Место мост меѓу соседите еден литературен и филмски јунак можеше да стане само повод за уште еден конфликт околу „присвојување на историјата“! Оттаму гестото на Бети Базиана може да биде дел од отворање на нова страница во релациите со соседите
Приказната за Алексис Зорбас како жител на предвоено Скопје несомнено каj нас ни се навраќа еднаш во една деценија, по некој повод кој бргу се заборава, како и ликот на овој сограѓанин кој бил и значаен литературен лик, но и филмски херој, кој за многу лицa од западната хемисфера е токму најтипичниот жител на нашиот јужен сосед – уживател на сите сладострастија, неумерен во ништо, подготвен моментното задоволство комплетно да забоави на она „а што утре?“
Последното потсетување на Алексис Зорбас го направи животната придружничка на грчкиот премиер Ципрас – Бети Базиана, која положи цвеќе на неговиот гроб, заведен во управата на гробиштата Бутел под парцела број 17, алеја 3, гроб број 23. Нема сомнение дека сега пак сите говорат за ликот кој во мислите се идентификуваа со оној корпулентен маж, игран од Ентони Квин и по кој знае кој пат се јавува дилемата – зошто градот во кој Зорбас побарал егзил, бегајќи од потенцијалната воена обврска во земјата која после Првата светска војна отвори долг конфликт со Турција, како дел од веројатна мобилизација на „третоповикувачи“, нема поголема искористливост во плановите на туристичките работници?!
Веројатно е дека до сега имало и скепса дека таквото користење на ликот како дел од омнибусот Скопје би предизвикало можеби кавги, би било сватено и како посвојување на нешто што е симбол на луѓето од грчките острови, иако таквото размислување е погрешно а згора постои комплетна историска поткрепа дека Зорбас убаво си поминал во предвоено Скопје – имал пари, добро друштво во кафената Маргер, тука му пораснала ќерката и се омажила.
Има различни податоци за тоа кога Зорбас точно дошол во градот каде починал, ама некои новинарски статии,, кои не се повикуваат на сигурни извори, вдовецот Јоргос (Георгиос) во пролетта во 1922 година со возот од Солун пристигнал на железничка станица во Скопје, заедно со неговата 10-годишна ќерка Екатерина (Катина). Побарал да се смести во хотелот „Ловец“ кој бил близу до железничката станица. Е, тука обично се замислува дека тој хотел бил близу до железничката станица која се урна во земјотресот во 1963 година. Но, во 1922 година тој можел да стигне само во станицата која е изградена во турско доба, кога возот сгинал до градот од Солун и која се наоѓала во подоцнежната населба Мичурин, пред се онаму каде во 1982 беше пуштена најновата, актуелна железничка станица. Онаа зграда која скопјани ја викаат Стара железничка станица е пуштена во користење во 1937 година. Практично железницата, тогаш ЈЖ, во 1982 година се врати на својот првобитен имот! Е тука се симнал Зорба и прашање е дали тргнал по некогашната улица Краљ Петар, како што пишуваат некои автори или таму имало некоја друга? Каде бил тој хотел тигаш? Веројатно некаде во Маџир маало или во Ново маало, каде своевремено биле и делови на сегашната населба Пролет.
Хроничарот на Скопје Данило Коцевски пишува дека „Ловец“ бил спроти железничката станица, ама веројатно не се работи за онаа која падна, туку која била срушена и тоа на улицата која се викала „Принц Ѓорѓе“ (по братот на кралот Александар Караѓорѓевиќ). Бидејќи споменатиот принц не бил омилен во династијата, јасно е дека ниту хотелот не бил во центарот на градот.
Зорба или Зорбас носел име Јоргос, но тука се споменува по буквалниот превод – Георгиос, кој му се „одомаќинил“. Тој располагал, веројатно со некаков капитал, бидејќи, почнал да вади камен во денешно Бањани и добро го продавал а наводно му пишал и на својот прител Казанѕакис, оној кој го опишал подоцна во романот, да дојде во Скопје, ама овој тоа не го сторил. Живеел со некоја вдовица – Љуба (тој тип на однос без обврски е исто така опишан во романот „Гркот Зорба“!).
Во некои странски весници стои дека животот на Зорбас во Скопје го истражувале грчките новинари и дека дури во 1996 година ја поврзале сторијата за него, откако ги нашле потомците на семејството Јада – она каде се омажила Зорбасовата ќерка Екатерина.и чии имиња стојат на надгробната плоча во Бутел. Впрочем, Зорбас е погребан во гробиштата кои се протегале од дворот на сегашното МВР до првите улици во ридовите на Црниче. Коските на погребаните требале роднините да ги селат во следната дестинација (сегашно Усје) а по трет пат во Бутел. Некој тоа грижливо го правел, ама не бил интересен за мештаните.
Старател на семејната гробница, чија надгробна плоча е скромно обновена кон крајот на осумдесеттите, е блиска роднина на семејството на Зорба.
По написите во грчките весници кон крајор на минатиот век во Скопје дојде композиторот Теодоракис и имаше претстава во МОБ а потоа се врати назад кон старата омраза кон македонскиот народ, како кон „крадец на нивната историја“.
„Несомнено, постојат многу личности кои дале свој придонес во градењето на културниот идентитет на регионот, личности врз чии дела можат да се градат мостови за продлабочување на културните врски со земјите од го претстави своето музичко дело ’Гркот Зорба’. Министерството за култура и во иднина е подготвено за соработка и за реализација на различни проекти од културата кои се од заемен интерес и кои ќе овозможат претставување на македонски уметници и на грчки уметници во двете земји“, најавуваат од ресорот култура за еде наш медиум.
(продолжува)