Костас Спиропулос е предмет на напад на дел од јавноста за сексуално вознемирување во шоу бизнисот. Нема скрупули – се злоупшотребуваат и малолетнички од 11 години се до ѕвезди од највисок ранк, како една Бонд-девојка
Сведоштвата за сексуалното вознемирување во индустријата за забава во регионот се претворија во лавина. Три актерки од Грција излегоа и тврдат дека биле жртви на сексуално вознемирување од познатиот актер и режисер Костас Спиропулос.
Трите истакнати актерки – Елени Боти, Агелики Лампри и Лукија Михала излегоа со заеднички долг пост на социјалните мрежи чија цел е, преку својата приказна, да ги поддржат оние кои излегуваат со свои сведоштва и да придонесат во сензибилизирање на јавноста за проблемот со сексуалното вознемирување и за негово соодветно санкционирање.
„Водени од храброста на жените кои достоинствено и смело го осудија сексуалното злоставување или вознемирување и физичко или вербално насилство претрпено од луѓе кои ја користеа својата моќ над своите жртви, ја даваме оваа изјава денес и јавно објавуваме дека сме биле жртви на сексуални акти од страна на актерот и режисер Костас Спиропулос. Сметаме дека е наша обврска пред нашите деца и млади да го поддржимње објавување на вакви инциденти со цел да се огрничат и прекинат “, пишува Елени Боти во својот пост, кој е„ ко-потпишан од актерките Агелики Ламбри и Лукија Михала.
Во меѓувреме, и други професионалци од областа излегоа во поддршка на трите филмски ѕвезди, сметајќи дека е крајно време на овој жежок проблем да се гледа со поизострен диоптер. Особено што се покажа сексуално насилство имало врз 11-годишно девојче од нејзиниот продуцент. Најпозната жртва е Тоња Сотирополу (18) која глуми Бонд девојка во продукцијата за агентот 007.
Една глобална слика за сексуалните уцени во шоу бизнисот кај нашиот јужен сосед изнел британски Гардиан , потпирајќи се на истражувањето на Прототема http://en.protothema.gr/three-actresses-accuse-director-kostas-spyropoulos-of-sexual-harassment).
Необично е што Спирополус доби отказ на Грчката национална телчевизија, но не за сексуалното вознемируваљње! Имено, отказот се должи на фактот дека направил документарен филм каде биле наводно пропагирани турските серии, што заради анимозитетот кон се што е турско во Атина беше оценето како „непријателски акт“. Инаку Спропулос беше актер, потоа и режисер ама стана и генерален директор на грчката државна телевизија ЕРТ. Информацијата ја објави турскиот приватен телевизиски канал НТВ
Режисерот на документарниот филм Жури Авероф се прашува како е можно некој што го нема гледано филмот да има мислење за него. „ЕРТ си најде причина да го избрка Спиропулос“, истакна режисерот. Во документарниот филм „Судбина“ се објаснува како благодарение на турските серии е променет моделот на муслиманската жена во светот и бил создаден профил на современа жена од Ориентот.