Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ПРОТЕСТИРААТ СО МОЛК, ДРЖАВАТА ГИ ОДАНОЧУВА ДОНАЦИИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ!

November 12, 2025 Filed Under: Македонија

Судењето на обвинетите за пожарот ќе се одржи во затворот Идризово на 19 ноември. Сапорт Кочани собра нови11 милиони денари помош за настраданите и нивните семејства ама даде еден милион денари какоданок на државата!

СЕ ОДЛУЧИЈА ЗА ПРОТЕСТ СО МОЛК Тоа е кога сите зборови се веќе потрошени

Кочани повторно маршираше за да не згасне меморијата за 63-те млади чии животи ги однесе пожарот во дискотеката „Пулс“. Родителите и роднините во саботата порачаа дека не протестираат, туку молчат за правда – да се слушне дека зад секој број стои име, семејство и болка. На 19 ноември во судницата во КПУ „Идризово“ почнува судскиот процес; на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица за тешки дела против општата сигурност. Над 200 лица беа повредени во трагедијата на 16 март.

Пораката од маршот во Кочани е јасна: институциите да обезбедат правично и ефикасно судење, со јавно образложени одлуки и без одложувања. Во градот, меѓу белите балони и фотографиите на настраданите, повторно се отвори прашањето за одговорноста — од дозволите и надзорот, до контроли на безбедносните системи. „Ова општество не смее да молчи,“ велат родителите, додека Кочани инсистира сеќавањето да не се претвори во празен ритуал.

Неофицијално се споменува дека оваа сабота протестот за ѓртвите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се одржи во Скопје. Трасата би била – од плоштадот Македонија, па пред Собранието на РСМ се до судскиот комплекс.

Државата нема милост – еден милион денари за данок на државата од  донациите на „Сaпорт Кочани“ – наместо да им ги распредели на семејствата овие пари. Ова сознание ја шокираше јавноста деновиве.

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од парите од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари. Во објавената информација на „Супорт Кочани“ се вели дека од вкупната сума од околу 11 милиони денари, околу еден милион денари се за данок на државата. Средствата се распределени на 137 лица во износ од по 71 илјада и 900 денари за секој. Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ беше формирана со цел да им помогне на настраданите по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од двесте беа повредени.

Судењето за пожарот во „Пулс“ ќе започне на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“. Ќе им се суди на 34 обвинети и на три фирми.

Според обвинението, објектот не ги исполнувал ниту минимално техничките услови за вршење угостителска дејност, немал одобрение за реконструкција, немал основен проект за реконструкција и елаборати, како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, а не бил изработен и план и процена за заштита и спасување.

Filed Under: Македонија

ПЕНДАРОВСКИ: НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ШТО СЕ ЗАТВОРИЛА НЕ СТАНАЛА ГОЛЕМА, ИЗОЛАЦИЈАТА НЕ Е ДОБРА
ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ПРОТЕСТИРААТ СО МОЛК, ДРЖАВАТА ГИ ОДАНОЧУВА ДОНАЦИИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ!
ДОМИНО ЕФЕКТОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЕНА СТРАТЕГИЈА
СТАРТУВАШЕ АНИМИРАНАТА СЕРИЈА „БУКВОЖДЕР“ – НАСЛЕДНИК НА „БУШАВАТА АЗБУКА“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (152): ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „ЗОНАТА НА СМРТТА“ КАЈ ПОКРОВСК

Најново

  • ПЕНДАРОВСКИ: НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ШТО СЕ ЗАТВОРИЛА НЕ СТАНАЛА ГОЛЕМА, ИЗОЛАЦИЈАТА НЕ Е ДОБРА
  • ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ПРОТЕСТИРААТ СО МОЛК, ДРЖАВАТА ГИ ОДАНОЧУВА ДОНАЦИИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ!
  • ДОМИНО ЕФЕКТОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЕНА СТРАТЕГИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet