Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДАЛИ НА БУГАРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА СРПСКОТО СЦЕНАРИО?

November 4, 2025 Filed Under: Свет

Санкциите против Лукоил се покажаа како часовник што отчукува не само над пазарот на горива. Тоа беше фирма која беше изолирана од секаква контрола и од плаќање на данок на добивка

РАФИНЕРИЈАТА ВО БУРГАС Преку неа оди 80 отсто од преработната нафта во Бугарија па вотекот на продажбата е можно српско сценарио – блокада на пумпите!

ЕМИЛИЈА МИЛЧЕВА

Зборовите на руската амбасадорка Митрофанова (со ингеренции за Западниот Балкан – н.з.) беа практично првата официјална потврда од руска страна дека Лукоил ја напушта Бугарија. Како неодамнешното милениче стана активен имот на продажба?

„Лукоил“ се повлекува од Бугарија, а државата добива шанса да одлучи чии интереси ќе доминираат во иднина и дали ќе продолжи да го штити големопродажниот монопол на пазарот на горива.

Повеќе од две децении, компаниите на приватната руска компанија беа недопирливи од властите и регулаторите. Тие ѝ обезбедуваа имунитет – и за доминантната позиција на пазарот и за неплаќање данок на добивка. Но, статусот кво е прекршен. Европските санкции врз руската нафта поради војната во Украина и даночните мерки против Лукоил го претворија поранешното домашно милениче во имот на продажба. Рафинеријата Бургас ја изгуби својата привилегирана позиција, а нејзините поранешни покровители несомнено веќе бараат начини да профитираат од претстојната промена на сопственоста. Бугарската влада би можела да го блокира тоа ако докаже дека зад купувачот стои руски или белоруски капитал.

Продажбата на бугарските средства на Лукоил првпат беше спомената во есента 2023 година, но 21 месец подоцна, нема договор. Во јануари оваа година, премиерот Росен Жељазков го објави во парламентот својот интерес за рафинеријата и синџирот бензински пумпи, најавувајќи седум потенцијални купувачи – и дека преговорите продолжуваат. По уште половина година, руската амбасадорка Елеонора Митрофанова во едно интервју изјави дека „подружниците на Лукоил често се подложени на невиден притисок од државните органи“, а исто така спомена и „уште една антимонополска истрага“ што започна во јуни. Клучот е во следните две реченици: „Под такви услови, нема ништо изненадувачки во фактот дека централната канцеларија на Лукоил во Москва ја разгледува можноста за продажба на сите средства во Бугарија. Конечна одлука, доколку ни е познато, сè уште не е донесена“.

Пред еден месец, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) започна истрага против „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД и „Лукоил-Бугарија“ ЕООД за да утврди дали намерно го ограничиле увозот и трговијата на големо со горива и со тоа го нарушиле пазарот и предизвикале повисоки цени. Истрагата е фокусирана на снабдувањето и трговијата со бензин и дизел А-95Н.

Но, оваа акција тешко дека е причина за јавна критика од страна на  Митрофанова, која всушност известува дека најголемата приватна нафтена компанија во Русија ќе ја напушти Бугарија.

Со оглед на молчењето од „Лукоил“, изјавата на Митрофанова е практично беше првата официјална потврда од руска страна дека продажбата е неизбежна. Така, рускаата амбасадорка превентивно обезбедува легитимитет за повлекувањето – за да не изгледа како повлекување од страна на „Лукоил“, туку како резултат на непријателски притисок.

Процесот на можна продажба на Лукоил Нефтохим може да се претстави како успех на Западот или на бугарската политика за ослободување од руското влијание и руската зависност, па затоа дипломатката е пред овој наратив. „Со Лукоил се постапува неправедно“, се чита меѓу редовите. Овој пат, амбасадорката Митрофанова, која си дозволи неприфатлив јазик кон Бугарија, е воздржана, па дури и ја „потврдува“ политиката на владата велејќи дека Софија „строго ја следи координираната паневропска линија на поддршка за Киев“. Бугарија се ослободува од руската зависност, а Митрофанова го претставува тоа вака – во 2024 година, Русија за прв пат нема да биде меѓу десетте водечки трговски партнери на Бугарија. За една година, трговијата се намали за 74% главно поради прекинот на увозот на руска нафта и замената на дел од руското нуклеарно гориво за нуклеарната централа Козлодуј со американско гориво од Вестингхаус. По прекинатото отстапување минатата година, „Лукоил“ ја замени руската нафта со нафта од Казахстан, Ирак и Тунис.

И пред Лукоил, уште еден руски бизнис го напушта бугарскиот пазар. Српската нафтена компанија НИС (Нафтна индустрија Србија), во сопственост на Газпром, ги продава своите 22 бензински пумпи под брендот Газпром (2,6% од вкупниот пазар на горива). Причината е што поради руската контрола, НИС е вклучена во листата на компании санкционирани од САД.

Изјавата на Митрофанова може да се протолкува како сигнал дека исходот од продажбата на рафинеријата и синџирот од над 220 бензински пумпи на Лукоил е неизбежен во наредните месеци. Сепак, конечното одобрување е кај бугарските институции во лицето на Меѓуресорскиот совет за проверка на странски директни инвестиции и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

ЛУКОИЛ Е ФИНАНСИРАН ОД ДРЖАВАТА Индикативно е дека Лукоил во Бугарија е во загуба а сепак работи – ја поркива државата а индиректно и ја помага руската војна против Украина

Меѓуресорскиот совет, чии членови со право на глас се 13, мора да го проучи потенцијалниот купувач и ефектите од договорот за рафинеријата врз пазарот на горива и националната безбедност, а исто така да обезбеди „оперативна интеракција“ со Европската комисија. Владата успеа да ги усвои правилата за својата работа кон крајот на јануари, но никогаш не објави кој вицепремиер ќе биде нејзин претседател – се чини логично дека тоа ќе биде Томислав Дончев, чие портфолио вклучува иновации и раст.

Преку Меѓуресорскиот совет, бугарските лидери можат да влијаат на договор вреден најмалку 1 милијарда долари, за кој најверојатно ќе биде во тек и неформална координација со Лукоил. Значи, дали купувачот на рафинеријата во Бургас ќе биде од полско, казахстанско или азербејџанско потекло – ова зависи и од бугарските власти.

Без Лукоил, Газпром и Росатом во бугарската економија, руското влијание во бугарската политика видливо ќе еродира. Бучната реторика на русофилите ќе остане како преостаната лојалност, но без економската моќ зад неа, таа повеќе нема да биде значаен фактор. Нејзината вистинска вредност ќе стане јасна во моментот кога нема што повеќе да даде.

(dw)

Filed Under: Свет

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА
НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: ГНЕВОТ НЕ Е ДОВОЛЕН
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025: ГЕНЕРАЛНО МИРЕН ПРОЦЕС СО СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ

Најново

  • КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
  • КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
  • ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet