Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДАЛИ ОБРАЗОВАНИЕТО Е ВО ОПАСНОСТ ИЛИ ОДИ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА?

March 2, 2021 Filed Under: Колумни

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

САНДРА ГРУЈЕВСКА

Сигурно ќе се запрашаме дали требаше мерката за успех или неуспех во образованието да ни ги тестира антителата од Ковид 19? Пандемијата, секако, не освести да провериме дали нашиот образовен систем е имун и дали знае како сам да се одбрани

Образовните системи ширум светот отсекогаш биле причина за анализи, дискусии, реформи, конфликти, потсмев, страв, неизвесност…

И секоја година, образовните системи во многу земји се нарушени поради природните опасности поврзани со климатските промени, вооружените конфликти, политички пропаганди или, во најлош случај, епидемии.

И кога ни се случи пандемијата Ковид 19, бевме, и мислам дека се уште сме, во еден грч што и како ќе го движи едукативниот процес во едни вакви услови.

И сите сме изненадени како гром од ведро небо… се уште, за жал.

Е сега, сигурно ќе се запрашаме дали требаше мерката за успех или неуспех во образованието да ни ги тестира антителата од Ковид 19? Пандемијата, секако, не освести да провериме дали нашиот образовен систем е имун и дали знае како сам да се одбрани. Сепак, дијагнозите кои секојдневно ги добиваме, не присилија сите да утврдиме дека образовното тело треба многу повеќе да работи на својот одбранбен систем и ќе му треба подолго време да се излекува од подмолната болест чии коморбидитети некако, со децении, сите ги прикривавме.

Јас бев, сум и ќе бидам поборник за технологија во училницата, искомбинирана со креативноста и слободата на наставникот. Сметам дека игнорирањето на образовните можности што ни ги овозможи технологијата ги става децата во неповолна положба и затоа не требаше да ја игнорираме или да и се спротивставуваме. Многумина ќе кажат, културата на живеење пред компјутерскиот екран во целина ги отежнува работните места (на наставниците). А, дали го избравме вистинскиот пат да си го олесниме работното место преку технологијата, и не ја искористивме како сојузник. Еве, пандемијата ни покажа и не научи дека се се може, па се надевам следната лекција ќе ја научиме по полесниот пат. Но ако постојано се спротивставуваме на промените и ако целосно ни ослабне активноста на образовниот систем и опадне неговиот имунитет, тогаш за жал тој ќе има влијание и на целото наше општество. Неопходен е еден образовен систем кој во иднина ќе биде имун на сите фактори кои би можеле негативно да влијаат. Е па тогаш, ајде да го вакцинираме образовниот систем, па да биде подложен на имунитет!

А ние како наставници, да се потсетиме зошто сме наставници, да застанеме малку и да си направиме еден рестарт. На децата сега им требаме на поинаков начин, да покажеме што значи емпатија и трпеливост.  Сега е потребен наставник кој ќе им помогне да се почувствуваат сигурни, во време кога се на несигурен простор над кој прелетуваат секакви опасности.  Можеби, оваа прилика ќе ја искористиме да ги преструктуираме образовните дејности во правец на создавање на критичко расудувачки субјекти и мислечки суштества кои ќе развиваат хуманистички вредносни системи, а со тоа и поправедни светови?

А во 21 век, и време на глобализација, кога светот се менува вртоглаво, можеби е подобро да ги следиме потребите на децата малку повнимателно, бидејќи ако тие се движат напред а ние стоиме во место, тогаш сигурно сме на патот на неуспехот.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Колумни

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet