Едно време и СФРЈ имаше висок удел на инвестиции во БДП, но за разлика од Јапонија и Кина, чии стапки на раст беа седум и 12 проценти со години, во Југославија немаше раст, бидејќи парите одеа во бесмислени, делумно измамнички проекти. какви што беа познатите ФЕНИ, Обровац и илјадници други, од кои СФРЈ имаше само загуби
ДАНИЦА ПОПОВИЌ
Во осумдесетите години на минатиот век често се зборуваше дека „жолтата раса“ ќе го заземе светот. Јапонците, поточно. Тоа ќе го постигнат затоа што се бескрајно вредни, способни, образовани… Европа тешко се помири со тоа, па веројатно таму е анегдотата за тоа како Јапонците за инает на Швајцарците му ја испратиле најтенката метална жица на светот , а Швајцарецот утредента им ja вратиle – прободенa ! Сепак, сите зборуваа за „јапонското чудо“: таков беше описот на економија со просечен економски раст од седум проценти годишно, но внимавајте – во период од десет години! Патем, тоа никогаш не сме го постигнале, а како што стојат работите – и нема да го постигнеме.
ВОЛШЕБЕН РАСТ Со таков раст, Јапонија веќе ги престигна САД во 1985 година на ниво од 20.000 долари по глава на жител бруто домашниот производ. Трката продолжи се додека Јапонија, десет години подоцна, не го достигна нивото од 44.000 долари по жител, станувајќи убедливо најразвиена земја во светот. И тогаш, на крајот на деведесеттите, тој раст наеднаш забави. Тогаш се роди терминот „јапонизација“, кој ја опишува замката на долгорочна стагнација со постојан пад на цените, кога населението не троши, корпорациите не инвестираат, а банките седат на купишта пари што ретко кој сака да ги позајми.
Приказната за „јапонизацијата“ на Кина започнува токму тука, во моментот кога Кина почнува да го успорува својот економски раст, исто како што некогаш тоа го правеше Јапонија. Има толку многу сличности во нивниот економски развој – со децении Јапонија растеше со стапка од седум проценти, а Кина со дванаесет проценти годишно… Во основата на овој раст лежеа инвестициите – во Јапонија тие изнесуваа околу 36 проценти, а во Кина полни 43 отсто од бруто домашниот производ! Слична практика е забележана во Јужна Кореја, Тајван и другите „азиски тигри“ – со една забелешка: овие инвестиции, во сите овие земји, беа продуктивни.
НЕПРОДУКТИВНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СФРЈ: Зошто го кажувам ова? Затоа што поранешната СФРЈ во осумдесетите години на минатиот век имаше иста стапка на инвестиции како Кина и Јужна Кореја! Знаете ли колкав економски раст имавме тогаш? Нула проценти, во просек! Зошто? Затоа што тие инвестиции отидоа во бесмислени и делумно измамнички проекти како што се познатите ФЕНИ, Обровац и илјадници други, од кои СФРЈ имаше само загуби. Ова е клучната разлика помеѓу југословенскиот и кинескиот социјализам: Кина (се’ уште) е првенствено претприемачка земја, а дури потоа социјалистичка земја. СФРЈ тогаш беше само социјалистичка, без ни трошка претприемачки дух – и така заврши
Но, да се вратиме на Кина и Јапонија… Големата сличност лежи во тоа што двете земји силно ги стимулираа банкарските заеми, со сè поповолни услови, што ги охрабри дури и оние кои никогаш не ги вратија долговите. Покрај тоа, во двете земји беше формиран сив банкарски пазар – каде што инвеститорите можеа да ги заобиколат државните лимити за кредитирање, како и други ограничувања кои ја зачувуваат стабилноста на финансискиот систем. И така, чекор по чекор, финансиските шпекулации станаа попрофитабилни од бизнисот во реалниот сектор, оттогаш балонот не престана да расте.
ШПЕКУКЛАТИВЕН БАЛОН Според аналитичарите на Ситигруп, постои „впечатлива сличност“ меѓу Кина и Јапонија, од ерата кога пукна шпекулативниот балон во Јапонија. Други, пак, зборуваат за фактот дека Кина не мора да оди по тој пат. Зашто, за да дојде до „јапонизација“, потребно е земјата да води цврста монетарна политика, која всушност не наликува на Кина. На крајот на краиштата, Кина со години спроведува девалвација, што беше намерата на кинеските власти – да се зголеми конкурентноста на кинескиот извоз во Европа и САД, а тоа, да потсетиме, делумно доведе до трговска војна меѓу Кина и САД. .
Кина, згора на тоа, има можности да учи од искуството на јапонските и американските шпекулативни меури на пазарот на недвижности – и има само една лекција: клучната работа е кинеската влада да избегне дефлација, која заедно со нула економски раст , е коренот на „јапонизацијата“.
Што е најважно, економскиот раст на Кина се уште е далеку од нула, оваа година ќе биде околу пет проценти! Тоа ќе биде доволно за, со инфлација од два или три проценти годишно, цените на пазарот на недвижности полека ќе се дефлационираат, за Кина да ја избегне „јапонизацијата“.
Зошто ни е важно? Веројатно не за нас лично. Сепак, Кина речиси две децении е локомотива на растот на светската економија, од која добивме и ние. Сè уште ќе го имаме – ако Кина ја избегне „јапонизацијата“.