Бугарската функционерка Чернева смета дека само ако се смени владата во Софија ќе има напредок во спорот со Македонија. Изборите во Бугарија закажани за 4 април. Кој е кој на бугарската политичка сцена?
Во обраќањето до нацијата во средата попладне бугарскиот претседател Румен Радев објави дека одлучил парламентарните избори да ги распише за 4 април, една недела подоцна од претходно најавуваниот термин – 28 март. Тој, како што соопшти, веќе го потпишал и указот за тоа.
Тој изминативе денови имаше консултации со претставниците и на парламентарните и на вонпарламентарните партии. Помалите партии бараа изборите да се одржат што е можно подоцна, додека ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов бараше тие да бидат на 28 март и го обвинија Радев дека сака да манипулира.
Радев побара од сите институции да се однесуваат одговорно и да ги преземат соодветните мерки за безбедно гласање во време на пандемија, а од парламентот да ги донесе неопходните законски измени за може да се гласа по пошта и броењето на гласовите да се следи онлајн.
Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија: „Ако има промена во владејачката коалиција во Бугарија. Во изјавата на бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за решение може да се зборува дури на средината на годината.
– Мислам дека не е во интерес на Северна Македонија да го истурка ова прашање, бидејќи од тоа ништо не може да се добие“. И обратно, ако постои вистинска желба да се работи на прашања како што е Коридорот 8, тоа може да се работи без оглед на изборите во Бугарија, а таквите работи можат да ги намалат тензиите бидејќи тоа се конкретни проекти од кои двете страни ќе имаат корист, вели Чернева.
Настрана од спорот, таа не е оптимист ни околу проширувањето оваа година и ако ја нема пречката од Бугарија.
– Мислам дека ќе биде многу тешко да се напредува. Концептот за проширување ќе се разгледува политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во пракса е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира земјите кандидати. Пристапот – ги лажеме дека ги сакаме, не лажат дека веруваат -повеќе не функционира, смета таа. Таа се согласува дека Бугарија само ја заврши валканата работа и дека зад неа молчат други земји на кои им одговара овој развој на настаните.
Кои ќе бидат резултатите од последователното ново забавување на европската интеграција? Мислењата се движат од „без драма“ до апокалиптични сценарија за „дестабилизација на регионот“ изнесени од познати и искусни аналитичари од Германија и Австрија. За Весела Чернева одговорот е на друго место – раководењето во балканските земји ќе се влоши.
– Владите во нив претпочитаат да седат во сопственото опкружување на корупција и непотизам и немаат причина да спроведуваат реформи кога нема доверба во преговарачкиот процес. Лошото управување значи неколку работи. Национализмот цвета многу лесно и не сме загрижени за тоа што можеме да изградиме, туку како да најдеме надворешен непријател. Во меѓувреме, младите го напуштаат регионот затоа што не гледаат никакви изгледи за себе и за своите деца во него.„Ова, за возврат, произведува уште полошо управување затоа што нема критична маса во општеството. Тоа е опасна спирала во која не сум сигурна дали ќе има војни, но сигурно ќе има стагнација и продлабочување на демографската криза., вели таа. Ова според неа е последното нешто што и треба на Европа.
Таа дава оценка и за опасноста од вметнувањето на прашањето за историјата во процесот на проширувањето, особено откако Виктор Орбан секоја година предизвикува некакви непријатности не само за Букурешт со комеморацијата на „националната траума“ – Договорот од Тријанон, со кој Унгарија загуби голем дел од својата територија.
– Орбан со свечената жалост за Договорот од Тријанон е опасен – замислете ако и Австрија почне да се жали за загубата на Австро-Унгарија. Модерната европска историја започнува токму со фактот дека Франција и Германија се согласија да ги запрат своите вековни контроверзии околу Алзас. и Лорен и започнат да градат заедничка иднина. Не можам да мислам на земја без контроверзни историски победи или загуби. Ако историскиот реванш се одржи преку ЕУ, таа ќе се распадне, вели Чернева, па додава:
– Се надевам дека Бугарија ќе ги запре овие обиди, бидејќи ова дополнително ќе ја изолира и ќе си направи да и е потешко. Видовме дека не само Чешката Република, Словачка и Германија, туку и сите 26, јасно ставија до знаење дека не го прифаќаат бугарскиот аргумент. Дури и соседите како Грција и Романија, на кои теоретски треба да може да се потпре Бугарија, не покажаа соседска солидарност, оцени
Каква е политичката сцена во Бугарија и односот по ова прашање?
Да почнњме од тоа дека опозиционерот Трифонов неодамна излезе со предлог кон Македонците кои подоцна ги нарече, северномакедонци. Неговиот предлог е Македонија да ги признае историските бугарски корени, а тие да ја признаат сегашноста – македонскиот јазик и нацијата. Ова е најдобриот предлог кој може да го добијат наведе рече Трифунов, кој нагласи дека ако земјава не се соочи со историските бугарски корени ќе постои надвор од Европската унија.
Според Марко Трошановски од Институтот за демократија во секој случај треба да се почека да завршат изборите, оти како што вели, предизборниот период е секогаш проблематичен за барање решенија.
Исходот од изборите е непредвидлив, вели тој, додавајќи дека непредвливоста се однесува на тоа кои ќе бидат коалиционите партнери најверојтно на ГЕРБ, според досегашните испитувања на јавното мислење.
„Ако влезе Слави Трифонов во владата, кој иако е трета сила не се знае дали ќе биде дел од владејачкото мнозинство мислам дека тогаш исти ќе бидат констелациите како пред изборите, односно какви што се сега со Каракачанов и мислам дека тоа значително ќе ја отежни шансата да најдеме заедничко решение“, вели Трошановски.
Инаку, четвртата партија според испитувањата на јавното мислење, ДПС не ја поддржува позицијата на бугарската влада. Според нив Бугарија не требаше да го блокира почетокот на преговорите на земјава со ЕУ, Договорот за пријателство од 2017 година не треба да се изедначува со Договорот од Песпа, а решението на проблемот е во подготовка на патоказ со кој би се решиле спорните прашања меѓу двете држави.
Петата партија според испитувањето на јавното мислење, Демократска Бугарија има поумерен став. Од таму сметаат дека не треба да се потценува прашањето за минатото, но дека во позицијата на власта има проблеми поради тоа што постои голем ризик поради бугарската позиција да се затвори прозорецот за евроинтеграциите на Македонија и Балканот на долг рок и со тоа, сметаат од таму, би се дало огромен историски бонус на оние сили кои иднината ја замислуваат во орбитата на Белград, Москва и Пекинг.
Шестата партија Исправи се.бг пак сметаат дека позицијата на бугарската влада е оправдана и принциеплна.