Идејата за правење на регистер на портали „кои се чесни“ е тешка за правење во длабоко поделено општество. Впрочем, зошто по автоматизам се добри телевизиите, радијата и печатените медиуми? Дали ако во ивдокругот не ни се другите, исто така влијателни мејнстрим медиуми сме ја промашиле – метата?!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Идејата за правење регистар и регулација на веб-порталите повторно ги подели ставовите на новинарските здруженија и синдикати со оние на власта. Иако согласни дека справувањето со лажните вести мора да биде приоритет, петочната дискусија помеѓу новинарите и министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски, по повеќе од два часа, заврши без конкретни решенија.
Да се потсетиме дека Владата уште пред два месеци го претстави Aкцискиот план, замислен како иницијатива за борба против ширење на лажните вести и дезинформациите во медиумите и социјалните мрежи. Со спроведување на Планот требаше да се спречи нивното влијание врз демократските процеси и довербата на граѓаните во институциите и медиумите. Со Планот се најавија часови по медиумска писменост во училиштата, безбедносни мерки и протоколи со цел – намалување на проток на информации, како и формирање на Акциска група за борба против дезинформациите.
Кога ги прашувате новинарите, ним било какво споменување на државата им е мрско. За новинарските здруженија и синдикати, единствено прифатливо решение е саморегулацијата. За нив тоа е „мантра“ – само така, велат тие, медиумите би воделе одговорност за информациите кои ги споделуваат.
„Лиценци и слични мерки кои би давале дозволи на медиуми да објавуваат вести не ни паѓаат на памет“, изјави Катерина Синадиновска, претседателка на Советот за етика во медиумите во Македонија. „Особено во слаби демократии како нашата, не можеш некому да му забраниш да пишува вести“, надополни таа.
„Било кои порепресивни мерки и надворешна законска регулација не успеваат во овој океан од информации“, се надоврза Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија. „Саморегулација е единственото решение“, посочи тој.
Видливо е дека за оние кои учствуваат во ваквите дискусии практично само веб-порталите, според мнозинството новинари, присутни на дискусијата, сè уште остануваат најсериозен проблем и јадро на ширење лажни вести. Затоа и следува заклучокот за правење на регистер на портали „кои се чесни“, односно како што се нарекува „бела листа“ од страна на Советот за етика во медиумите во Македонија. Претседателката Синадиновска потенцира дека тие не би правеле „црна листа“. Но, ако се’ во земјата, па и кај новинарството, имаме најмалку двојни тела – две здруженија на новинарите, два синдикати (организаторот на средбата и оној „класичниот“ во ССМ) … има навистина само еден Совет за етика, ама не треба да се сомневаме дека тој, новоформираниот Совет лесно може да се формира и тој да формира „бела листа“, па сите напори да паднат во вода.
Едноставно, новинарските дружби не смеат да не водат сметка за тоа дека ние сме длабоко поделено општество. Денес е тешко да се организира и свадба или друга семејна свеченост а да не се решава ребус – масите се делат како да се пополнува пазл, бидејќи овој не зборува со оној и се така, а поделбата е пред се идеолошка или поточна партиска. Луѓето меѓу себе не комуницираат заради тоа шпто гласаат за една од двете опции а камо ли да ја нема таа „демаркациона линија“ во областа на медиумите. Би рекле – таму посебно. И не само во порталите, иако е точно дека многу од дезинформациите и спимновите просто прво се пуштаат кај нив а потоа ѓоа се пренсуваат од „изворот“. Но просто да се напрви една анализа со што се полнат да речеме т.н. дебатни емисии по главните телевизии – нив ги има и претпладне и попладне и се заммислени како некаков Хајд парк, ама во нив нема оникаква регулација, дури напротив, како успешен видител се смета оној кој допушпта најобилна кавга и плукање по јавни личности или партии. Се додека продуцентите трлаат раце зад сцената не може да се смета дека „продавањето“ на најскапата минутажа во земјава на коментатори со „брзи телефони“ не е помалку штетна по демократскиот амбиент од пишувањата на веб порталите!? Уште повеќе што се работи за грст лица кои од првите петли се до првите вечерни вести, кога овие изјави на градското гумно се исфрлаат од програмата прсто си читаат нашпиушани текстови вои партиски штабови.
За телевизиите може многу да се коментира, ама концетрацијата за борбата за слобода на медиумите и мислењето и битката со нивниот антипод се концетрира кон веб порталите просто е промашена метата.
Во нешто новинарите сепак се сложија. „Интернетот мора да остане слободен простор. Не можеме да го спречиме нивното работење, ниту пак да го забраниме присутвото на новинари од веб-портали на прес-конфренции“, заклучија од ЗНМ.
Сепак, според дел од присутните, саморегуларијата е нестабилна опција, поради недоволната амбиција и способност на дел од новинарите, таа не гарантира подобрување на ситуацијата, а медиумското описменување на граѓаните нема да донесе промени веднаш.
Министерот Поповски изјави дека од Владата нема да прават ништо што нема да дојде на предлог од новинарските здруженија, организации и од новинарите, но додаде дека е потребно побрзо да се уредат проблемите во медиумската сфера.
„Мене ми е драго што сте во фаза на изработка на регистарот на онлајн медиуми. Но, верувајте, ми се чини дека тоа трае предолго. Проблемот кој се јавува во сферата на социјалните комуникации е огромен. Владата, која ја претставувам никогаш нема да прави чекори кои ќе предизвикаат револт или проблем. Но сакаме брзи решенија. Но ние нема да правиме ништо, доколку тоа не дојде како предлог од организациите, здруженијата и од еснафот, кој точно знае да препознае кој навистина заслужува да се бави со оваа професија“.
„Владата има обврска да ја почитува слободата на говорот и изразување. Еден од фундаментите, столбовите на оваа Влада е токму тоа, целосна недвосмислена поддршка на слободата на говорот и на слободата на изразување. Тоа значи целосна поддршка на слободата на новинарската професија и почит на професионалните стандарди. Токму затоа постојано велиме дека саморегулацијата ја има нашата целосна поддршка и секогаш ќе стоиме зад она што еснафот, професијата, смета дека е најдобро како решение за било кое од овие прашања. Меѓутоа, исто така Владата има обврска да ги штити правата и интересите на граѓаните“, истакна Поповски.
Поповски ја истакна важноста на изнаоѓање заедничко решение за борбата со лажните вести, нарекувајќи ги новото оружје за масовно уништување. Зборувајќи за концептот Отворена Влада, транспарентноста на институциите, медиумската писменост и Предлог планот за одлучна акција против ширење дезинформации и напади врз демократијата, Поповски најави серија на средби и јавни дебати за креирање на проактивни мерки за борба со ова современо зло.
„Граѓаните, сите ние во оваа земја се наоѓаме под една изразена агресија на неточни, лажни вести, дезинформации, полуинформации, шпекулации коишто се креираат, се создаваат од овде од дома, но доаѓаат и од надвор. Јас отворено кажувам и дури некогаш оваа состојба ја дефинирам како специјална војна која што и се случува на државата. Не сме единствени, многу земји и во Европа и секаде го доживуваат ова, но ние имаме обврска да си ги гледаме нашите состојби и да се обидеме да најдеме одговор, решение на појавата што ја загрозува секоја индивидуа во општеството“, рече Поповски. „Граѓаните, сите ние во оваа земја се наоѓаме под една изразена агресија на неточни, лажни вести, дезинформации, полуинформации, шпекулации коишто се креираат, се создаваат од овде од дома, но доаѓаат и од надвор. Јас отворено кажувам и дури некогаш оваа состојба ја дефинирам како специјална војна која што и се случува на државата. Не сме единствени, многу земји и во Европа и секаде го доживуваат ова, но ние имаме обврска да си ги гледаме нашите состојби и да се обидеме да најдеме одговор, решение на појавата. „Владата кажува дека ќе ги почитува стандардите на новинарската професија. Стандардите на новинарската професија ги дефинирате вие, а не Владата. Како што ќе ги дефинирате, така ќе ги почитуваме“, нагласи тој.
Но повеќе дискусии имаше по завршувањето на официјалниот дел од дебатата, што ја отсликува поделбата на миалењата по темата. На дебатата, мора да се повтори, недостасуваше присуството на главните уредници и сопствениците на медиумите. Нема белким да не се согласиме дека оние кои ја кројат програмата се токму и тие, дури и кај порталите ,будејќи според некои неофицијални анкети најгледани се порталите врзани за официјални тв куќи и печатени медиуми!