, бунтовниците биле осудени без рок на траење на робијата, многу бил мал бројот на оние кои имале маловремени казни, околу еден до два отсто. Тука имало и многу полски војници и офицери заробени во 1939 година!

ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ Некогашната сала на фискултурниците

Со одлука на советската влада логорот е предаден од рацете на Министерството за внатрешни во рацете на Министерството за рударство, со што настанала темелна промена. Но, во текот на немирите полицијата убила 53 лица, тешко ранила 135 заробеници  бројот на лесно ранетите бил уште поголем. Според прописите ако еден заробеник се приближил повеќе од 5 метри до полицаеот, можел да биде убиен.

Сето тоа е историја. Судејќи како изгледа и денес Воркута тој е се уште длабоко во историјата.

(Славорум)

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet