Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДАЛИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ БЕА КРАЈ НА ПОСТОЕЧКИОТ „ЦЕНТАР“ ВО ПОЛИТИЧКА СМИСЛА?

October 27, 2021 Filed Under: Колумни

НИКИЦА КОРУБИН

Дали слабата излезност, која не успеаа да ја зголемат ниту независните листи, се должи меѓу другото и на отсуство на сериозни политички сили на „центарот”?

Зошто коалицијата Дом/Лдп настапи самостојно на овие локални избори? Ова е прашањето кое остана во сенка, во главната дебата која се води за исходот од првиот круг на локалните избори, а се однесува главно на променетите сили помеѓу двете главни политички партии од македонскиот блок. Но, дали слабата излезност, која не успеаа да ја зголемат ниту независните листи, се должи меѓу другото и на отсуство на сериозни политички сили на „центарот”? Првичните анализи, упатуваат на тоа. Затоа останува нејасен одговорот, зошто воопшто две политички партии со долг стаж, дел од владина коалиција во законодавната и извршната власт, се обединија во нејасна коалиција, се чини прилично неспремно и површно, и се „разголеа” во целост? Дали ги предвидоа последиците од својата постапка, последиците за нив самите?

Ако, се гледа само „зелениот” дел од коалицијата ДОМ и нивните резултати во општини каде беа во директен натпревар со независните листи, чиј настап главно гравитираше околу заштитата на животната средина и урбанизмот, резултатите се поразувачки и го отвараат директно прашањето: кој е во моментов главната „зелена” сила во Македонија, независните или традиционалната зелена партија? Тоа е пред се’ случајот во општините Центар и Карпош, но ништо поразлична не е ситуацијата ниту во Струмица и Босилово. Во Тетово, оваа коалиција од „центарот” воопшто не настапи.

Во Битола оди на сметка на ЛДП, каде независната листа има дупло повеќе гласови од коалиционата на „центарот”, а никако не оди во прилог тоа што тука како самостоен кандидат настапи и претседателот на партијата. Единствено ситуацијата е изедначена во Скопје, и во советот и кај градоначалниците, и тоа заслужува анализа и од друг аспект.

Од овие првични анализи, за овој сегмент на изборите, се отвараат многу прашања, кои дел се однесуваат на мотивот за самостоен настап на овие две партии, кои со овој заеднички резултат прилично си ги ослабнаа позициите, но и ја покажаа вистинската состојба со малите партии, од „центарот”; го отвараат прашањето зошто Северна Македонија се’ уште нема силна, автентична и самостојна партија од „центарот” и дали токму на тоа се должи драстичниот пад во излезноста последните два изборни циклуси; и која е всушност смислата на постоење на партијата? Одговорите ќе се формираат во периодот што следи.

Но, она што останува како главна дилема, е како било која политичка партија ја разбира воопшто политиката, без разлика голема или мала? И што е политичка партија, кругот на раководството или кругот на членовите? И кој од тие два аспекта ги креира процесите и ги носи одлуките, и дали тие се свесни и согласни за причините, но и последиците од своите одлуки. Во моментов се чини дека не се. А, најмалку се свесни за последиците по државата.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet