Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ГРКОВСКА: НАША ГРИЖА ТРЕБА ДА БИДАТ РЕФОРМИТЕ ДОМА, „ЦРНАТА ЛИСТА“ ОД САД ЌЕ ДОЈДЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА

January 17, 2023 Filed Under: Македонија

Борбата со корупцијата е процес кој ќе бара време, но и тоа не е прашање на една политичка гарнитура, на една Влада или на една институција.

ГРКОВСКА ВО СТУДИО Во разговорот таа не сакаше да споменува имиња пред да има обвинение

„Јас не се оптеретувам многу со санкциите и со „црната листа“, тоа е механизам што САД го практикува сите години наназад и кон други држави, исто како и кон нашата. Првиот момент кога списокот ќе биде спремен за објавување тоа САД ќе го направат. Тоа што мене ме интересира не само од позиција на која сум сега, туку и како граѓанин на оваа држава, е што ние прво како Влада, но и генерално сите ние треба да направиме за да ја подобриме ситуацијата и да се спротивставиме на корупцијата како општествено зло“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење,

Грковска додаде дека тоа е процес кој ќе бара време, но и дека тоа не е прашање на една политичка гарнитура, на една Влада или на една институција. Корупцијата е општествено зло и секој од нас, во рамките на своите надлежности,  но и како граѓанин има обврска и должност да се справува со неа.

„Од толку многу инвестирање во експертско знаење, особено во делот на правосудството, каде што  зборуваме за конфискација на имот, во случаи на перење пари, и покрај тоа што знаеме дека голем дел на судии и обвинители се обучувани затоа, ние имаме отворени случаи за перење пари, но нема завршница. Тоа се прашања што ние ги отворивме во нашите активности како Кабинет и треба да најде начин како тоа да се надмине. Мора да ги врземе обуките во рамки на мерит системот за избор. Обуките треба да се сфатат сериозно, тоа е инвестирање во знаење. Не може да одите на обука и после кога ќе се вратите да не примените ништо, а друга земја од парите на своите даночни обврзници ги инвестирале тие пари во нашата држава“, додаде Грковска.

 

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet