Обвинение за Артан Груби, Прпарим Бајрам, екс генералниот владин секретар Димовски и за уште 4 лица за „Државна Лотарија“ – Обвинителството бара Груби да остане во домашен притвор

Обвинение за Артан Груби за Лотарија и предлог да остане во куќен притвор поднесе скопското обивнителство. Заедно со уште 7 мина обвинети мегу кои и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски екс директорот на Државната Лотарија Прпарим Бајрами кој е недостапен се товарат дека во 2023 и 2024 ја злоупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 8.2 милиони евра со одлуката за набавката на видеолотариски терминали.
„Тие биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото“, соопштија од ОЈО Скопје.
Според обвинението Бајрами доставил информација до Димовски за потребата Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на срека. Димовски ја преложил информацијата да се стави на дневен ред на владината сендица со која претседавал тогашниот вицепремиер Груби
„Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Северна Македонија во својство на собрание на Државната Лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво“, велат од ОЈО Скопје
Владата ја усвоила информацијата, а останатите обвинети претседател и членови на надзорниот одбор, спротивно на законот, одобриле да се спроведе јавната набавка на видеолотариските терминали, информираат од обвинителството.
Од Кривичен велат дека го прифатиле предлогот на обвинителството за куќниот притвор на Груби. Информираат и дека согласно ЗКП, со оглед дека е поднесен обвинителен предлог, мерката може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесувањето. Преку АКМИС, предметот е распределен кај судијката Билјана Шуплиновска – Јовевски, а стартот на судењето е закажан за 24 август.
Груби се врати во државата по 14-месечно бегство му беше сменета мерката во куќен притвор. Тој се предаде на граничниот премин Блаце на 23 февруари годинава. Обвинението доаѓа пред истекот на рокот од шест месеци по кој ќе требаше да му биде укината мерката, доколку истрагата немаше епилог.
Демократската унија за интеграција реагира на поднесеното обвинение, оценувајќи го како апсурдно и политички мотивирано.
Партијата бара целосна транспарентност на постапката, еднаква примена на законот и меѓународен надзор над случајот, посочувајќи дека по две години истрага јавноста треба да биде запознаена со доказите врз кои се темели обвинението.
Од ДУИ велат дека не бараат привилегија, туку правична постапка и независност од политичко влијание.
Елена Ивановска Мукоска




