Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГРАЃАНИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР

October 2, 2018 Filed Under: Македонија

Што му треба на Македонецот да биде среќен – прашува во понеделникот еден од моите Фејсбук пријатели. И одговара – 200 евра плата, турски серии и Ѕвезде Гранда! Оваа едноставна формула лесно ја открива зачауреноста на просечниот гласач кој реши во неделата да остане пред телевизорот, несвесен дека некој го ставил во домашен притвор

А ПОСЛЕ… Невесели лица во славеничката ноќ на „фиромците“

Резултатот на натпреварот за ние кои се за промени и за перспектива за земјата со оние кои не нудат ама баш ништо и кои сакаат на нивните приказни за Александар Велики и нашите руски пријатели, во една измешана и конфузна новоисторија, да им остават доволно простор, како да сме ние некое африканско непознато племе на кое тие ќе му нудат шарени стакленца на нивните измислени стории за минатото е – познат. Од запишани, се уште 1,8 милиони гласачи излегле да гласаат 666.783 граѓани со право на глас, или речиси 37 отсто. При тоа 91,43 отсто о оние кои гласале биле „за“ референдумското прашање. Значи, барем на ова поле, се покажа дека тактиката на неизлегување е поефикасна отколку ако се оди на она што би се чинело логично, а тоа е класичното соочување меѓу „за“ и „против“!

Така и не пак сме кај бојкотот, никако не можеме да го одбегнеме како тема.

ВМРО историски секогаш градел механизми на контрола и инструментализацијата на масите и тука секако има дебело досие. Вкупната организација, како што објаснува еден од основачите на ДПМНЕ – Димитар Димитров, тоа да не биде класична демохристијанска партија туку воена шема, му е дадена на Груевски од страна на актуелниот претседател на Републиката а на понудениот му се допаднала „од прва“.

ВТОЧНУВАЊЕ Заев рече дека ќе даде отставка ако макар и еден глас „против“, од оние кои тоа го заокружиле има повеќе од оние кои гласале „за“

Во тој контекст идејата за бојкот се остваруваше последниот септемвриски ден преку невидлива ригидност – комплетно неизлегување на дел од граѓаните од становите! Дадено е упатство од страна на оној кој рече „кој сум јас да му кажувам некому дали да излезе на гласање и да гласа“, на денот на изборите да не се излегува да се купи дури и леб. Истиот е купен и во саботата, како и се’ друго што треба. Продавачите ми кажуваат дека промет никако нема дури и во понеделникот, како да се случил „судњи дан!“. Јасно, останало доволна залиха од саботната кампања по продавниците.

Но, да се вратиме на неделата, денот за донесување на историска одлука. Општа беззживотност. Во едно сончево пладне на игралиштата во населбата нема ниту дете, во идеални временски услови!? Зошто? Да нема движење на улица, кога некој може да се оттргне од контрола, па да потрча да гласа. Да не се создаде слика на опуштеност и евентуална ведрина, да биде се тмурно и безживотно, па партијата да котролира се. како кај Замјатин или Орвел.
Посебно беше опасна ситуацијата во скопските села, особено во општина Гази Баба. Никој не смее да излезе во дворот, дури и да копне нешто во дворот. Нема ни правење ајвар, рака на срце, но има страв влеан со она – ако излезеш куќата ќе ти ја запалиме, автомобилот нема да го имаш од утре … Во зградите стоеја во сандачињата дури и комерцијалните огласи осравени таму. Таа „хартија“ рутински се собира кога станарите ќе одат во продавница или ќе се враќаат … Но, ако нема движење, ако сите автомобили се на паркингот, ако не се слуша никаде ни детско гласче, и поштенското сандаче е доказ дека некој бил лојален кон Партијата. Затоа тој „смет“ го немаше уште во понеделникот наутро.

Во тие околности, кои рака на срце не се споменуваат како дел од амбиентот, за пред белиот свет да покажеме дека изборите се европски, сторијата се врти околу тоа дали резултатот на референдумот покажал дека Спогодбата од Преспа пропаднала?

НЕУСПЕШЕН Претседателот Иванов прогласува неуспешен референдум – беше избран со одвај постигнат цензус од 40 отсто, при што за него гласале 27 отсто од граѓаните. Но, тој е успешен претседател…

Во една техничка смисла – да. Формално има 1,8 милиони гласачи, треба да се има половина од тоа за успешност на референдумот (0,9 милиони). Но тој заклучок не е и правно – политички точен! Бидејќи референдумот беше консултативен?! Зошто тоа се заборава? Па заради тоа противниците да го прогласат за успешен и дефинитивен одраз на расположението на народот, кој, потсетува Атанас Вангелов, наднаш во штабот на ВМРО ДПМНЕ станал – граѓанин.

Добро е што има и поинакви толкувања, но ние немаме нормален Парламент. Како и некои стотина илјаден народ заробен по домовите, дел од пратениците се  заробеници по улиците и додека седат во Собранието. Тие се само заробеници на својата Партија.
И така дојде понеделник. Како отсега ќе се гледаме со тие граѓани на ФИРОМ што ниту комерцијалните огласи не ги извадиле од сандачето? Како доказ дека ги следеле упатствата на Партијата? Мислат ли тие дека лузната врз својата земја лесно ќе им ја заборавиме?

На својата прес конференција најпрвин порачаа дека Венецијанската комисија препорачала на референдумите да нем ензус. Нашата претставничка таму – Каракамишева, кога веќе се сомневаме дека е креативец, барем да ни ја пренсеше, да беше добар курир.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet