Од 1.314 јавни инсируции чии основачи се Влада, Парламент и ЕЛС само неполни сто го испочитувале Законот за заштитено пријавување и именувале одговорни лица. Меѓутоа ни една нема објавено протокол за пријавување, нити редовно двапати годишно поднесува извештај до ДКСК. И ДКСК до сега изготвила само еден извештај кој во 2018 година го доставила до Собрание, со оправдување дека скоро цела година не беа именувани членови на Комисијата
подготвил: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
истражувал: АЛЕКСАНДАР Н.ПИСАРЕВ
Во рамки на овој проект, а со цел да провериме колку се запознаени и информирани вработените во разни институции за можностите да ја корстат оваа алатка за борба против корупција и колку се заштитени ако пријават корупција во своето опкружување направивме блиц истражувањае на веб страните на неколку познати јавните институции, здравствени установи,големи компании, комори, здруженија…и ги нотиравме тие кои немаат: ЕВН, АМСМ, Стопанска комора на Северна Македонија, Лекарска комора на Северна Македонија, Комора за приватно обезбедување, Централен регистар, градежните компании Адора, Голден Арт, Дабар и Елена Лука, просурфавме на веб страниците на големи трговски ланци Тинекс, Веро, Кам маркет, нажелезара Макстил, Цементарница Титан, Брако, Болница за душевни болести Бардовци, болница Систина. И тие кои имат: МВР,
ПОТРЕБЕН Е ВЕТЕР ВО ГРБОТ Катастарот, УЈП, Агенција за државни патишта, Агенција за вработување, за да видиме колкав е степенот на нивната информираност за постоење на овој закон, дали ја исполниле својата законска обврска и дали именувале лице за прием на пријави според Законот за заштита на укажувачи, дали се трнапарентно обајвени процедурите за пријавување, какви се и дали се безбедни каналите за заштита на укажувачите. Резултатите не се воопшто охрабрувачки.
Очигледно е дека во институциите во државата е се уште релативно ниска свест за потреба од заштита на јавниот интерес и дека поради тоа треба да алармираат ако е извршено, се извршува, или ќе се изврши кривично дело или некое друго незаконито и недозволиво однесување.
Сите тие, според Законот, имаат обврска да воспостават систем за заштитено пријавување од страна на укажувачи во самата институција и тоа треба да биде објавено на влезот од самата институција на видно место или нивната веб страница. А обврските се однесуваат и за приватните компании кои имаат вработено над 10 луѓе.
„За жал досега многу малку институциите најавија дека тоа го направиле, а и тие што најавија дека тоа го направиле во нивни институции не постои јавно објавена информација како тоа се прави и каде може некој да се обрати“, вели Тасева.
Од 1.314 јавни инсируции чии основачи се Влада, Парламент и ЕЛС само неполни сто го испочитувале Законот за заштитено пријавување и именувале одговорни лица. Меѓутоа ни една нема објавено протокол за пријавување, нити редовно двапати годишно поднесува извештај до ДКСК. И ДКСК до сега изготвила само еден извештај кој во 2018 година го доставила до Собрание, со оправдување дека скоро цела година не беа именувани членови на Комисијата.
Државната комисија за спречување корупција сака да даде ветер во грбот на сите потенцијални укажувачи дека законот е тука, со цел да ја регулира заштитата на пријавувањето, особено, во делот на тоа укажувачите да бидат потполно заштитени и да бидат сигурни дека ништо не може да им се случи доколку ги испочитуваат процедурите предвидени во законот. Тие ги охрабруваат институциите што побрзо да си именуваат, да си овластат лица кои што би работеле со укажувачи, бидејќи само така, заедно, сите здружени можеме да застанеме на браникот на демократијата и на човековите права.
Анализата на доставените полугодишни/годишни извештаи за приемни пријави од укажувачи од страна на институциите до Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2016 година и податоците во нив дека во првата година од спроведување на Законот не е евидентирана ниту една пријава доставена од укажувачи а заклучно со оваа година се примени само 18 пријави, покажа дека свеста на овластените лица и вработените лица во институциите од јавниот и приватниот сектор, како и на пошироката јавност за воспоставениот систем на пријавување и заштита на укажувачите, е на многу ниско ниво и оттаму е неопходна силна медиумска кампања за подигање на јавната свест.
„Државната Комисија за спречување на корупција подготви Стратегија за промоција на системот за заштита на укажувачите со што треба да се зголеми видливоста на овој Закон, но таа уште не се применува бидејки немаме доволно средства да ги спроведеме активностите кои ги планираме и чекаме на донаторите од странство кои би помогнале во нејзината реализција, очекуваме да почнеме со нејзиното спроведување во 2020 годинапосле што ќе следи донесување на акцискиот план. Сакаме благовремено да укажеме на неконзистентност на некои елемнти од овој закон и да помогнеме тие да се отклонат. Сепак, оценуваме дека довербата за применивоста на овој инструмент кај граѓаните расте, вели Поповска.
Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, вели дека Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси која ја подготвува ДКСК, кога ке биде завршена, овој пат ќе оди пред пратениците на Собрание на Република Северна Македонија да ја усвојат како документ со кој ја изразуват политичката воља да застант зад мерките кои ги предлага ДКСК и кои се во неа предложени.
Од моментната, актуелна ситуација околу оперативноста на Законот нетребаме да бидеме обесхрабрени бидјејќи и многу поразвиени демократии во Европа имаа долг процес за неговата имплементација и оперативност. Во Холандија на пример, тој процес траеше три години, што значи дека законот треба да биде добро втемелен и да се направи проверка на други регулативи.
Според Мирјана Најчевска, професорка на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања неспроведувањето на законите кај нас е генерален проблем.
„Законите не се соодветно презентирани. Според мене не е доволно донесувањето на овој закон, туку ќе мора многу да се работи, прво на неговото пропагирање, а второ на јасно објаснување на граѓаните на кој начин ќе може да го употребат”, вели Најчевска.
КОЈ, КАКО И ШТО ПРИЈАВУВА Пошироко гледано, и обичните граѓаните не се доволно запознаени дека постои законско право да го пријават секој обид на корупција во јавни и приватни институции. Тоа произлегува од Законот за укажувачи . Според овој закон постојат неколку нивоа и механизми за пријавување на корупција, при што дојавувачот-укажувач и неговите лични податоци се потполно заштитени.
Системот за укажување може да биде ефикасен само ако е составен од оперативна, нормативна и институционална рамка, која го унапредува општиот интерес на транспарентност и одговорност. Ова значи дека регулаторната рамка треба да создаде соодветни канали за пријавување, или во организацијата каде што се случил престапот или во надворешно тело со мандат да го истражи и соодветно да постапи по престапот. Дополнително, јавното пријавување- преку традиционални или социјални медиуми- мора да биде перципирано како легитимно, бидејки постои нераскинлива врска меѓу јавниот интерес, слободата на изразување, и правото да се прима информација.
Мораме да разјасниме дека според Законот, Укажувач е практично секој полнолетен граѓанин на Република Македонија и при пријавување на корупција тој и неговите лични податоци се максимално заштитени.
Пријавување може да биде на неколку нивоа.
Законот посебно ги стимулира и ги штити како укажувачи самите вработени во јавните институции, кои можат да ја пријават секоја корупција или сомнеж за корупција во својата установа. Тоа може да биде лице кое е во работен однос во институцијата, кандидат за вработување, хонорарец, привремено вработен, лице кое по било кој основ било ангажирано во институцијата, лице које било во деловен однос со институцијата или соработувало, или правно лице које имало релации со институцијата…..
Станува збор за потполно заштитено пријавување при што идентитетот и личните податоци на пријавувачот се комплетно заштитени. Пријавувањето може да биде внатрешно, надворешно и јавно, пријавувачот треба да има добра намера и таа да е во функција на заштита на јавниот интерес.
Заштитено внатрешно пријавување подразбира пријавувач на корупција тоа да го направи во институцијата во која се сомнева дека поединци се корумпирани или има докази дека е извршена корупција, или некое друго незаконито постапување со кое е повреден јавниот интерес. Пријавувањето може да се направи усно или во писмена форма кај овластено лице во институцијата, или овластено лице за прием на пријава од укажувач. (тоа подразбира дека институција треба да назначи овластено лице за оваа функција, така предвидува Законот), и тоа на формулар кој го има подготвено институцијата. Тоа овластено лице, раководно лице или како е назначено мора да постапува според процедурите кои се утврдени со актот за внатрешно пријавување. Заштитено внатрешно пријавување во институциите од јавен сектор се уредува со акт што на предлог на ДКСК го донесува министерот за правда, тие акти и упатства морат да бидат јавни и достапни до сите вработени во институцијата, односно правното лице.
Заштитено надворешно пријавување подразбира дека укажувачот кој се сомнева дека во некоја јавна институција, министерство, служба, инспекција, управа… има корупција, тоа може да го пријави и надвор од таа институцијата. Пријавата треба да ја достави до надлежното јавно обвинителство, Министерство за внатрешни работи, ДКСК, Народниот правобранител на Република Македонија и други надлежни институции, односно правни лица и тоа може да го направи усно или во писмена форма, а надлежна институција е должна без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од прием на пријавата да го информира пријавувачот за превземените мерки.
Укажувачот може и преку медиуми, конференции за печат или на друг начин јавно да обелодени корупција во некоја инститција со тоа што информациите со кои располага за корупција ќе ги направи јавно достапни до сите граѓани и институции, укажувајќи дека се извршува или ќе се изврши казниво дело корупција.
(продолжува)