Претседателот на Собранието на државата Њујорк, Карл Хисти, рече дека му одобрил на Комитетот за правда да започне истрага за отповикување на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, кога вкупно шест жени го обвиниле за сексуално вознемирување
Поранешна соработничка која го обвини гувернерот на Њујорк Ендрју Куома дека ја допрел несоодветно, поднесе кривична пријава против него во канцеларијата на шерифот во округот Албани, објави канцеларијата викендов. Жената, чие име не е соопштено, претходно им рече на државните истражители дека Куомо еднаш ги допрел нејзините гради додека биле сами во резиденцијата на гувернерот во Олбени. Ова е најсериозното обвинување за сексуално вознемирување со кое се соочува Куомо, пренесува Ројтерс. Поранешната соработничка е меѓу 11 жени кои, според истражителите, биле сексуално малтретирани од Куомо.
Гувернерот наа Њујорк, демократ, е под зголемен притисок да поднесе оставка поради овие обвинувања, кои му го побара и претседателот Џо Бајден. Тој исто така се соочува со процес на отповикување во Градското собрание.
Жената која поднела кривична пријава им кажала на истражителите дека Куомо ја повикал да дојде во резиденцијата во ноември 2020 година, дека ја однел во соба, ја затворил вратата, ја ставил раката под кошулата и го допрел за градите, според извештајот на истражителите, објасни главниот обвинител на Њујорк, Летиша Џејмс. Извештајот, исто така, заклучува дека Куомо и неговите соработници работеле за да се одмаздат за барем една жена која се пожалила против гувернерот затоа што дошла до доверливи информации за нејзиното вработување во медиумите.
Обвинителката Џејмс рече дека Куомо ги прекршил федералните и државните закони против сексуалното вознемирување на работното место, но додаде дека е спроведена цивилна истрага и дека таа нема да гони гувернерот на Њујорк. Кривичната пријава прво ја пријави Њујорк пост, а портпаролот на канцеларијата на шерифот потврди дека е поднесена.
Куомо ги отфрли обвинувањата, но призна дека е „близок“ со луѓето. Неговите соработници рекоа дека контактирале со олбанската полиција во март, кога поранешниот соработник поднел обвинение против Куом. Резултатите од независната истрага за Куом веќе беа побарани, меѓу другото, од олбанското окружно обвинителство, кое, сепак, не потврди дека е поднесен официјален извештај. „Ова е прашање што во моментов се разгледува“, рече портпаролката Сесилија Волш.
Претседателот на Собранието на државата Њујорк, Карл Хисти, рече дека му одобрил на Комитетот за правда да започне истрага за отповикување на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, кога вкупно шест жени го обвиниле за сексуално вознемирување. Државниот обвинител Летиша Џејмс веќе спроведува истрага за наводите против гувернерот. „Обвинувањата за злоупотреба на жени од страна на гувернерот се многу сериозни“, рече Хести.
Куомо негираше се што шесте жени го обвинуваат, а повеќето од нив се негови поранешни соработници. Во петокот обраќајќи им се на новинарите, гувернерот на Њујорк повторно ги отфрли обвинувањата и рече дека повиците на политичарите да поднесат оставка, пред да ги добијат сите факти, се „непромислени и опасни“.
„Жените имаат право да излезат во јавноста и да бидат сослушани, и јас го охрабрувам тоа. Меѓутоа, јас исто така сакам да бидам јасен: тука е и прашањето за вистината. Јас не го направив она што се тврди”, рече Куомо.
Последниот по ред е соработникот на Куомо, кој за Њујорк тајмс изјави дека го допира Куомо, откако го поканил во својата вила за наводно да заврши некоја работа. Гувернерот на Њујорк ги отфрли тие наводи и тој не одговори на барањето за коментар од Ројтерс. Ројтерс, исто така, не можеше да ја потврди автентичноста на наводите во Њујирк тајмс. Куомо им се извини на сите жени минатата недела за однесувањето што ги направи непријатно, но инсистираше на тоа дека никогаш не допрел никого без согласност.
Многу претставници на Њјорк, вклучително и колегите на Куом од Демократската партија, го повикуваат гувернерот да поднесе оставка. Оставката на Куомо, меѓу другите, беше побарана од голем број членови на Конгресот од Њујорк – вклучувајќи ги Александрија Окасио Кортез и Гyери Недлер. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, исто така, верува дека „Куомо повеќе не може да биде гувернер“. Куомо пак рече дека нема да поднесе оставка и побара од јавноста да ги чека резултатите од истрагата пред да го донесе својот суд. Де Бласио, долгогодишниот политички ривал на Куомо, смета дека последните обвинувања се многу вознемирувачки.