Според Законот, инситуциите и другите правни лица се должни на секои шест месеци да поднесуват извештај до ДКСК. За непочитување на оваа одредба се предвидени и високи парични казни. Институциите неја почитуват оваа законската обврска, а не функционира ни казнената политика.
подготвил: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
истражувал: АЛЕКСАНДАР Н.ПИСАРЕВ
Во суштина станува збор за недостаток на политичка воља овој законда заживее и да почне вистински да се применува. На овој начин вработените во иституциите и граѓаните сеуште се длабоко обесхрабрени и незаштитени, што многу јасно се гледа и од спроведените анкети за истражување на јавното мислење.
Нo, на овој инструмент сепак не треба да се гледа само како на алатка во борбата против корупцијата, туку и како механизам кој ќе ја зајакне демократијата, владеење на правото, конкурентноста и општеството во целина.
ДРЖАВА ВО КОЈА СИТЕ СЕ „ПОЗНАВАТ“ Почетокот на борба да се оствари ова право е уште во далечната 2011 година кога „Транспаренси интернешенел – Македонија“ го актуелизираше ова прашање и поднесе Предлог за подготовка на новиот закон за заштита на укажувачите до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Министерство за правда врз основа на доставениот предлог тогаш се произнесе дека истиот е инкорпориран во Стратегијата.
Целокупната институционална структура на државата треба да бидат ослободени од политичко и економско вмешување. Од друга страна, истите треба да бидат добро опремени со ресурси за ефикасно исполнување на нивните мандати за да им помогнат на граѓаните во решавањето на нивните потешкотии предизвикани од коруптивни дејствија.
Венецијанската комисија во извештајот наведува дека усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи беше резултат на голем политички договор со кој се тежнееше да се постигне нормализирање на политичкиот живот во земјата во одредени околности. Тие констатирале дека иако законот стапи во сила на 19 октомври 2015 година, а започна да се имплементира од 18 март 2016 година, институционалните механизми во практика се имплементираат со потешкотии а некои делови на Законот мора да бидат изменети и дополнети. Во извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година, Европската комисија укажува дека се потребни значителни правни, институционални и практични подготовки за ефективна примена на Законот.
Собранието ги прифати сугестиите, и со измените се овозможува поголема заштита на укажувачите и меѓудругото се обезбедува една институција (ДКСК) која ќе врши надзор за спроведување на законот. Но познавачите на оваа проблематика велат дека, согласно најновите европски директиви, ова нее доволно.
ЏРНОГОРСКИ ИСКУСТВА Поради самиот факт дека се работи за мала држава со испреплетени семејни, пријателски и бизнис врски и релации, кај граѓаните на Македонија постои страв да пријават корупција или криминал бидејќи можат да бидат откриени и да трпат последици. Поради тоа каналите за пријавување мора да бидат функционални механизми кои ќе обезбедат максимална заштита на пријавувачи. Со тоа граѓаните ќе бидат охрабрени да се вклучат и дадат свој придонес во борбата против корупцијата. Ирена Поповска, раководител на одделение за спречување на корупција и одговорна за примена на Закон и прием на пријави од укажувачи во ДКСК, вели дека кога се зборува и размислува за заштита на укажувачите, за Македонија би било применливо искуството кое го има Црна Гора во примена на сличниот Закон.
„Бидејки и кај нив се работи за мала држава со мал број на жители каде постои ризик лесно да се открие идентитет на дојавувачот, Црна Гора примени многу интересен начин на пријавување од страна на укажувачите. На својата веб страна црногорската Агенција за спречување на корупција има посебна веб-апликација, и секој пријавувач кој сака да пријави корупција или криминал си одредува сам свој ИД-код (идентификациски код, н.з.). Значи, не мора ни да се појави, ниту да отиде во Агенцијата, ниту да затропа на вратата во некоја институција па да каже пријавувам корупција, едноставно пријавува под кодно име и никој него знае неговиот идентитет и незнае дека тој поднел пријава, а институцијата си постапува спорд законот и ги проверува наодите од пријавата. И тоа е нешто што побуди голем интерес кај нас и ќе видиме какви ќе ни бидат можностите овој систем да го примениме и во нашата пракса. Да избегнеме било каков физички контакт помеѓу пријавувач и институцијата во моментот кога тој сака да пријави корупција или криминал и да го заштитиме максимално неговиот идентитет. Тоа ни се виде како многу добро, напредно и охрабрувачко искуство за оние кои што ќе сакаат да бидат укажувачи“ вели Поповска.
ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКНОТ Магистерот по правни науки Бојан Георгиевски оценува дека постојат некои работи кои треба да се подобрат во Законот. Потребна е дополнителна заштита која ќе ги охрабри укажувачите да пријавата корупција или криминал или други дејствија кои го нарушуват јавниот интерес. Тогаш укажувачите треба да уживат судска заштита и заштита на интегритетот. Има уште една спротивност во македонскиот Закон и во однос на тоа што го предвидува европската директива. Каналите за пријавување, кај нас се од редовите на државните институции, а во европските насоки тие треба да бидат во државните институции, но одделени финансиски и структурално од нив.Европската предлог-директива предвидува каналите за пријавување што се дел од самата институција да бидат воспоставени во самата институција, но да бидат финансиски и структурално независни за да не бидат подложни на влијание од државата или од некои институции.
ИЗГУБЕНАТА ДОВЕРБА ТЕШКО СЕ ВРАЌА Без разлика на тоа што законот е во сила, а сега се усвоени измени, спроведувањето не е многу успешно. Тоа се наведува и во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата, која според Законот е должнa до Собранието да достави годишен извештај за примени пријави од укажувачи. Во извештајот објавен лани, а во кој се анализира претходната година, комисијата наведува дека имплементацијата на Законот е на незадоволително ниво, што, како што пишуваат антикорупционерите, првенствено се должи на отсуство на изразена политичка воља за воспоставување на системот на заштита на укажувачите во јавниот и приватниот сектор.
Софка Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, на Конференцијата која во текот на летото ја организираше „Транспаренси Интернешенел – Македонија“ посветена на овој Закон рече:„ Некако по природата на нештата ДКСК ја презеде улогата за грижа, условно речено, за спроведувањето на законот. Иако за надзор над спроведувањето на законот е надлежно Министерството за правда, ние се препознаваме како институција која што сега, условно кажано, во едно ново претставување, сака да биде, без претензија на самобендисаност, лидер во туркањето на работите што се врзани со спроведување на законот. Фактот дека јавноста сеуште не беше подготвена за ваков Закон, е тоа што дури сега гледаме ефекти. А зошто? Во нашата држава довербата во институциите беше целосно на ранишана- нула, или под нула, и многу е тешко да вратите доверба кај граѓаните во институциите. Да не бидам саркастична, ама повеќе од 80 отсто институции не знаат дека воопшто има закон за заштита на укажувачите. И тоа е голема пречка. Вие ако не знаете дека има таков закон, како потоа би постапиле? Тоа се неколку сегменти кои треба да ги имаме на ум кога говориме за примената на законот“ вели Пејовска-Дојчиновска.
Таа вели дека во однос на Заонот, неопходно е подигнување на свеста, подигнување на свеста на целата јавност, на граѓаните, но најнапред на луѓето во јавниот сектор и кои што се овластени за прием на пријави, затоа што е сериозна постапката, бара пристап кој што има многу чекори, и кампањи од секаков вид, пошироки обуки, прво скалило да бидат овластените лица, втората целна група да бидат вработените во јавниот сектор, приватниот сектор, граѓаните.
Според она што ние го истраживме, постои голем број на сложени системи со неколку илјади вработени, со истуриени единици низ цела држава во кои работат стотици вработени, а на ниво на целиот ситем има само едно или нема ни едно лицекое еопределоно за прием напријави од укажувачи. Такви примери има многу. УЈП – Управа за јавни приходи има 1.172 вработени,има шест регионални дирекции и 17 даночни одделениа низ државата, а на нвната веб страна освен име на едно лице (инспектор за професионални стандарди) кое е назначено да прима пријави според овој Закон, нема никакви други упатства. Агенција за вработување има 30 подрачни едици во државата и има именувано двајца овластени лица за прием на пријави врз основа на Законот и процедури и начинот за пријавивање., Агенција за јавни патишта има истурени единици низ цела држава, на нивата веб-страна, како што предвидува и Законот транспарентн е објавено името на лице коие е овластено да прима пријави според Законот, правилник за негова инплементација, упатство и одредбите од Законот.ЈП национални шуми има 30 подрачни единици со скоро 1300 вработени,ЕВН, МЕПСО на нивните страни не успевме да пронајдеме транспарентно објавени подтоци за примена на Законот.
Според податоци на Министерството за информатичко општество, Единици за локална самоуправа имат формирано на локално ниво 788 јавни институции, Влада 428, Претседател 1, Републиката 70, Собрание 27,јавни институции, сите тие се обврзани да го применуват Законот за заштита на укажувачи.
Ирена Поповска, раководител на Одделение за спречувење на корупција во ДКСК, вели дека Јавните институции кои имат повеке истурени оделениа низ државата , според Законот би требало да имат повеќе овластени лица за прием на пријави од укажувачи. „Сите јавни институции и приватни компании, комори, агенции, здруженија според Законот се должни на своите веб страници или во просториите каде се сместени на видни места достапни до секој вработен или граѓанин да ги објават транспарентно податоците на овластеното лице за прием на пријави- значи неговото име и презиме, поштенската адреса, телефонскиот број, имеил адресата, заедно со конплетната процедураи начин на пријавивање. За да секое она лице кое самото се чувствува дека може да се јави во улога на укажувач, знае однапред со кого да комуницира, што го чека во текот на постапувањето по неговата пријава.
Но дали е така ? „Ние како ДКСК сме задолжени да водиме регистар на овластени лица за прием на пријави од укажувачи согласно ЗЗУ (Закон за заштита на укажувачи, н.з.) и истиот да го објавиме на нашата веб-страна. Јас во изминатиот период изготвив регистар, негде податоците ми се околу 100 лица пријавени, меѓутоа, интересно е тоа што на почетокот, кога почна примената на законот, институциите ми ги пријавија лицата, во меѓувреме имав сознанија дека има промена во лицата, меѓутоа, не сум повратно информирана за тоа кои се сега овластени лица. И последната обврска што стои, тоа е дека сите овластени лица треба да доставуваат полугодишни извештаи, два пати во годината, со сите податоци околу тоа дали има примено пријави од укажувачи, со сите елементи кои што ги пропишува подзаконскиот акт вели Поповска.
Покрај персоналниот сегмент на тој систем за заштитено внатрешно пријавување, битно е да бидат исполнети просторно-технички услови, лицето да има соодветен работен простор, добро е тоа да биде некој простор надвор од видео-мониторингот во институцијата, бидејки тоа може да биде некој ограничувачки фактор. Потоа, лицето да има посебен компјутер, со влез, корисничко име и лозинка познати само за овластеното лице, да има посебна електронска адреса, исто така со влез, име и лозинка познати само на овластеното лице, посебен приемен штембил, посебен деловодник, посебно поштенско сандаче, телефонска линија, документарен ормар за чување на документи.
Практично ни една од институциите во целост не ги исполнува овие услови.
(продолжува)