Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГРБЕВСКИ: ИНТЕРЕСНИТЕ РАБОТИ ШТО СЕ СЛУЧУВААТ ВО СКОПЈЕ ЧЕСТО ГИ НЕМА НА МАЛИТЕ ЕКРАНИ

May 14, 2019 Filed Under: Ревија

Тажно е што се случува со македонските телевизии, се сведоа само на дебати и сомнителни серии

ПОТРОШЕНО ВРЕМЕ Граѓаните трошат многу време пред малите екрани а таму не го наоѓаат она што и интересира

Михајло Грбевски, поранешен долгогодишен музички новинар, смета дека македонските телевизии на граѓаните не им нудат квалитетни програмски содржини. Заради тоа, гледачите треба да внимаваат колкав дел од своето драгоцено слободно време ќе го потрошат пред малите екрани.

Што им препорачувате на скопјани да гледаат на ТВ?
– Во последно време ретко гледам телевизија, затоа што домашните телевизиски канали не нудат нешто што го привлекуваат моето внимание. Токму поради ова, јас повеќе се насочувам да гледам странски телевизиски канали, кои за среќа денес се лесно достапни. Денес телевизијата како медиум во светски рамки, полека го менува својот програмски формат, па затоа постојат тематски телевизиски канали: дневно-информативни, научно-едукативни, спортски, филмски, музички, детски и тн. Со ваквиот формат многу полесно можеме да најдеме и да гледаме тоа што нé интересира.

Што би направиле како емисија за да биде задоволителна и вредна за гледачите?
– Тажно е ова што се случува со македонските телевизии, затоа што програмите се сведуваат на дневно-политички дебати, вести во кои повторно политиката е најзастапена, увезени серии со сомнителен квалитет, и емисии без никаков концепт.
Освен информативни содржини, телевизијата треба да го има и едукативниот момент, кој веќе подолго време го нема на нашите телевизии. Мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на едукативните емисии, пред сé наменети за децата. Исто така, недостасуваат и емисии од културата и уметноста во кои која ќе се обработуваат сите аспекти. Но, за да се постигне тоа потребно е да се има и соодветен професионален кадар, кој исто така недостасува.

Дали Скопје е доволно застапено како тема на македонските телевизии?
– Секако дека Скопје е најзастепено во домашниот телевизиски етер, затоа што најголемиот процент од настаните се случуваат тука, од политички, па сé до културни и спортски. Но од друга страна, Скопје не е застапено онака како што му доликува, затоа што во него има многу други поинтересни работи, кои ретко или речиси никогаш не ги гледаме во ниту една емисија, во ниту една репортажа, во ниту еден телевизиски прилог. За тоа се виновни приватните телевизии и нивните газди кои трчаат по профит, а за жал тоа ми се случува и на државниот сервис.

Што сметате дека граѓаните би требало да го избегнуваат и да го сменат каналот?
– Луѓето треба да ги избегнуваат програмите и емисиите кои имаат низок квалитет, кои за жал ги има премногу на нашите телевизиски канали. Со гледањето на таквите емисии нема да имаме никаква придобивка, туку ќе имаме само „изгубено време“. Доколку на телевизија нема ништо интересно, подобро е да се исклучи телевизорот и да се прочита некоја книга, да се отиде в театар, в кино, на концерт…

(skopskoeho.mk)

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet