Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДАЛИ МЕСЕЧЕВАТА ПОЧВА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕССУДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ ВО ВСЕЛЕНАТА?

July 22, 2025 Filed Under: Ревија

Иако постојат стратегии за извлекување вода од површината на Месечината, тие вклучуваат повеќе енергетски интензивни чекори и не земаат предвид колку јаглероден диоксид се користи за производство на горивото

МАЈА ПЕРОСКА

Месечевата почва би можела да биде клучна за одржување на животот во вселената, сугерира ново истражување. Научниците од Кинескиот универзитет во Хонгконг развиле технологија што може да извлече вода од Месечевата почва и да ја користи за претворање на јаглеродниот диоксид во кислород и хемиско гориво. Технологијата користи сончева светлина за да генерира топлина потребна за процесот.

Студијата вели дека откритието би можело да отвори нови врати за идните мисии во длабоката вселена, со намалување на огромните трошоци за испраќање основни ресурси како вода на Месечината.

За илустрација, еден галон вода (3,78 литри) моментално чини околу 83.000 долари (71.230 евра) за транспорт со ракета, а просечниот астронаут пие околу четири галони (15 литри) дневно.

– Никогаш целосно не ги замисливме „магичните“ способности што ги поседува Месечевата прашина – рекол водачот на студијата, Лу Ванг.

Иако постојат стратегии за извлекување вода од површината на Месечината, тие вклучуваат повеќе енергетски интензивни чекори и не земаат предвид колку јаглероден диоксид се користи за производство на горивото.

Екстремните услови на Месечината ќе продолжат да претставуваат предизвик за собирање големи количини кислород и вода. Научниците предупредуваат дека големите температурни флуктуации, зрачењето и ниската гравитација ќе го отежнат одржувањето на производството. Исто така, јаглеродниот диоксид што го издишуваат астронаутите нема да биде доволен за да ги задоволи потребите за вода, кислород и гориво на целиот екипаж, се вели во студијата.

Filed Under: Ревија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet