На Законот за заштита на укажували сепак не треба да се гледа само како на алатка во борбата против корупцијата, туку и како механизам кој ќе ја зајакне демократијата, владеење на правото, конкурентноста и општеството во целина.
Еден од последните инструменти кој Македонија го доби за борба против корупција е Законот за заштита на укажувачи. Многу очекувања малку резултати. Законот е донесен во ноември 2015 година како резултат на т.н. договор од Пржино,во кој се вградени највисокитемеѓународни стандарди засновани на светската и меѓународнатапрактика. На овој начин, без поголема јавна расправа, ниту од страна на сите засегнати чинители, ниту на оние на кои им се наметнуваат обврски, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за заштита на укажувачи и истиот беше објавен во Службен весник на Република Македонија бр.196 на 10.11.2015 година.
Но дали можеме да кажеме дека тоа е успех?
„ Политичарите преку ноќ се согласија за донесување на законот,не затоа што е постигнат повисок степен на политичка зрелост и секаконе затоа што кај нив постои искрена желба да се обезбеди ефикаснозаштитено пријавување. Одлуката за донесување на законот бешедонесена како резултат на политички преговори и во најголем дел какоодговор или против тежа на Законот за заштита на приватноста. Токмузаради тоа и после полни четири години од неговото донесување, не постои особено голема заинтересираност и подготвеност законот да се примени. Институциите во државниот и јавниот сектор не преземаадоволно меркиво насока на обезбедување на лице кое ќе ги прима и проверува пријавитево самата институција, во рамки на заштитено внатрешно пријавување.Исто така, и институциите кои се надлежни да воспостават механизам за заштитено надворешно пријавување: Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Народниот правобранител не преземаа некои значајни активности за неговата операционаизација. Најчест изговор за инертноста во примената на Законот е немањето на ресурси, односно дека за тоа не постојат материјални и технички услови“ вели професор др. Слаѓана Тасева претседател на „Транспаренси Интернешенел- Македонија“.
На граѓаните уште не им е јасно што значи да се биде укажувач, а надлежните институции не превземаат доволно активности за негова примена, ниту се до крај подготвени за прием на пријави од укажувачи.
Државна комисија за спречување на корупција има подготвено Стратегија за промоција на системот на заштита на укажувачите со која треба да се подигне видливост и оперативност на Законот, но нејзината реализција и акциски план чекаат 2020 година, под услов да се обезбедат средствата од странски донатори за нејзиното спроведување. Овој Закон е важен од повеќе причини, а неговата оперативност е директно повзана и со поглавјето 23 (борба против корупција) за пристапување во ЕУ.
Токму затоа, целт на ова истражување не е да ги критикуваме институциите, туку поттикнување да се воспостави и зајакне правна и институционалната рамка за ефикасен систем за заштита на лицата укажувачи да се подигне видливоста на Законот и да се влијае на зголемување на неговата оперативност.
СЛАБА ПОЛИТИЧКА ВОЉА Од теренското истражување кое го направивме, Законот не е оперативен ни во институциите кои се задолжени за неговата имплементација. Во институцијата Народен правобраните уште официјално не е именувано лице кое треба да прима пријави, не е воспоставен протокол за прием на пријави од укажувачи, ниту мерките за нивната заштита. На веб страницата на оваа институција нема транспарентни информации во врска со Законот и процедурите за пријавување. Во оваа институција од донесување на Законот нема ни една пријава за корупција или дејствија кои се спротивни на јавниот интерес поднесена врз основа на Законот за заштитено пријавување. Обидот на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски да укаже на непрвилности на работата во Државниот универзитет во Тетово, односно незаконското назначување на министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули за вонредни професори на ДУТ заврши неславно бидејќи неговиот идентитет веднаш беше откриен, а тој, поради обидот да се спротивстави на криминалот,доживеа невидена тортура и притисоци. Илиевски беше подложен на дисциплинска постапка и деградиран, а на крајот на октомври Народниот правобранител оцени дека е спорно и деградирањето на инспекторот, и назначувањето на тројцата функционери за професори.
Во Министерството за внатрешни работи не е потполно воспоставен безбедносен канал кој би ја гарантирал заштитата на укажувачот. Во оваа институција со над 12.000 вработени(според Ребалансот на буџетот 12.264 вработени), осум Сектори за внатрешни работи, четири Регионални центри за гранични работи и стотина полициски станици од општа надлежност, за безбедност во сообраќајот, полициски канцеларии или полициски станици за гранична контрола или надзор и десетици други организациски единици,именувано е само едно одговорно лице за прием на пријави од укажувачи.
ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИ ВО МВР: Насер Камбери, овластено лице за прием на пријави од укажувачи вели дека засега, во МВР тој е единствениот за прием на пријави по основа на Закон за заштитено внатрешно пријавување. „Јас сум од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, инаку сум началник на одделението за внатрешна контрола и криминалистички истраги.Во Бирото за јавна безбедност постои Оддел за економски криминал и корупција, каде што може да се пријават кривични дела од областа на корупцијата„ вели Камбери.
Тие сеуште имат технички проблеми да ја организират работата според протокол за заштитено внатрешно пријавување, немат посебна деловна книга за класифицирани информации од укажувачи, тукутие се регистрират во деловна книга која се води во одделот за внатрешна контрола. Од ова произлегува дека не е обезбедена максимална заштита на укажувачи.
Министерство за правда дури во оваа, четврта година од донесувањето на Законот се обидува да воспостави контакт со јавни инситуции,иако законот важи и за приватни компании, и да добие повратни информации дали превземале или ќе превземат мерки за операционализација на Законот. Од донесување на Законот во 2015 година Министерство за правда работело на усогласување на некои одредби на Законот со препораките на Венецијанската комисија и ги следи активностите на ЕУ во оваа област. Од 1.314 јавни институции(според Годишниот извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор за 2018 година, Министерство за информатичко општество и администрација) Министреството за правда доставило анкетен прашалник до 317 институции со молба да одговорат што превзеле во врска со спроведување на процедурите предвидени со Законот. Меѓу нив беа сите 80 општинии град Скопје, Министерства, Агенции, Совети, Судови, Обвинителства, Дирекции, Секретаријати, Комисии, неколку јавни претпријатија, МРТ, Државни железници, национално ловиште Јасен… 60 проценти или 190 јавни институции одговориле на анкетниот прашалник. Анализа на нивните одговори ќе се прави во наредните две години, велат во Министерството.
Државната комисија за спречување на корупција се гордее со вкупно 18 пријави кои се поднесени од усвојување на Законот, од кои неколку се во фаза на обработка. Очекуват помош и донација од меѓународни организации да ја реализирзат стратегијата, која би ја подигнала оперативноста на овој Закон.
(продолжува)