Книгите пренесуваат многу различни перспективи надвор од нашите сопствени искуства, вели канцеларот
„Литературата е одлична работа, таа ви овозможува да споделувате искуства што ги немате и честопати не сакате да ги имате“, рече Шолц а пренесува агенцијата Ројтерс. Според германскиот канцелар Олаф Шолц, социјалните мрежи ги потврдуваат веќе формираните мислења на луѓето и ова е „проклетство“, пренесува Хина.
„(Тоа е) проклетството на социјалните медиуми: да можеме да се чувствуваме удобно во нашите меури, каде што добиваме само работи што ни се предлагаат што одговараат на она што отсекогаш сме го сметале за правилно“, рече социјалдемократскиот политичар за саботното издание на германски весникот Зидојче цајтунг.
Но, „новото, непознатото“ е посебна работа. Шолц во едно интервју рече дека тоа е она што го привлекло на читање.
Книгите пренесуваат многу различни перспективи надвор од нашите сопствени искуства, вели канцеларот.
„Сакам само да читам“. Шолц рече дека книгите ги смета за „прекрасно надополнување“ на разговорите што ги води со граѓаните како политичар.
„Сите овие разговори ми даваат како политичар различни согледувања и ставови за граѓаните кои живеат многу поинаку од мене. Но, книгите додаваат книжевна компонента на моите искуства, не сакам да го пропуштам тоа“.
Канцеларот продолжи да кажува дека „едноставно сака да чита“. „Понекогаш повеќе, понекогаш помалку, понекогаш повеќе романи – потоа повторно повеќе нефикција. Фазите се менуваат“, вели Шолц.
Кога беше претседател на подмладокот на неговата партија, на пример, имаше „интензивна научно-фантастична фаза“.
Не сака да чита легнат, откри Шолц. „Ако сакате да се концентрирате, подобро е да заземете исправена положба. Така, читам на стол, во фотелја, на прозорец, во автомобил и во авион“.
„И јас само седев на подот, се потпирав на ѕид и читав“, додава германскиот канцелар..