Според Законот, сите јавни институции се должни да именуваат надлежно лице кое треба да прима пријави од дојавувачи, или раководно лице која ќе ја врши таа работа. Меѓутоа, најчесто овластеното лице е воедно и раководно лице, што кај пријавувачи внесува страв од репресии доколку се пријави корупција
подготвил: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
истражувал: АЛЕКСАНДАР Н.ПИСАРЕВ
Законот предвиува и прекршочни одредби за правни лица и раководни лица доколку не се придржуват до овие одредби и процедури. И тоа со казна од 3000 до 6000 евра во денарска против вредност ќе се казни овластено лице назначено за прием на пријави од укажувач, односно раководно лице во институцијата доколку неги почитува одредбите на Законот, а со 2000 до 4000 евра ќе се казни институцијата.
Според овој закон, сите јавни институции се должни да именуват надлежно лице кое треба да прима пријави од дојавувачи, или раководно лице која ќе ја врши таа работа. Меѓутоа, најчесто овластеното лице е воедно и раководно лице, што кај пријавувачи внесува страв од репресии доколку се пријави корупција. Иако корупцијата е широко распространета, иако е голем процент на граѓаните врз кои имало притисок за корупциј,а кај граѓаните не постои високо ниво на свесност или воља да ја пријават корупцијата.
ШТО ПЛАНИРА ЕУ Според терминологијата на ЕУ каде се уште многу се дискутира за оваа категорија на луѓе, Свиркач или укажувач е лице вработено во некоја институција или компанија во која забележал неетички или незаконски практики, однесување спротивно на јавниот интерес, и за тоа решило да ја извести јавноста. Ваквите лица потоа многу често се соочуват со отказ од работа, тужби, закани па дури и убиства.
Затоа Европската комисија предложи нови правила за заштита на укажувачите кои би требало да важат во сите земји-членки. Таканаречените свиркачи, или укажувачи на измами, финансиски малверзации, даночни затајувања, нелегално користење податоци, корупција и слични незаконски дејствија би требало да добијат поголема заштита од евентуалните последици. Тоа е содржано во новите правила предложени деновиве од страна на Европската комисија. До ова доаѓа откако активисти за транспарентност искажаа серија критики за законодавството на ЕУ во врска со слабата заштита на укажувачите и немањето гаранции дека тие, откако ќе посочат на некакви неправилности, нема да бидат изложени на репресии.
ИНСАЈДЕРИТЕ Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК зборувајќи за значајот на дојавувачи, неодамна изјави за Радио Слободна Европа дека: „Доколку луѓето со инсајдерско знаење немаа храброст да зборуват, многу актуелните скандали никогаш немаше да бидат обелоданети. На пример, Панама документите, Луксембуршките, Дизелгејт, и Кембриџ аналитика… Но, тие луѓе, превзедоа огромен ризик, легален, па и физички, за нивните кариери и за нивниот живот. Укажувачите често плаќаат висока цена за нивните постапки. Затоа, верувам дека треба подобро да ги заштитиме“.
Европската комисија смета дека нејзиниот предлог за новите правила ќе значи промена на играта. Односно компаниите ќе мора да воспостават интерни канали и за укажувачите и да ги заштитат од репресии, како отпуштање од работа, понижување, па дури и судски постапки. Истовремено постојат и правила и заштита од евентуалните злонамерни или неточни укажувања.
„Нашите нови предлози ќе ги заштитат луѓето кои ќе укажуват и се соочуват со можни негативни последици, без оглед на нивниот работен статус. Значи, не само вработените, туку и оние што се по договор за дело, привремените и апликатни за работа.Заштитата ќе се однесува меѓудругото на сите оние кои ќе демаскират илегални активности во јавните набавки, финансиските услуги, перењето пари, нуклеарната безбедност, безбедбноста на храната, приватноста и заштитата на личните податоци и слично“ изјавил Франс Тимерманс.
(крај)