Ова го тврди проесорот Фрчкоски на своето гостување на новата ТВ1 во рамките на „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов. Професорот смета дека засега преговорите се движат горе-долу во рамките на проектираните цели
Фрчкоски говори за умерениот оптимизам по последната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Тој говореше и за за тоа што може да се очекува од финалната фаза на процесот на преговорите за името. Какви клаузули може да содржи евентуалниот договор за името?
Профессрот Фрчкоски говорејќи за темата се повика на она што се појавило во весниците, пред се во грчките. Рече на почетокот дека кај клучните прашања – тоа се идетитетските – би искомнтирал дека тие се движат во насока која ја посакувавме. Во тие преговори не може да обидете се, ама нас не не оштетуваат тие решенија кои, како кај името е со географска одредница (слушаме дека е Горна Македонија) и тоа на сите светски јазици со нормален превод, иако е јазикот македонски, исто така е со нормален превод (со фуснота дека се работи за словенски јазик). Ако се работи за државјанство ќе има дообјаснување -државјанство на Горна Македонија… Тоа се решенија кои нас не не оштетуваат по главните линии, повтори професорот.
– Сега тука настана еден нов проблем со нашиот Устав, До пред 4-5 години Грците не се обѕирнуваа на нашите внатрешни акти, вклучувајќи го и Уставот. Тие беа за еден вид на меѓународен договор кој ќе биде потврден и од Обединетите нации. Да бидеме до крај стручни во објаснувањето на поимот „ерга омнес“ – тоа е решение кое се однесува на меѓународна употреба и тоа не треба да е поврзано за внатрешшното право, Спрема тоа ова што сега тие го бараат би го означиле како „ерга омнес плус“ – истакна Фрчкоски..- Би можеле сега нели да спориме – како ова, зошто ова, но со тоа се соочуваме.
– Нашиот став е дека уставни промени не се потребни и не се гаранција за Грција, направи споредба соговорникот, а нивниот коментар е следен – имало во Германија судски спор каде германски суд го оспорил меѓународниот спор со коментар дека Уставот е над меѓународните договори! Тие се повикуваат и на една наша одлука на Уставниот суд, во времето кога претседател беше Милан Нетков. Уставниот суд имено оспори некои делови од Догорот за Окта, без да навлезе во суштината, туку беше во однос на начинот на кој договорот е донесен! Имено, Уставен суд не може да го отвора договорот, кој не е во негова надлежност, туку расправаше како е тој договор ратификуван во Парламентот а тоа може да го прави, тоа е внатрешна работа. Тоа е коментар на Коѕијас зошто сега Уставот им е важен. Но, тоа не е точно бидејќи суштината на меѓународен договор не може да ја загрози ниту извршната, ниту судската власт, вклучувајќи го и Уставниот суд.
Можеби зад ова барање, проценува професорот, да стои нешто друго – и да го смените насловот на Уставот, сега треба да менувате имиња на стотици институции (Македонска телевизија на пример) и вие не можете тоа да го правите бидејќи тоа се прашања од интерен карактер.
На прашање на водителот дека во разговорите во Охрид се споменува некаква временска рамка, Фрчкоски објасни (со оградување дека „некои сметаат“) дека таа временска рамка го дава распоредот што и до кога ќе се имплементира. „Ние не можеме тука да одгатнеме што и кога некои прашања ќе се имплементираат, ама тоа можеме да го дознаеме од грчките коментари. Така, во таа рамка е дадено како македонската страна ќе се однесува во еден период кон прашањето на промената на Уставот, на пример.(напоменувам – се работи само за промена на името во Уставот а ништо друго и ниту еден член внатре).
Што би регулирала временската рамка? Па да речеме дека ниту насловот на Уставот нема да се менува следните седум години, се до мигот на нашето влегување во ЕУ..Тоа би било некаде 2025 година. – Бидејќи, ние со самиот влез мораме да менуваме некои членови од Уставот, мислам дека беше член 118, тоа го бара чинот на влегување во една заедница, значи кога имаме постапка бидејќи мора да применуваме директно некои сегменти од европското законодавство. Тогаш мора да сменува тој член, па воедно ќе се менува и името во насловот во Уставот. Тоа е компромис и мислам дека ќе се оди по таа линија – расчленуваше професорот.
Ако ова го решиме, според грчката Алфа телевизија, ние веројатно ќе добиеме покана за членство во НАТО и влезот ќе зависи само од ратификацијата на таа покана во поединечните парламенти на членките во Алијансата. Тоа е процес кој трае, од една до година и пол а во меѓувреме е можно некои од темпоралните решенија да биде активирано. Тоа би требало пак да ги смири страстите во грчкиот Парламент – заклучи во доста долгиот разговор професорот, кој говореше и за многу други актуелни и тековни прашања од разни области.